Сестра Нина го кани брат Никола на фалсификат

АМСМ е златен рудник за пари, ама и лесен профит за одбрани. Одбраните профитери се Димитар Миновски, неговата сопруга Нина, др неврохирург Спасе Јовковски и ќерката на Димитар, Ирена Миновска Пехливанова. Бил одбран некое време и братот на Нина, Никола Ангеловски, ама го елиминирале, па го одстраниле од здружението. Со фалсификат. Процениле дека не му е местото со нив и до нив…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Ова е сторија за сестра и брат кои со години не се тоа заради налудничавиот потег на Нина Миновска, да му удоволи на сопругот Димитар, на доктор Спасе и на Ирена, да му го фалсификува личниот потпис на родениот брат Никола, за да го одстранат од АМСМ. Целта им била да му го одземат уделот, да го одстранат од работа, да ја одстранат од работа во пакет и неговата сопруга и да си го приграбат неговото за себе. Со фалсификуван потпис од Никола, продуцирале фалсификувани документи кои понатаму ги проследиле до Централен регистар како да се веродостојни (а не се!). После имитирањето/фалсификување на потписот на родениот брат од сестра му Нина, останатиот дел од оваа криминална постапка го завршила ќерката на Газда Димитар, Ирена Миновска Пехливанова, како управителка на АМСМ Услуги ДОО увоз извоз. Таа ги процесуирала сите фалсификат документи понатаму, за да му ја покажат вратата од улицата на Никола Ангеловски. Поднел соодветни пријави и тужби до надлежните инстутиции, предметите напредуваат споро, ама напредуваат. Со многу блокади, ама напредуваат.

Ова со фалсификатот се случувало пролетта 2013 година. Никола Ангеловски дознал две години подоцна, поим немал што му работат зад грб. Се додека сосема случајно не добил сигнал од пријател што му се случило без да знае, додека мислел дека сестра му и зетот уште го сакаат и почитуваат. Ама, после сигналот од пријателот, извршил проверки и имал што да види. Негов личен потпис во грубо фалсификувана форма стои на документи т. е. на ИЗЈАВИ за откажување од сето она што му припаѓа. Па испаднало како да се мрази самиот себе, како ништо да не му треба од она што го создавал додека работел во АМСМ, дека му е доста од се, па едноставно се откажува и на Димитар, Нина, Спасе и Ирена се им остава и препушта. А тоа во пари значи дека номинално им подарил околу 500.000 евра вредност. Плус му го избришале и уделот во АМСМ. Фалсификатите на четворката која и денес управува со АМСМ ги имате во прилог.

Ова е само првото, уводно четиво на оваа тема. Многу е комплексна, скоро НИКОЈ да не пишувал на оваа тема, НИКОЈ ни да загребе. Еве мене ме заинтригира темата, оти се работи за проневери, злоупотреби и грабеж на општествен имот кој се мери во неколку десетини милиони евра. Потежок и повеќе затоа што, според Ангеловски, во одбрана на криминалот соучествуваат и екс претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, а во поново време и МВР со скоро сите високи функционери од Спасовски па надолу, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, инспектори од финасиска полиција и судии и обвинители. Во потрага по вистината, Никола Ангеловски веќе две години наидува на сите можни блокади по институциите, поставени од Миновски и Јовковски, штедро коруптивно ,,украсени,,, само да се спаси повеќемилионскиот профит, стекнат со криминал и злоупотреби. Во таа потрага потрошил и виден адвокат, син на поранешен Врховен судија кој одлично тргнал на почеток, ама по извесно време почнал ,,шарено,, да се однесува. Газдите му ја нашле точката на топење. Сегашниот адвокат на Ангеловски нема точка на топење.

Ќе има уште четива на оваа тема, особено затоа што Миновски и Јовковски пред да го елиминираат Ангеловски, од АМСМ одстранија 70 вработени во 2009. Ги следам и нивните судбини. Скоро десет години чекавме да стигнеме до оваа доказна документација, да се пробие бастионот во АМСМ. Доказите стигнаа благодарение на простата глад за туѓо, разбудена кај родена сестра и зет. Чинам дека тој чин ќе им ја запечати криминалната кариера…

Можат актуелните извршни функционери од СДСМ ден и ноќ да бранат и блокираат разврска во овој предмет, да наплаќаат награда од Миновски, ама нема да можат предолго. Имаат рок на траење. Ионака се до гуша во криминал, АМСМ им е само уште еден тег на таа вага…

