Добро погледајте ги овие фотографии подолу. Тоа е слика и прилика на организираниот хаос и јавашлукот во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ. Од тој хаос и јавашлук одлично се профитира во континуитет…
Пишува: Зоран Буревесник Божиновски
Ова се столбови низ вашите населби, поставени од ТЕЛЕКОМ да служат за нивната телекомуникациона мрежа, вие како бивши соинвеститори сте некогашни косопственици на столбовите. Денес сте гледачи од страна. Немате поим дека на овие столбови добро и квалитетно, лично се профитира. Сеедно е дали ВМРО ДПМНЕ или СДСМ во комбинација со ДУИ се на власт и даваат претставници во ТЕЛЕКОМ, било директори, било членови на УПРАВЕН или НАДЗОРЕН ОДБОР. Сите од ред молчат пред овој бескрупулозен криминал. Знаат сѐ, ама ако ги прашате поим немаат.
Тие столбови на ТЕЛЕКОМ, над 20.000 на број, денес се рентирани на приватни кабловски оператери од цела Македонија. Ги користат за да донесат ТВ сигнал до вашиот дом. По некој закон кој не се почитува, оператерите треба на ТЕЛЕКОМ да му плаќаат закуп за користење на овие столбови. На фотографиите гледате како штедро ги користат. Овој хаос е воспоставен во 2007 година, кога на еден од секторските директори, Томчо Георгиев, му текнало дека може да се организира издавање под закуп на столбовите. Од почеток се водела и некаква евиденција кој оператер колку плаќа месечен закуп. Таа непотполна евиденција се водела до крај на 2010 и делумно на почеток на 2011 година.
Но, од самиот почеток на водење на евиденцијата немало проверливи и измерени критериуми како ќе се пресметува закупот, па целата операцја била трансформирана во класично перење пари т. е. пишување износи напамет, колку да се оправдаат бројни други трошења. Таква ставка на трошење била на пример ,,одржување на столбовите,, што е чиста небулоза бидејќи од авион се гледа дека тие столбови никогаш после поставувањето не доживеале никакво одржување, освен евентуално подигање ако била случена некаква хаварија по невреме и сл. Кога на почеток на 2011 сосема било напуштено водењето на каква таква евиденција, се преминало на наплата на закуп на столбовите на кабловските оператери ОДОКАТИВНО и сосема приватно.
Тоа значи дека наплаќањето преминало во рацете и под контрола на директорите Лазар Динов и Дарко Едровски, по што сите информации околу наплатата на закуп од оператерите до денес, крај на мај 2018 година – се УКИНАТИ! Парите кон нив двајца течат, никој поим нема колку и како се делат. Ако пак ги прашате НОВИТЕ: главниот оперативен директор ТРАЈАНОВСКИ и неговите помагачи Вуич, Мехмед, Велески и Јовкоска Ефтимоска, ќе добиете или молк како одговор или дека поим немаат. Динов и Едровски си го тераат овој вносен приватен бизнис како да е нивни, од дедо им и од татко им наследен, нема сила (барем засега!) која може или смее да ги праша нешто на оваа тема. Никој не знае кој кому, колку и кога му плаќа, а се плаќа редовно…
Денес НИКОЈ во ТЕЛЕКОМ нема информација каде одат тие пари после влез во ТЕЛЕКОМ!? Освен што погоре ги гледате сликите на што личи овој бизнис на терен, во живо, за оние кои ги интересираат детали, во прилог ви давам докази (табели) како тоа изгледа ФИКТИВНО во вид на евиденција која додека се водела некако и личела на евиденција, пред да се премине на наплата во четири или шест очи – без евиденција…
Во меѓувреме, после заминувањето на извршниот оперативен директор Андреас Елснер, со оставка и ,,шут карта,, во еден правец од страна на ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ, мнозинскиот сопственик од Германија недоложно БАРА сите спомнати во оваа серија текстови за криминал во ТЕЛЕКОМ, а спомнати во контекст на криминал, ургентно да си заминат без никаква отпремнина. Тоа оди тешко и споро бидејќи во Република Македонија кон криминалци по јавни претпријатија се негува КУЛТ НА ПОЧИТУВАЊЕ! Ова Германците го бараат за да спречат натамошно разграбување на имотот на ТЕЛЕКОМ по повеќе основи (ги опишавме веќе!). Сакаат да спречат нашите ,,јунаци,, да не се наградат и со екстра награда, отпремнини кои си ги испланирале а не им следуваат. Германците особено следат што ќе стане со службените коли кои НАЗИМ БУШИ и сите под него во хиерархија се подготвиле да си ги присвојат. Овие коли, дел од нив користени, дел сосема нови, се паркирани во троспратна подземна гаража во центарот на Скопје, веќе се подготвени да бидат одвезени кон домовите на секторските директори на заминување.
Поради фактот дека се платени од пари украдени од граѓаните на РМ, акционери во ТЕЛЕКОМ, будно ќе внимаваме да останат сопственост на Компанијата…
[widgetkit id=38]