logo
Search
Close this search box.

Страв од летање

Се плаши ли од летање со авион Стево Пендаровски?

Пишува: Eкипа на Буревесник.Нет

Во многу факти за најавениот заеднички македонско- бугарски лет со бугарскиот претседателски авион, најсимптоматичен е фактот зошто македонскиот претседател Пендаровски не избегнува реален скандал и државнички самостојно да си отпатува и да ја преставува Македонија во Ватикан како најсилна држава во светот? Освен ако не му доаѓа срам бидејќи, Ватикан ја призна државава под името Република Македонија, која потоа и тој ја верификуваше како Северна Република Македонија ? Во дилемата зошто Пендаровски како шеф на македонскава држава прифатил бугарскиот претседател Румен Радев на пат кон Рим да го собере попатно од Скопје, искрснуваат повеќе факти и прашања кои, како и да е ќе ги бараат и добијат своите одговори !Прво. Сосема е можно Стево Пендаровски да има психичка скриена траума на „страв од летање „ од времето кога беше советник за национална безбедност на покојниот Борис Трајковски кој загина во авионската несреќа кај Мостар а причините за несреќата сеуште, во меѓународните истраги не се утврдени ? Стево Пендаровски беше и последниот член од Кабинетот кој го испратил Трајковски а јавността многу често го поставуваше прашањето „Зошто Пендаровски не се качил во владиниот „ Кингер „ кој се урна кај мостарскиот аеродром„? За падот на „Кингерот „ и загинувањето на Трајковски има уште многу отворени прашања ? На пример, зошто екипажот на „Кингерот „ е заменет претходната вечер пред несреќата на 25.02.2004 година а констатирани се и многу симптоматични технички и документациски неисправности во подготовките на претседателскиот лет до Мостар ? Но,истрагата за несреќата кај Мостар е сеуште отворена .Второ. Нема дилема дека претседателскиот авион на бугарскиот претседател е поголем, постабилен и посигурен од авионот на македонската влада поради нивните технички карактеристики и генерални разлики, во корист на бугарскиот . Секако , многу посигурни  се и бугарските безбедносни служби кои го подготвуваат летот и посетата на Рим и Ватикан во време кога и Република Северна Македонија и Бугарија се во кризна состојба. Македонските безбедносни служби се во распад или реконструкција а Бугарија има техничка влада а бугарскиот претседател Радев е директен противник на бугарскиот премиер во мирување Бојко Борисов. Ваквата состојба потсетува токму на конфликтната состојба која владееше меѓу Бранко Црвенковски како премиер и Борис Трајковски, како претседател на Македонија во времето пред авионската несреќа кај Мостар.

А токму  бугарскиот претседател Румен Радев пред извесно време беше обвинет од страна на ГЕРБ и од Бојко Борисов за шпионирање и тајното снимање на заспаниот Борисов во неговата спална соба со пиштол и купишта девизи. Потоа, ГЕРБ и Борисов ги изгубија изборите и паднаа од власт, заедно со фалсификуваната „ македонска „ коалиција на Каракачанов и Захариева по што сега Бугарија се наоѓа во „ криза во сенка „.

Секако дека Пендаровски не смета на фактот дека Румен Радев е по професија пилот, бидејќи тој нема да пилотира со бугарскиот претседателски авион!

Веројатно сосема случајно се погоди и Пендаровски да има одредени несогласувања и конфликт со Владата на Заев, конкретно последно со непотпишување на Законот за легализација на дивоградби кој го оцени како противуставен и криминален а истото се очекува да се случи и со законот за продажба на земјоделско земјиште. И повторно, додека Зоран Заев најавува дека Радев и Пендаровски во лет ќе разговарале за македонско – бугарскиот договор кој е во политичка кома, Пендаровски изјави дека тој Договор е во надлежност на бугарската и македонската влада, што е негово дистанцирање од Зоран Заев и фактички обвинување дека Заев е и политички и како личност – лажго !

Ако Пендаровски под притисок на реакциите на македонската јавност не ја смени агендата и сам со македонската длегација не си патува во Рим и Ватикан, тогаш барем може да поразговара со бугарскиот претседател Румен Радев за неговата средба со шефовите на бугарски безбедносни служби барајќи да преземат навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство (н.з. Македонија ) кога тие се нападнати само поради нивната национална самосвест. Сега, и македонската и бугарската јавност очекува кои ќе бидат следните случувања на македонско – бугарска релација, особено што и Ватикан е сериозен фактор во стратегиската концепција во Европа и Западен Балкан !?

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.