logo
Search
Close this search box.

Струмичкиот суд го ,,уби,, Пављо Филчев по втор пат

Основниот суд Струмица, ставен во полна одбрана на сурија криминалци, донесе чисто криминална одлука на штета на наследничката на Пављо Филчев, Савета Петрова. Ова е случај на кој паѓа мафија локално криминално организирана, бранета од обвинителството, судот и надлежни министерства.

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Со пресудата контра законот, а во корист на криминално здружение, по втор пат го ,,убиваат,, ограбениот Пављо Филчев. Прво му е украдена со измами, сета заштеда, сега струмичкото судство се иживува врз неговата оставина. Ќе исцркаат сите ако треба, ама нема да пресудат по закон. Докази не гледаат и правда не ги интересира. Сета заштеда на Филчев ја приграбиле за себе и сега ја бранат како да им наследство старо 300 години. Постапувајќи по тужбата на Савета Петрова, наследничка на покојниот Пављо Филчев, ограбен од струмичката локална правосудна мафија и десетина соучесници, судот во Струмица донесе Пресуда П4. бр. 4/2018 со која тужбеното барање на тужителката го одби како неосновано. Савета Петрова по прием на пресудата поднела жалба до Апелациониот суд во Штип. Пресудата ја примила на 12. Јуни о. г. Судот повторно како и во низа наврати претходно (во други постапки во кои правдата ја барал Пављо Филчев додека бил жив) одлучи негативно, сега за правниот наследник на сега покојниот Филчев. Се разбира дека судот донел нелогична и незаконита одлука на штета на тужителката, применувајќи го законот на УЛИЧНО ПРАВО, кој во РМ важи последните 27 години. Со оваа пресуда судот брани криминална група која била самоорганизирана да ограби стар и немоќен човек, со претходна проценка дека никој за него нема да се завземе. Во прилог ја давам пресудата и жалбата поднесена од оштетената наследничка на Филчев.

Најбитен момент во пресудата е кога судот наведува дека кај судијата Ристо Хаџи-Еленов кој постапувал во постапката Р. бр. 210/06 не постоела никаква одговорност и поради тоа немало основ за надомест на штета. Потенцирам и пак повторувам, како и во претходните текстови на оваа тема, дека одговорноста на судијата за неговото неправилно постапување е утврдена со одлука на Судскиот Совет на РМ. Од овие причини последната пресуда со која се одбива тужбата на оштетената наследничка е удрена КЛОЦА ВО СТОМАК на кривичното право и правна шлаканица на сите граѓани на РМ на кои им се ветува ПРАВДА и МИР, а ги ограбуваат вакви како овој судија и тие што ги штити секогаш кога ќе им се укаже прилика. Фактичката состојба во случајот на покојниот Пављо Филчев ја знаете, ја опишав во текстови пред два месеци. Катастрофа со оваа пресуда на струмичкиот суд е што е изречена, без логично и законско образложение. Во жалбата од наследничката Петрова најдетално е опишано што се судот пропуштил да санкционира, наведени се сите пропусти на судот. Пресудата е донесена колку да се купи време, локалната струмичка мафија да одживее уште некое време живот на слобода.

Постојат и поднесени се доволно силни, цвсрти и несоборливи докази, какви што бара ЗКП, докази за утврдување на вистината, но судот се водел од силата на УЛИЧНОТО КРИМИНАЛНО ПРАВО, па пресудил во корист на мафијата, како што тоа е ред во РМ. Тој што донел ваква пресуда е свесен дека со евентуално усвојување на истото би се отворила ,,пандорината кутија,, за низа вакви или слични случаи во судството (години наназад, а месециве наназад се ограбени луѓе од ПРОБИШТИП на многу сличен начин), па тужбеното барање е одбиено како неосновано. Образложението на пресудата е ,,килаво,,, конфузно и нецелосно објаснето. Во овој случај правдата и вистината ќе мора да бидат истерани до крај и на виделина, за да се расветли делувањето на организирана банда која ,,маркирала,, стар и немоќен човек, го измамила и парите ги поделила како плен од успешно завршена работа.

Во прилог, во продолжение ви ги давам пресудата и жалбата на оштетената Савета Петрова, поднесена до Апелациониот суд Штип

—————————————————————————————–

ТЕРЕНОТ ВО ШТИП ЗА ОДБИВАЊЕ, ВЕЌЕ Е ПОДГОТВЕН!

Од извор во основниот суд Струмица кој ги следи своите колеги вмешани во оваа измама, добив и информација кој е следниот потег на мафијата во овој случај:

,,Г. Божиновски, бандата веќе го подготвува теренот жалбата на оштетените наследници на Филчев да биде одбиена во Апелациониот суд Штип. Не е случајно што пресудата на основниот суд Струмица беше донесена па дадена на тужителот со доцнење од 25 дена. Во меѓувреме се подготвуваа и договараа што ќе прават ако тужителот поднесе жалба. Треба да знаете дека главните измамници во овој случај, браќата Васе и Мите имаат ТРИ стана во Скопје, во Општина Центар. Купени се со пари од оваа измама. Тие станови треба да бидат продадени а парите да бидат разделени помеѓу учесниците. Не се сите наградени, има незадоволни во судот во Струмица. Треба вие и јавноста да знаете дека овде во овој суд е ФАЛСИФИКУВАН тестаментот на Пављо Филчев. Најголем страв е да не се открие кој е фалсификаторот. Во главната режија се судијката Лидија Аризанова и нотарката Стевица Јанева. Особено битна улога игра нотарката Јанева. Продолжете вака, на добар пат сте на големо откритие. Има и други големи измами. Последниве месеци се уплашени дека се ќе се открие. Веќе не се спокојни како порано кога ги изведуваа овие измами и беа насмеани и полни себе…

[widgetkit id=39]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.