logo
Search
Close this search box.

Стајковиќ: ,,Диме, веднаш да му се даде пристап до овие линии на Мијалков…,,

Пишува: Зоран Божиновски

Љубчо Георгиевски, премиер од 1998 до 2002 година, додека ја раководеше Владата која со терористите од ОНА продуцираше договорен воен конфликт заради бескрупулозен грабеж на земјата, лично го амнестираше Сашо Мијалков за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! На почетокот на тој воен конфликт во 2001 година, тогашниот воен разузнавач Марјан Ефремов, на дело и со докази ги фати Сашо Мијалков, шеф на военото разузнавање и неговиот колега Горан Грујевски како на српски воени разузнавачи им предаваат и продаваат воени тајни и документи битни за нив, а на штета на Република Македонија. ДОказите Ефремов ги предал на своите надредени…

Премиерот Љубчо Георгиевски наместо со истражните органи да поведе постапка против Мијалков и Грујевски, само го смени Мијалков од функцијата во военото разузнавање, без никакви последици по него и Грујевски. Практично го амнестираше…

Подоцна, во 2005 година, Сашо Мијалков и неговиот братучед Никола Груевски, на три средби во Виена, со СДСМ договарале победа на наместените избори во 2006 година,  а на лидерот на СДСМ и премиер, Владо Бучковски, за таа ,,намена,, и во знак на кооперативност му исплатиле од Македонски Телеком 8 милиони евра. Исплатата одела преку Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком и преку Димитар Ковачевски, одговорен функционер во компанијата за прислушување, надзор и следење комуникации…

По доаѓањето на власт во 2006 година, Никола Груевски стана премиер според договорите од Виена, а Сашо Мијалков директор на УБК. Веднаш го унапреди Горан Грујевски во началник на петта управа во УБК, од министерството за одбрана го префрли во УБК. Подоцна, комплетното прислушување и таргетирање граѓани како и редовна набавка на опрема за прислушување од Израел, онака како што беше усовршувана така беше набавувана преку Грујевски.

Додека се подготвувале за доаѓање на власт во 2006 година, есента 2005 година Димитар Ковачевски на Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ им овозможил пристап за прислушување на СПЕЦИЈАЛНИ ЛИНИИ кои ги користеле премиерот Бучковски, министерството за внатрешни работи, министерството за одбрана, Агенцијата за разузнавање, како и пристап да прислушуваат ШЕСТ специјални телфонски линии кои ги користела АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА во СКОПЈЕ, како и една линија користена од нивни службеник ГАРИ АНДЕРСОН, офицер за безбедност кој покрај тоа што службувал во Скопје, еден период од неговата кариера поминал и во Израел.

Сашо Мијалков и Горан Грујевски, со асистенција од Димитар Ковачевски и Небојша Стајковиќ, пристап до овие специјални линии овозможиле и на безбедносните служби од Србија, со кои никогаш не прекинале контакт, а го имаат и до ден денес. Еднаш шпиони, доживотно шпиони!

Да подсетам, Небојша Стајковиќ беше обвинет во предметот ,,ТРЕЗОР,, од СЈО, како бивш помошник на министер во МВР и член на Управен одбор на Телеком. Заедно со него беа осомничени и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски. Во затвор е само Јакимовски, Сашо Мијалков е амнестиран од СДСМ, а Горан Грујевски пребеган во Грција откако се испостави дека шпионирал и за грчката тајна служба, а против Република Македонија, заедно со Мијалков и Димитар Ковачевски. Небојша Стајковиќ е и косопственик на фирмата ,,ФИНЗИ,, во која работеше и убиениот КОСТА КРПАЧ, потенцијален сведок против сите нив во СЈО. Веднаш откако се понуди за сведок, беше денунциран од некој кодош од СЈО, па беше брутално ливидиран а убиството беше прикажано како самоубиство, според моделот на ,,самоубиството,, на КОСТАС ЦАЛИКИДИС во Грција 2005 година, каде соучесник е Димитар Ковачевски. За да не ,,црка,, вдовицата на Крпач по убиството е вработена во УБК…

Во прилог на овој текст, прочитајте ја содржината на мејл пораката од октомври 2005 година, кога Небојпа Стајковиќ му пишува на Димитар Ковачевски и во прилог на таа мејл порака му дава табела во која му ги пишува по ред специјалните линии до кои треба да овозможи пристап за прислушување, а претходно се побарани од тајната полиција на Србија. Списокот всушност е направен во Србија. Еве што пишува Стајковиќ:

,,Диме, договорено е веднаш да му се даде пристап до овие линии на Саше. Ќе ти пишам дополнително да се видиме заедно со Саше и да договориме нешто. Поздрав…,,

Како тогашен директор во Телеком и денес актуелен премиер, Димитар Ковачевски беспоговорно ја извршува оваа штетна операција по Република Македонија!

………………………………………..

Мнозинството граѓани на Македонија им се поклонува на велепредавниците Мијалков, Ковачевски и ним слични и редовно СО ПОДДРШКА ОД АМЕРИКАНСКАТА МАБАСАДА во Скопје им дава силна поддршка да владеат со државата…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.