logo
Search
Close this search box.

,,Продавачот,, Целе и посредникот Динкиќ

Како Целе за Џ ги ,,продава,, Орце, Сашо и Ненад, за да се спаси себе?

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Веќе пишував, па ги знаете деталите од акцијата на Цветан Панделевски сопственик на ,,ПЕЛИСТЕРКА,, на дел од ,,ЗИК ПЕЛАГОНИЈА,, и на удел во ,,Стопанска банка Битола,,, за да си купи слобода и да задржи дел од овие имоти, а за возврат на послужавник ја нуди главата на Орце Камчев, ама индиректно и на Сашо Мијалков и на Ненад Јосифовиќ…

Прескапа испаѓа цената на слободата и идниот комотен живот на Панделевски, оти во игра е и кожата на обвинителките Лила Стефанова ама и на Вилма Рускоска, а индиректно скапа цена треба да плати и менторот на Стефанова и сватот на Заеви, Ванчо Чифлиганец…

Работите стојат вака: Зоран Заев има ветено дека на ,,Орце Камчев ќе му го ебе мамичето!,,. Последните три месеци тоа го спроведува во дело, преку нарачана ПРАЗНА СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА од АНБ врз основа на која Камчев е притворен во Шутка по предлог на корумпираната проститутка/обвинителка од Радовиш, во договор со Вилма Рускоска која глуми нејзина шефица.

Пред да биде притворен Камчев отпочна поделбата на заедничкиот имот помеѓу него и Панделевски, за секој да си го фати својот пат во животот. Претходно, Камчев расчисти и со Сашо Мијалков, така да ударната тројка осомничена во предметот ,,Империја,, не сакаат очи да си видат меѓу себе, а сам на страна остана нивниот КОНСИЛЈЕРЕ, Ненад Јосифовиќ.

Според плановите на Камчев и Панделевски, делбениот биланс помеѓу нив двајца требаше да заврши до крајот на месец април, ама преговорите и договорите беа прекинати поради притворањето на Орце Камчев. Претходно, Камчев дознал дека неговата глава е понудена од страна на Цветан Панделевски на маса кај Племенскиот сојуз во Муртино, кај Заеви. Панделевски преку посредник од Битола им понудил на Заеви да го задржи својот удел во ЗИК ПЕЛАГОНИЈА, а све што е имот на Камчеви да биде превземено од Заеви, со услов Панделевски во ,,Империја,, да помине со условна осуда или дури со ослободување од обвинение, во замена за статус на сведок соработник…

Проблем е што во меѓувреме, поточно пред да се случуваат овие договори, преговори, наддавања, продавања, понуди и предавства, Вилма Рускоска на забелешка од Зоран Заев дека премногу бавно се турка предметот ,,Империја,, објаснила дека ЈО за ГОКК наводно нема пари да го плати вештачењето, па Заев преку министерот за правда Бојан Маричиќ експресно трансферирал од Буџет 160.000 евра за да се плати вештачењето. Така најдиректно незаконски се замешал, поточно извршил влијание врз правосудната власт, иако со рачето на срцето се колнеше дека никако не се меша таму. Овој трансфер од 160.000 евра за вештачењето е најдиректен доказ дека Заев го нарачал вештачењето за ,,Империја,,, кое не смее да биде поинаку од задоволително за него, како за нарачател кој платил!

Додека е Камчев во притвор, се брза и Стопанска банка Битола да биде продадена, во што е вклучена гувернерката Анита Бежоска. Изработен е проспект за цената на банката, за пакетот кој може да биде спакуван така да идниот купувач да биде задоволен, а главни во таа игра се пак Заеви со финансиското друштво ,,ПЕОН,, од Струмица. Сакаат дома и банка да си имаат!

Инаку, пред месец дена во Скопје престојувал и екс српскиот министер за финансии и екс гувернер Млаѓан Динкиќ, имал средба со Зоран Заев, Од српскиот посредник Заев добил информација дека за Стопанска банка Битола и за ЗИК ПЕЛАГОНИЈА има интерес на купувачи од една скандинавска земја и интерес на шеици од Обединетите Арапски Емирати. Зоран Заев го запознал Динкиќ со нивниот интерес банката да ја купат преку ,,ПЕОН,,, а ЗИК ПЕЛАГОНИЈА може да биде продадена на било кој интересент ама Орце Камчев да не добие ниту евроцент од таа продажба…

Пред средбата на Заев со Динкиќ, премиерот имал средба со Панделевски во Струмица и бил брифиран од него како е нејбезболно да се заврши се, а на штета на Орце Камчев и со негов личен спас во пакет. После средбата на Зоран Заев со Млаѓан Динкиќ во Владата, српскиот посредник имал средба и со Цветан Панделевски кој детално му ги образложил новонастанатите околности и го предупредил со кого треба да игра а со кого да не игра во овој момент, ако сака да заработи.

Го советувал да се сконцентирра на продажба на ЗИК ПЕЛАГОНИЈА, а банката да не ја чепка, оти Заеви си ја подготвуваат за себе! Логично е дека тука своја расипана улога мора да одигра и Вилма Рускоска и на дело да покаже дека со пластичниот нос правен своевремено во ,,СИСТИНА,, не намирисува ниту една измама од сите овие кои и се случуваат буквално пред тој пластичен нос!

Освен Вилма, овде ноторна будала треба да испадне и Сашо Мијалков, да остане цементиран во притвор, да си ќути додека му товарат нови затворски казни и да не реагира. Ноторна будала треба испадне и Орце Камчев кому му е спремено брзо летно судење за ,,перење пари,, од 16 јули натаму, што во време на судски ферии е возможно оти предметот му е притворски, а ноторна будала треба да испадне и Ненад Јосифовиќ кој треба пак цело време да молчи и да чека ден за пресуда со повеќегодишна затворска казна за ,,Империја,, и заедно со сите други набројани ноторни будали да дочека ден да гледа една нереална слика:

Цветан Панделевски ослободен, со задржан имот во посед, со кубанска пура у уста, насмеан и оптегнат на некоја егзотична плажа на Малдиви, на пример…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.