Сашко го јавна Букефал

Она што денес не го знаете, а треба да го знаете, е на кои се начини Фамилијата Груевски & Мијалков ја донесоа Македонија до дереџе за да биде „освајач„ на титулата Светски шампион во МИЗЕРИЈА. Најнова вест е дека во бегство е нивниот пулен Игор Илиевски, екс државен секретар, екс амбасадор на РМ во Словенија и од неодамна екс амбасадор во Чешка. Скандал мајсторот Илиевски само ја дополнува дипломатската криминална сага за Фамилијата и се реди во ист ред со екс колега му Перо Стојановски викан Бургија…

Ако Доста Димовска смисли и успеа да ја растури македонската (каква-таква) разузнавачка служба, а Никола Груевски, Трајко Славески и Зоран Ставревски се на најдобар пат да ја разнебитат македонската (каква-таква) економија, Антонио Милошоски и Сашо Мијалков сосема темелно ја разградуваат македонската (каква-таква) дипломатија. Прво неуспешно се обидоа да го забошотат и покријат скандалот на Перо Стојановски во Австралија и неговиот глупав обид на Лидија Думбалоска да и накалеми серија мошне тешки кривични дела. Случајот заврши несреќно по Милошоски и Мијалков. Осомничената Думбалоска веднаш беше пуштена од полициски притвор, за кратко време се врати на своето работно место, а по почнатиот процес против неа за да се утврди виновна е или не, Милошоски за да се испере од скандалот веднаш на австралискиот суд му испрати писмо со печат од МНР со кое го известува дека го ослободуваат од дипломатски имунитет и се согласуваат Перо Стојановски да биде главен сведок во процесот против Думбалоска.

Недолго потоа Милошоски си замина од МНР, а неговиот наследник не сакаше да си има работа со скандал мајсторот Стојановски, па го ослободија од натамошно извршување на амбасадорската должност, од „здравствени причини„! Епилог е дека веднаш потоа Перо Стојановски му ја здувна кон Татковината за да не сведочи, свесен дека ќе мора да лаже, а за лажно сведочење во Австралија, егземплари како Перо Бургија завршуваат во затвор. Извесно е дека процесот поради негово непојавување на суд во Австралија ќе заврши со ослободителна пресуда за Думбалоска, со симнување на забрана за објава на „инкриминирачката соддржина„ на неговиот лап топ, која се надевам еднаш ќе ја гледате и читате во Буревесник. Така ќе се уверите од каков калибар „љубавник„ бил Перо…

Игор Илиевски, до неодамна амбасадор во Чешка има слична судбина како и Стојановски, само што Прага ја има напуштено под многу подраматични околности споредувано со Стојановски и неговото бегство од Австралија. Јавноста во Македонија поим нема дека Илиевски по мајка му Магда носи потекло од Полска и дека има полски пасош. Пред извесно време од негов прес во Прага дознавме дека е силно загрижен татко кого наводно сопругата му го киднапирала детето (Шпанката Мариа Ферада Кастро, детето Џон Џејмс Илиевски!?). Но, деновиве дознавме од писмо срочено од него дека ја напуштил Чешка. Огромен дипломатски скандал е сознанието дека македонски дипломат од земја кандидат за ЕУ, која згора „чека датум„, колку до вчера бил амбасадор во земја членка на ЕУ и речиси преку ноќ се спакувал и се вдал во бегство во правец на Полска, со полски пасош стекнат како син на нивна државјанка. Скандал е и фактот дека пишал писмо и го пратил од чешко-полската граница откако ја преминал границата и стапил на страната на Полска.