АМСМ е златен рудник за пари, ама и лесен профит за одбрани. Одбраните се Димитр Миновски, неговата сопруга Нина, др Спасе Јовковски и ќерката на Димитар, Ирена Миновска Пехливанова. Бил одбран и братот на Нина, Никола Ангеловски, ама го елиминирале, па го одстраниле од здружението. Со фалсификат…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Ова е сторија за сестра и брат кои со години не се тоа заради налудничавиот потег на Нина Миновска, да му удоволи на сопругот на докторот и на Ирена, да го фалсификува потписот на родениот брат Никола, за да го одстранат од АМСМ, да му го одземат уделот, да го одстранат од работа, да ја одстранат од работа неговата сопруга и да си го приграбат неговото за себе. Со фалсификуван потпис од Никола, продуцирале фалсификувани документи кои понатаму ги проследиле до Централен регистар како да се веродостојни (а не се!). После имитирањето/фалсификување на потписот на родениот брат од сестра му Нина, останатиот дел од оваа криминална постапка го завршила ќерката на Газда Димитар, Ирена Миновска Пехливанова, како управителка на АМСМ Услуги ДОО увоз извоз. Таа ги процесуирала сите фалсификат документи понатаму, за да му ја покажат вратата од улицата на Никола Ангеловски.

Ова се случува пролетта 2015 година. Никола Ангеловски поим немал што му работат зад грб. Се додека сосема случајно не добил сигнал од пријател што му се случило додека мислел дека сестра му и зетот уште го сакаат и почитуваат. Ама, после сигналот од пријателот, извршил проверки и имал што да види. Негов личен потпис во грубо фалсификувана форма стои на документи т.е. на ИЗЈАВИ за откажување од сето она што му припаѓа. Па испаднало како да се мрази самиот себе, како ништо да не му треба од она што го создавал додека работел во АМСМ, дека му е доста од се, па едноставно се откажува и на Димитар, Нина, Спасе и Ирена се им остава и препушта. А тоа во пари значи дека номинално им подарил околу 500.000 евра вредност. Фалсификатите на четворката која и денес управува со АМСМ ги имате во прилог.

Ова е само првото, уводно четиво на оваа тема. Многу е комплексна, оти се работи за проневери, злоупотреби и грабеж на општествен имот кој се мери во неколку десетини милиони евра. Потежок затоа што, според Ангеловски, во одбрана на криминалот соучествуваат и екс претседателот на Собрание, Трајко Вељановски, а во поново време МВР со скоро сите високи функционери од Спасовски па надолу, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, инспектори од финасиска полиција и судии и обвинители. Во потрага по вистината, Никола Ангеловски веќе две години наидува на сите можни блокади по институциите, поставени од Миновски и Јовковски, штедро коруптивно ,,украсени,,, само да се спаси повеќемилионскиот профит, стекнат со криминал и злоупотреби. Во таа потрага потрошил и виден адвокат, син на поранешен Врховен судија кој одлично тргнал на почеток, ама по извесно време пошнал ,,шарено,, да се однесува. Газдите му ја нашле точката на топење. Сегашниот адвокат на Ангеловски нема точка на топење.

Ќе има уште четива на оваа тема, особено затоа што Миновски и Јовковски пред да го елиминираат Ангеловски, од АМСМ одстранија 70 вработени во 2009. Ги следам и нивните судбини. Скоро десет години чекавме да стигнеме до оваа доказна документација, да се пробие бастионот во АМСМ. Доказите стигнаа благодарени на простата глад за туѓо, разбудена кај родена сестра и зет. Чинам дека тој чин ќе им ја запечати криминалната кариера…

Можат актуелните извршни функционери од СДСМ ден и ноќ да бранат блокираат разврска во овој предмет, ама нема да можат предолго. Ионака се до гуша во криминал, АМСМ им е уте еден тег на таа вага…

НАПОМЕНА: пред точно една недела ги понудив сопружниците Миновски, др Јовковски и Ирена Миновска Пехливанова, да се искажат и тие а обвинувањата од Англеовски. Мојата понуда ја игнорираат. За мене НЕОДГОВОР Е НАЈДОБАР ОДГОВОР. Веројатно ќе чекаат спас од СДСМ, Спасовски, Рашковски…


Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.