Во минатото писание Ви ги презентирав сите докази, не мои, туку на МВР оддел форензика…
Пишува: Љупчо Палевски Палчо
Подготвил: Зоран Божиновски
Во минатото писание Ви ги презентирав сите докази, не мои, туку на МВР оддел форензика, дека Палчо НЕ е присутен ниту во осомниченото возило, ниту на местата на настаните, сега продолжуваме со покажување на вистинскиот убиец од Велес, кој е најзаслужниот за оваа лажна конструкција на ОЈО!
Ова дете, Александар Ѓорчевски е многу помлад од мене, па затоа употребив збор дете, не знаев дека воопшто постои, а пак кога таткото на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања, купи стан од мене, Ванчо Лазаров, ниту Вања била родена, ниту пак семејството Ѓорчевски постоело. Станот сум го продал на дедото на Вања, Ванчо кој беше најскромниот купувач, кој беше и единствениот кој работеше за плата, за разлика од останатите купувачи како еден Страшо Гранит, Глигорие Гоговски, Митко Ноневски.
Зошто е буквално отпосле измислен таткото Александар во оваа конструкција на Спасовски и Бубевски? ОЈО во Обвиненето тврди дека Александар мене ми давал информации кога Вања излегува сама од домот?!
Мајка ми учеше во ,,Његош,, пред земјотресот, јас во ,,Песталоци,,, како и ќерка ми, но според ОЈО, Александар ми требал за да ми каже кога почнува настава во ,,Песталоци,,! Толку глупо и безобразно, навредливо безобразно, но ОЈО тоа не го интересира и продолжува дека сум ја пренел информацијата на тројцата обвинети за да ја грабнат Вања, а јас со осомниченото возило сум им се придружил во Визбегово. Тоа дека е злосторство на Александар, а мотивот бил некој друг од потесното семејство да даде пари за откуп, претпоставувам мајката Зорица!
Без ништо да проверат, од ОЈО влегле во приказна која е комплетна лага, затоа што ако сме во договор со Александар за вакво монструозно дело, барем од она што го прочитав во списите во истрагата, цитирам: ,,Александар знаел дека Зорица Ѓорчевска продала стан на износ 85-90.000 евра, од кои купила Тојота Јарис, нешто потрошила од 2022 до 2023 година и остатокот го орочила, 30.000 евра,,. Сето ова на ОЈО му е познато од Извештаи на МВР, Оддел за економски и компјутерски криминал. Сосема спротивно на доказите, ОЈО пак го вкључува Велибор Манев, признавачот и убиец. Но, овој пат ќе треба внимателно да читате, како е измислен Александар?!
Велибор Манев е уапсен на 02/12/2023 околу пладне од СВР Велес, квалитетно одработен од инспекторите, го покажал телото на Панче и на 03/12/2023 е однесен во ОЈО да даде исказ, во кој исказ на околноста родителите на убиеното дете го изјавува следното: „Колку што ми е познато Палчо ги знае родителите“ и толку, нема никакви дополнувања или детали, нормално се направиле тој и вториот признавач, но јас само сум дошол и убил. После исказот, притвор нормално.
За тоа време, Дејан Димовски, активно комуницирал со Александар, кој како загрижен, барал камери и видеа низ Дебар Маало, а ова што Ви го пишувам е фото -документација од скапиот началнички телефон ,,Самсунг С21 ултра,,, кој по грешка ОЈО го ставил во списите. Што покажува таа комуникација, на 2 декември 2023? Расписката завршува кога Началникот Дејан Димовски праќа порака на извесен Риле со атачирани видеа од сомнителни автомобили, со текст: „Препрати ги видеата на нашиве што гледаат камери, Сашко ми ги прати, на Вања таткото“, ова се пораки од 2 декември 2023, додека Велибор Манев е во ПС Пролет на обработка во исто време!