Но сепак не е скандал, ами е сосема нормална работа и логичен след на околности ако бегството и исчезнувањето на Илиевски се разгледаат од сите аспекти. Прво, Македонија веќе шест години по ред назадува на патот кон ЕУ и НАТО, што е заслуга на Владата на Никола Груевски и криминалната политика која во МНР ја имплементираше и цементираше Антонио Милошоски. А тоа е политика на скандали, на криминал, на водење приватни бизниси по македонските амбасади и најбезобразно „покривање„ секогаш кога нешто ќе дојдеше до јавноста. Логично е ова однесување на Милошоски оти зад него стои Сашо Мијалков, по мене „приватен сопственик на РМ по службена должност„. Како Игор Илиевски е скандал мајстор и е од сличен калибар како и Милошоски, до нивни жесток конфликт доаѓа во момент кога Илиевски е државен секретар, па Милошоски по консултација со Мијалков, му се обраќа на Никола Груевски со поплака на потчинетиот државен секретар, со зборовите: „Или тој или јас!„. Па прават гнил компромис, Груевски го разрешува Илиевски од државен секретар, а Мијалков да го исчисти од Македонија го праќа „сургун„ во Словенија да му служи, ама и да биде амбасадор. Разбира се Георге Иванов потпишува и ништо не прашува по принцип „нарани кучета, не дирај копчета„…

Е сега, овде и на ова место, ве молам да подзастанете и да го следите линкот до два текста на колегата Љубомир Костовски, објавен во „Глобус магазин„, каде темелно е опишан начинот на амбасадорувањето на Игор Илиевски во Словенија и Чешка. Костовски пишува за АМБАСАДОРСКА ОКТА. Прочитајте ги двата текста внимателно, иако се објавени пред повеќе од две години, дури сега тежат и силно се актуелни затоа што во нив денес се склопија сите делови од криминалниот дипломатски мозаик. Еве ги двата линка:

www.globusmagazin.com.mk

www.globusmagazin.com.mk

Ако ги прочитавте текстовите од „Глобус магазин„, од сега па натаму сосема ви е јасно во каква беда и мизерија живее секој граѓанин на Македонија, кому едно му се сервира како дневна, среднорочна и долгорочна политика, а сосема друго се работи. Поточно бездушно се краде! И сето тоа во режија на Фамилијата на власт, која полека ја губи контролата над криминалните лостови околу нив и до вчера послушните извршители како Илиевски. Да не е така, денес разрешениот амбасадор во Чешка, Игор Илиевски нема да е емигрант со полски пасош, туку како и секогаш пред Нова година заедно со сите дипломати би дошол во Македонија да реферира за неговата служба во земјата каде извршувал дипломатска служба. Дури и да е разрешен како што е, требало да се врати и да се стави на располагање во МНР и да чека следен ангажман.

Арно ама, Илиевски е заглавен во десетина крупни скандали и вмешан во криминал, а поврзан е и со чешкото нарко подземје, со кое пак подобри конекции има Сашо Мијалков. Затоа Илиевски во настап на паника веднаш по прес конференцијата оддржана во врска со наводно киднапираниот син, му се обратил за помош токму на Мијалков. Овој пак уфилман ама и уплашен од сознанието дека Илиевски сепак премногу знае за него, Груевски и мајка му Нада, наместо да направи план за мирно извлекување и довлекување на Илиевски во Скопје, па дома да го „решава„ како умее и знае, му отишол на гости во Прага, се состанале во ресторанот на Илиевски „БУКЕФАЛ„ во Прага и по краткотрајна расправија, во стилот на шеф на мафија воспитно и јавно го шамарал Илиевски пред публика. Овој непримерен гест на директор на тајна полиција на земја кандидат за членство во ЕУ, бил забележан од најмалку две моќни служби на ЕУ, со кои Илиевски негува пријателски и соработнички врски од времето кога студирал и дипломирал и со чија помош денес и му успеало да избега од Чешка. Да нагласам дека студирал во Лондон! Бегството уследило откако Илиевски добил дојава од пријателите дека Мијалков организирал една „екипа„ да го киднапираат од Прага и да го донесат Илиевски во Скопје.

