logo
Search
Close this search box.

Русите сепак ни доаѓаат преку Грција!

Пишува: Зоран Божиновски

Уште од првата Влада на СДСМ во 1996 година, предводена од Бранко Црвенковски, Грците бараат партнер/велепредавник кој за големи пари ќе им го (про)даде Чебрен и Галиште. Понудата која во тоа време е дадена до Црвенковски, без размислување била одбиена.

После 23 години, во 2019 година, Грците пронашле велепредавници/трговци со македонските национални интереси во Кочо Анѓушев, Зоран Заев и Васко Ковачевски, како и во актуелниот премиер Димитар Ковачевски кој треба да стави финален потпис деновиве или на почетокот на 2024 година и на Грците да им ги предаде Чебрен, Галиште, ама и Тиквеш. Со ова велепредавство, Македонија може да се прости од секаква контрола над својата територија и над своите енергетски капацитети.

Не е во прашање само велепредавство со кое Грците добиваат прилика следните 60 години енергетски да ја контролираат нашата земја, туку во ова велепредавство се крие и друго, поголемо! По потпишувањето на договорот со Грците за Чебрен, Галиште и Тиквеш, следува и криминална ,,инвестиција,, во изградба на нова гасна централа во Скопје и трансформација на ТЕЦ Неготино во централа која во иднина ќе работи на гас. Оваа криминална инвестиција е договорена од Кочо Анѓушев со сопствениците на грчката компанија ,,КОПЕЛУЗОС ГРУПА,,. Во оваа грчка компанија 50% сопственост има ГАСПРОМ од Русија…

Криминалот во овие две велепредавства на Заев, Д. Ковачевски, Анѓушев и В. Ковачевски, правно го средува БРАТУЧЕД на Анѓушев, инаку адвокатот Никола Лазаров. Повеќе од година дена Лазаров е населен во Гевгелија, за да биде близу до Солун, како овластен од Димитар Ковачевски да се среќава со Грците кои влегуваат во Чебрен, Галиште и Тиквеш – PUBLIC POWER CORPORATION S.A. & ARCHIRODON GROUP N.V. Greece. Адвокатот Лазаров, братучед на Анѓушев е овластен претставник на Владата на Димитар Ковачевски и со ППС АРХИРОДОН и со КОПЕЛУЗОС ГАСПРОМ, што е криминал без преседан во историјата на самостојна Македонија.

Згора на ова, велепредавниците Заев, Ковачевски и Анѓушев, во пакетот за Чебрен, Галиште и Тиквеш, се обврзуваат на ППС АРХИРОДОН од Грција да им завршат експропријација на земјиштето на целиот тој простор, па да им изградат пристапен пат во сосема непристапно подрачје, да им изградат нова 400 киловолтна трафостаница и како цреша на торта да им овозможат влез во АД ,,МЕПСО,, во обем од 30%. Оваа наша инвестиција ќе не чини уште стотина милиони евра, за да им се овозможи на Грците да ни дојдат, енергетски да не јавнат следните 60 години!

Чекам реакција на САД во делот на влез на Русите од Гаспром како 50% партнери во  КОПЕЛУЗОС ГРУПА…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.