На 04/12/2023 е уапсен таткото Александар и веднаш утрото на 05/12/2023, Оливер бившиот и Бубевски послушниот, прават прес конференција без ниту еден доказ, а расплаканата обвинителка, ВЕДНАШ потпишува Наредба за истрага со осомничен Александар во неа. За прв пат името на Александар се спомнува во Наредбата на 05/12/2023, а само 12 часа подоцна, убиецот Велибор по втор пат го носат во ОЈО во 14.00 часот, на 06/12/2023 за да даде повторно исказ, но овој пат после три ноќи во притвор и изолација и почнува: „Појаснувам, дека Влатко Кешишев видел како Љупчо Палевски разговарал со таткото на девојчето, а исто и инспекторите од ПС Пролет ми потврдија дека имало комуникација со тие два телефони“, па подоцна во истиот исказ кој го дава говори за информативниот разговор со инспекторите на 02/12/2023 од ПС Пролет и продолжува: „Јас не го следев тој разговор, а Влатко ми кажа дека се јави таткото Александар и разговарал со Љупчо, а за ова разбрав дека има доказна врска, а ова го разбрав, дополнително во ПС Пролет“.
Овие искази дадени во ОЈО се во врска со информативен разговор во ПС Пролет од 02/12/2023, додека Дејан Димовски нормално комуницирал со Александар, што е видно од фото албум направен од МВР од нивните меѓусебни пораки, од Дејан Началникот и Александар, на истиот ден, 02 декември 2023 година. Но, се поставуваат две логични прашања како тоа во 24 часа, Александар стана осомничен и како признавачот убиец го знае името Александар, додека е лишен од слобода и е во притвор? Ако инспекторите му потврдиле доказна врска на 02/12/2023, Александар ќе беше уапсен истиот ден, а НЕ да се допишува со Началник на ЕНК/СВР Скопје!
ОЈО направиле хаос во истрагава, за да се конструира мотив, но утнале, па ми оставиле фото-албум од пораки на Дејан Димовски и Александар од 02/12/2023. На овој начин се обидоа да конструираат врска помеѓу мене (Палчо) и таткото Александар, но тоа го направиле многу глупо, провидно. Докази уште бараат, а Судењето започнува со спојување на Обвиненијата во еден судскиот процес!
Јас не сум грабнувал ниту сум убивал, но сега со се што направија ќе има борба, па како увод, тренинг, продолжувам да завршам околу мотивот.
ОЈО го започнува обвинението дека заради КОРИСТОЉУБИЕ со помош на Александар, СМЕ сакале да примораме некој друг член од потесното семејство да даде пари за откуп на детето, тоа е МОТИВОТ и ПОЧЕТОКОТ. Но ниту еднаш ОЈО НЕ праша, каде планиравте да го чувате детето, доколку е откуп, туку сосема спротивно, ТВРДИ дека дупката во која е закопана Вања е копана претходно, НЕ на 27/11/2023 кога е убиена, што значи дека однапред е одлучено да се убие детето!
Според ОЈО, Александар соработувал со мене за да ја убијам неговата ќерка, а НЕ ЗАЕДНО СО НЕГО заради КОРИСТОЉУБИЕ, да ја примораме Зорица Ѓорчевска да ни ги даде орочените 30.000 евра. Тешка небулоза, која од што е глупа тешко и се објаснува, но ОЈО и брифирана медиумска руља ЛАЖАТ НА ГОЛЕМО! ОЈО ги крие исказите на признавачите кои ме посочуваат затоа што и двајцата, најмалку 6 пати повторуваат дека Вања била грешка, постара личност требале да грабнат. Но, таа околност, ОЈО НЕ ја спомнува, ниту пак еднаш НЕ ги прашала ако Вања е грешка, КОГО ТРЕБАШЕ ДА ГРАБНЕТЕ?!
Посебно убиецот Велибор, кој потенцира дека Вања била грешка, а во исто време со потврда од инспекторите го посочува таткото Александар, а тој не е грешка, тој е таткото на ВАЊА! Во моментов, со мотивот за ова злосторство ОЈО е во глупа ситуација, не знаат кај терат, па се надеваат дека со насилна судска постапка да дојдат до пресуда. НИКОГО ОД НИВ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА ВИСТИНАТА!!! Па затоа ќе ви напишам и моја кратка изјава, пренесена од мојот исказ во ОЈО на оваа околност, а таа е следна:
„На црниот хард диск, марка Тошиба ќе ги најдете истите 300.000 разговори што ги имаа СЈО и Заев, зарем не е полесно со тие гнасотии од оваа гнасна елита да земам пари заради користољубие, отколку да убивам дете и старец?!“
Тогаш за прв пат се насмеав, бистрата Цалева, втората Обвинителка во распитот, ме праша „Од кај ти се?“ (Зоран Заев како премиер лажеше пред јавноста дека ги предал сите т.н. ,,бомби,, во СЈО! з.м.)
