logo
Search
Close this search box.

РМ е слаб гарант за вашиот имот

Во претходниот текст на оваа тема, а и во неколку претходни од почетокот на годината, објаснив како локална струмичка организирана криминална група ограбува девизен пензионер (денес покоен!) и како успева со помош на силата на законите во РМ да се одбрани од истрага, пресуда и затворска казна, ама и да ги одбрани украдените пари. Случајот на Пављо Филчев, брутално ограбен од оваа локална криминална група е во своето правно финале. Неговите наследници, зетот Бранко и ќерката Савета Петрови се упорни да се изборат за наследеното…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

По овој линк го имате достапно претходното продолжение од описот на случувањата во Струмица, наназад години. Опишано е како покојниот Пављо Филчев бил измамен и ограбен од група локални измамници поврзани со судии, обвинители, адвокати, нотари и извршители:

https://burevesnik.news/index.php/ekskluzivno/376-strumichka-frenki-mafija

Следно е судењето по тужба против РМ, поднесена од наследниците на покојниот Филчев, ќерката Савета и зетот Бранко. Република Македонија ги штити, брани и им дава сила и моќ на ограбувачите на наследството на покојниот Пављо Филчев. Вооружени се со моќ од РМ како судии, обвинители, извршители, адвокати и теренски извршители.

Судот по тужбата на Петрови веќе одржа рочиште, следните денови треба да биде соопштена пресуда. ,,Френки,, мафијата во текот на ,,покривањето,, на измамата која била изведена за да му бидат извлечени многу пари на Филчев, сторила стек од тешки кривични дела. Недвижниот имот кој бил предмет на хипотека е ОТУЃЕН пред хипотеката да биде избришана од Интабулационата книга, односно пред донесувањето на Решението Р. бр. 210/06 од 27. 03. 2006 година, на Основен суд Струмица, од судијата Ристо Хаџи Еленов. Ако се анализираат добро Уверенијата за движења на сопственост издадени од Агенција за Катастар на РМ, Одделение за катастар на недвижности Струмица, јасно се гледа дека дека катастарските парцели означени со броевите: К. П. бр. 4517; К.П. бр. 4516/1; К.П. бр. 4518; К.П. бр. 4661; К.П. бр. 631 сите за КО Куклиш, се оттуѓени со Договор за купопродажба ОДУ. бр.22/06 од 23. 03. 2006 година заверен кај Нотар Аница Маџункова во Струмица, на начин што како продавач на парцелите се јавува Васе Попов а како купувач Слободан Гоцевски!

Овие парцели биле предмет на фамозната хипотека која е воспоставена согласно првичниот Договор за заем од 20. 10. 1994 година склучен помеѓу лицето Васе Попов и Пављо Филчев. Видно од решението за запирање на постапката за присилно извршување и Решението за бришење на хипотеката и ДВЕТЕ РЕШЕНИЈА се донесени после преносот на сопственоста!!! Прашањето е како бил извршен преносот на сопственоста?

1)Можно е да постои спрега помеѓу продавачот, купувачот и Нотарот на начин што Нотарот ,,заборавил,, да обезбеди доказ (нешто кое било облигаторно) дали недвижниот имот кој е предмет на продажба има товар (залог, хипотека и слично). Согласно тогаш важечките прописи при вршење на купопродажба Нотарот морал да обезбеди потврда од судот (потврда од интабулациони книги, кои тогаш ги водел судот) дека недвижниот имот кој е предмет на продажба нема никаков товар и таа потврда да ја приклучи кон списите? Ова е една можна комбинација.

2) Втората комбинација (која е поверојатна) е таа дека купувачот обезбедил лажна потврда од судот дека имотот кој се продава не е оптоварен со хипотека и како таква ја приложил пред нотарот!

3)Трета комбинација,Нотарот можеби побарал со писмен допис од судот потврда за тоа дали недвижниот имот бил под хипотека, но од таму не добил никаков одговор и после протекот на одредено време.

Во сите три комбинации (било која да е веројатна) Васе Попов морал да даде изјава или во договорот да го вметне како одредба тоа дека гаранатира дека недвижниот имот кој се продава нема ставрни или правни товари! Треба предвид да се има и следново: Во денешни услови кога се склучува Договор за купопродажба на недвижен имот Нотарот директно во моментот на склучување на договор обезбедува Имотен лист од Катастар и во самиот имотен лист евидентирано е тоа дали има или нема хипотека имотот кој се пренесува што не било случај и во 2006 год. (кога е извршено првичното впишување) бидејќи на тогашните имотни листови не се евидентирал товар туку тоа (потврдата за хипотека) се обезбедувало дополнително со потврда од т. н. Интабулациони книги кои ги водел судот. Од таму кривично одговорен е судијата Ристо Хаџи Eленов.

Исто така посебно е важно и ова: Васе Попов со договорите од 2006 год. парцелите ги пренел на извесен Слободан Гоцевски од Струмица. Дополнително, после неколку години (2011 година) Слободан Гоцевски имотот го пренел на Ване Попов (син на Васе Попов). Овие околности укажуваат дека имало манипулација во случајов, со крајна цел Пављо Филчев да биде измамен и да остане без своите пари, а наследниците Петрови без своето наследство.

Во прилог е доказна документација која ова погоре напишано јасно го потврдува. Се очекува пресуда по тужба против РМ од страна на наследниците, поднесена заради евидентната вмешаност на носители на јавни функции кои знаеле, биле свесни, а не спречиле криминал…

А вие што ова го читате, проверете си дали вашите пари се во вашата банка и дали вашите имоти се на ваше име. Република Македонија не е некој силен гарант, поединци ја злоупотребуваат секогаш кога ќе им се укаже прилика. Поединци како судијата Хаџи Еленов…

[widgetkit id=36]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.