Епилогот од оваа мини драма по заминувањето на Мијалков за Скопје е отпочнување на подготовки од страна на Игор Илиевски да исчезне од Прага и од Чешка. Експресно се ослободил од угостителскиот бизнис и ресторанот „БУКЕФАЛ„ во Прага го продал на Албанци, а темелно го исчистил од пари и сефот во амбасадата. Извор од амбасадата ми тврди дека дури ги украл парите наменети за нивните плати, за кирија на амбасадата, а дури со себе ја однел и фотелјата во амбасадата во која седел. Толку му била мила. На неколкукратните повици од МНР да се појави во Скопје не се одзвал, ама напишал „проштално писмо„ и го адресирал до своите „поранешни колеги„ по излез од Чешка, на 20. 12. о. г. Еден од нив го скенирал обраќањето на Игор Илиевски до нив, го испрати до Буревесник и него во продолжение го презентирам. Не е нешто драматично срочено, сосема дипломатски е напишано, ама боде во очи неговата одлука да не се враќа во Македонија, цитирам: „поради непостоење услови за мое безбедно враќање во Македонија…„ Изворот од МНР кој го испрати писмото до Буревесник, тврди дека Илиевски не се враќа во Македонија од страв од Сашо Мијалков (не го именува со име и презиме, туку мојот извор тврди дека се работи токму за Мијалков). Сега прочитајте го писмото, за да ви стане појасно:

Е сега за да разберете со кого Мијалков си има работа и кој е Игор Илиевски, ќе ве подсетам дека е син на Миле Илиевски, познат по случајот „Осумтемина од МВР„. Таткото на Игор е починат, изврши самоубиство во 1992. година. Игор Илиевски е растен како дете на припадник на МВР, искусен разузнавач. И не е „случајно дете„. Само ја имал таа несреќа да се фати со лошо друштво: Мијалков, Груевски, Милошоски… По мајчина страна е Полјак, па затоа го искористил правото да се стекне со пасош од „Мајковината„. Сега кога му е густо полската патна исправа му е одлична алатка да се движи многу послободно отколку со македонска.

Високообразуван и доедуциран и специјализиран по Европа (Лондон!), Игор Илиевски е доста поинтелигентен и поснаодлив од неговите довчерашни, расипани другари. А поврзан со неколку балкански криминални екипи (едната е босанска!), за Мијалков, Груевски и Милошоски, Игор Илиевски претставува мошне непријатна надоаѓачка опасност. Вистинска темпирана бомба. Ова затоа што во моментите кога имале доверба во него му препуштиле пристап до нивните бизнис тајни во Прага, а да биде несреќата по Никола Груевски особено голема, Игор Илиевски бил домаќин на мајка му Нада Груевска во периодот кога со сомнително стекнат капитал купувала стан во Прага. Илиевски ја дочекал и ја испратил на и од аеродромот во Прага, упатен е во сите нејзини тајни ја има комплетната документација поврзана со купениот стан на мајка Нада, а детално е упатен и во испреплетеноста на фирмите на Сашо Мијалков во Чешка. Заради негова лична безбедност, Илиевски составил едно комплетно досие со сите докази за криминалот на Мијалков и Груевски во Прага и го депонирал кај свои доверливи луѓе за случај нешто лошо да му се случи. По заминувањето за Полска на свој пријател од Скопје му пишал дека конечно здивнал, дека слободно дише и дека при првиот обид на Мијалков да му наштети, ќе го распакува „пакетот„.

Во моментов е под заштита на две тајни служби од моќни земји на ЕУ, на кои исто така им ги предал сите сознанија и докази за криминалот на неговите прогонители. Во МНР исто така има свои пријатели и истомисленици кои се свесни дека Мијалков и Груевски привршуваат кариера, па тајно го поддржуваат Игор Илиевски во намерата да се спаси и да се врати во Македонија како победник. Еден од неговите соработници го испрати писмото од Илиевски до „поранешните колеги„ за објава во Буревесник. Оти ем им е скиснато од Фамилијата на власт, ем гледаат одвнатре дека им се ближи крајот, па сакаат да помогнат да се забрза процесот на падот на актуелната извршна власт.

Свесни се дека доаѓа до распад на системот…

  • Креирано на:
  • Прегледано:

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.