Да се вратам на сериозни работи и аргументи, а тоа значи откровението на признавачот убиец во функција на ОЈО, Велибор Манев. Освен чудното спомнување на името Александар, кој е уапсен 2 дена после Велибор и лагите од типот ,,Влатко ми кажа,,, кој пак Влатко на прашање од ОЈО за комуникација на Палчо со Александар, одговорот на признавачот Влатко е „Јас не знам, не сум чул дека Палчо разговарал со таткото на детето“, но продолжува со „Инспекторите ми кажаа“, па не само Александар како име, туку на 03/12/2023 за местото на настанот вика „една депонија“, но на 06/12/2023 веќе е прецизен, па спомнува месност „Дупки“, а Вања е пронајдена после неговото притварање. Повторно е нејасно како тоа термин што за прв пат се појавува на 05 декември, во Наредба на ОЈО, а он у ПРИТВОР, па не само што спомнува месност „Дупки“, туку и диктира точни димензии на дупката каде ја закопал Вања и тоа 180х60. Но цитатот е многу интересен: „Јас и не знаев тоа место како се вика, туку откако се случи настанот, дознав дека се вика Дупки“. Заборава дека настанот се случил на 27/11/2023, а за прв пат ОЈО го соопштува како локација на 05 декември, откако е веќе 3 дена уапсен?!
На исказот на Велибор Манев е изграден целиот обвинителен акт и со масовно медиумско лажење, како бес од невиден криминал за 540 милиони американски долари, за Ирански пари во НАТО банки во Македонија од продажба на Шахид дронови, објавени на 28 ноември 2023 во поткастот на Десна, КРШ бр. 111.
За крај на околноста, соработка на Палчо и Александар, ни после 10 месеци сеуште немат доказ, а еве го 20 септември доаѓа, се гледаме на суд. Во приложените докази никаде НЕ постои доказ за било каква комуникација, а бриферите на глупиве новинари, НЕ им кажуваат дека месец дена пред да ме донесат од Турција, на 8 април оваа година, со претходно одобрение од Судија на претходна постапка, двајца инспектори на СВР Скопје по наредба на ОЈО, го посетиле Александар во притвор во КПУ Затвор Скопје, за да им го откључи телефонот ,,Самсунг,,, кој го користел до април 2023 година.
После 5 месеци од апсењето на таткото Александар, ОЈО уште бара докази, а нема!
Јас на 05/06/2024 ги откључив двата телефони, и во 1.400 страници, списи на ОЈО, НЕ ПОСТОИ ДОКАЗ, за било каква врска меѓу мене (Палчо) и таткото Александар. ОЈО НЕМА доказ за мојата присутност во ,,Рено Кангу,,, НЕМА доказ за моето присуство во куќата на Панче, НЕМА доказ за присуство на ,,Рено Кангу,, на местото на настан, НЕМА оружје, но и НЕМА докажана врска помеѓу таткото Александар и мене (Палчо), освен приказната „ИНСПЕКТОРИТЕ НИ ПОТВРДИЈА“ кои се сведоци на ОЈО, на кои со особено задоволство ќе им поставам сериозна количина на прашања!
Сите приказни престануваат на суд, лажови новинарски, затоа што по паметот на ОЈО во суд како пример ќе гледате лопата како доказ, лопата за која МВР оддел форензика, УТВРДИЛО дека копала кој знае каде, но НЕ и дека со таа лопата е копана дупката за Вања, но ете ОЈО ја прилага и лопатата како ДОКАЗ! Ќе мора за 2 дена да ме слушате и ќутите, затоа што според ЗКП, имам право на воведен говор, за да Ве покажам дека сте најголемото ѓубре од македонскиот народ.
Ви се спремив за на Суд, не се секирајте, овој пат ОЈО ќе биде РАСКЛОПЕНО до најмало штрафче.
Продолжува!!!
Љупчо Палевски Палчо, с.р.