Руски NetCracker, македонски криминал

И Русите се вгнездени во ТЕЛЕКОМ! Си нашле начин како да влезат длабоко во системот на компанијата и како да ја контролираат дата базата и податоците на граѓаните на Македонија, корисници на услугите на ТЕЛЕКОМ…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Во 2010 година е составена екипа од стручни луѓе во Телеком за да се разгледа идејата да се воведе апликација која би ги споила сите апликации во една, за да се поедностави работата. Тимот од инжењери почнал да работи макотрпно на функционалните барања за идната апликација. После напорна работа изготвени се барањата за новата апликација. Во меѓувреме бил распишан тендер за изработувач на апликацијата, на чело со Проект менаџерот Маја Димиќ и нејзината директорка Лилјана Најденова. Избрана е американската фирма NetCracker, по што е наречена и апликацијата. Малку било чудно што за ваков софтвер се распишува тендер, бидејќи ТЕЛЕКОМ имал стручни ресурси тоа да биде изведено во рамки на компанијата. Од почетокот, откако почнале да работат Американците, дошле менаџери за работа со тимовите.Тие го работеле NetCracker скоро година дена. Сите менаџери биле Руси! Откако ја снимиле темелно целокупната работа си заминале, работата не била завршена.

Од непознати причини голем дел од луѓето во тимот биле одстранети. Па биле ставени нови луѓе по директива на Маја Димиќ, Лилјана Најденова, Томчо Георгиев, Лазар Динов и Дарко Едровски. Почнале да доаѓаат нови луѓе од NetCracker, дошло до вистинска инвазија од Руси во ТЕЛЕКОМ. Главната работа почнале да ја раководат: Маја Димиќ, Сашко Стојковски, Зоран Мурџев, Николче Тасевски и Елизабета Манева. Од непознати причини биле определени три екипи по ново, секоја работела посебно, без координација меѓу нив што било нонсенс. Проектот NetCracker чинел 12. 000. 000 евра, а за секоја услуга дополнително биле трошени дополнителни пари. Проектот бил одолговлекуван до крај на 2016 година, кога дошол критичен момент за исплата. Со тој момент дошол и момент на соочување со сработеното т. е. било логично ако има исплата дека проектот успешно е завршен.

Всушност проектот бил заглавен поради неспособност на домашните раководители и некоординацијата со Русите кои дошле во ТЕЛЕКОМ од сосема други причини а не да спроведуваат NetCracker проект. Веќе погоре напомнав дека оние стручни кадри во ТЕЛЕКОМ кои имале капацитет да спроведат во дело ваков проект, БИЛЕ ОДСТРАНЕТИ, па Маја Димиќ, Лилјана Најденова, Томчо Георгиев, Лазар Динов и Дарко Едровски едноставно проектот го прогласиле за завршен и успешно спроведен, испотпишале дека сѐ е успешно, па за себе наплатиле награда помеѓу 5.000 и 10.000 евра како награден бонус. Зошто да не, кога плаќаат граѓаните на РМ и сопствениците од Германија!?

Инаку, од NetCracker проектот ништо не било сработено, само е пресликана една постоечка апликација од ТЕЛЕКОМ NetCracker базата, потрошени се 12 милиони евра и толку. Приближно била отпочната и останала незавршена 1/3 од работата на проектот, а потпишани се како успешни оваа третина и другите 2/3. Добиен е усложнет и инертен систем, а на почеток планот бил да биде поедноставено работењето. Про форма NetCracker проектот е спроведен од Американците, а дошле Руси кои ја преснимиле целата дата база на корисници на ТЕЛЕКОМ и системот денес го контролираат од далечина. За време на нивното ,,работење,, на NetCracker проектот, Русите биле потполно самостојни во работата врз целиот систем на ТЕЛЕКОМ, имале непречен и слободен влез секаде во компанијата. Се подразбира дека имале пристап и до системот за прислушување, подоцна трансфериран од Жарко Луковски кон неговата фирма ЕКСИКО. Криминалното спроведување на NetCracker проектот се одвивало со дозвола и поддршка од Жарко Луковски и Мирослав Јовановиќ…

НАПОМЕНА: во прилог на овој текст ви давам преглед на 105 страници од доверливи фајлови од базата на Андреас Елзнер, главен извршен директор. Таа база ја наследил од неговите претходници. Дополнително ќе објавам фајл со 5.500 страници, во кој се прикажани трошоците за базните станици на Телеком низ цела РМ и трошоци за NetCracker за потребите на АЕК. Тој фајл со најава ќе биде поставен и достапен на ФБ групата Буревесник.

[widgetkit id=35]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.