logo
Search
Close this search box.

Тајната на Заеви

Кој влијае и кој раководи со Зоран Заев како личност и во моментов човек на најмоќна политичка позиција во земјава, до ниво самиот да превзема ветува и одлучува за амнестија на најтешки кривични дела?

Пишува: Eкипа на Буревесник.Нет

Како се случува Заев Зоран да се претставува како Македонец, Албанец, православен или муслиман, евреин или протестант? Документираната хронологија на фамилијата Заеви од струмичкото село Муртино покажува чуден, интересен и пред се важен тек на настани кои во секој случај имале силно влијание на формирањето на личноста на сегашниот премиер кој и самиот на една од прес конференциите кога во седиштето на СДСМ ги објавуваше „бомбите„ изјави дека е логично политичарите често да ги менуваат ставовите и еден ден да даваат една изјава а веќе наредниот ден сосема нешто спротивно. Променливоста во однесувањето, давањето спротивни изјави, трансформација од верник на една во верник на друга религија и профитабилен почитувач на религии на кои не припаѓа, од прилика до прилика, од зделка до зделка, се црти од неговиот карактер…

На крајот од 19 век, во 1889 година во Муртино, родното село на Зоран Заев се случило убиство на две лица во кое покрај другите учествувал и Пане Заев, член на фамилијата Заеви. Истражувачи од Македонија при увид на архивските документи на Турскиот архив, засега не можат со сигурност да утврдат дали се работи за дедото или братот на дедото на Зоран Заев, но интересна е поврзаноста со името на таткото на сегашниот македонски премиер, Пане/Панче ? Убиството всушност се случило како платеничко, а парите на групата која го извршило убиството им ги исплатил главниот бег од Банско кој бил во лоши односи со агата од селото Једнокуќево.

Чинот на убиството според договор со бегот од Банско а во договор со групата во која бил и Пане Заев, за да се заведе истрагата која логично се очекувало дека турските власти ќе ја спроведат, било извршено кога убиените синови на агата од Једнокуќево се враќале од бања во Банско, во близината на Муртино. Турските власти спровеле истрага, ги пронашле платените убијци и ги осудиле на казна затвор. Пане Заев заедно со уште неколкумина платени учесници во убиството од Муртино, Тимо Азманов и Иван Иванчев, биле осудени на казна доживотен затвор. Биле затворени во затворите во Беас Куле, Цариград и Солун.

Покрај овие тројца кои биле осудени на казна доживотен затвор, во истрагата за убиството биле испитувани а подоцна и осудени и многу други жители на струмичкиот крај од околината на Банско, Муртино, Куклиш, Градошорци. Во тој период на Балканот, особено во Македонија како турска провинција се случувало засилено мисионерско влијание на Протестантската црква при што американските мисионери особено ги посетувале сиромашните региони и посебно затворите, каде била затворена и групата платени убијци од Муртино. Како единствен начин да му се намали казната или да излезе од затвор, Пане Заев во затворот се откажал од православната црква и преминал во протестантската, по што во затворот примил помош во облека и храна од протестантските мисионери кои подоцна со поткуп кај турските власти, а формално со Молба за милост од Султанот, успеваат да го ослободат.

За да ја врати услугата за своето ослободување од казната доживотен затвор и да ги врати парите со кои била поткупена турската власт, Пане Заев ја основал Протестантската црква. Тој во Муртино почнал да купува имоти, обично од најсиромашните селани или ги обновувал напуштените и запустени куќи и имоти на оние жители кои биле иселени од Македонија во Америка или европските земји а се бавел и со лихварство кое во тоа време било сосема легална дејност.

Во архивските материјали непознато останува дали и до кој период семејството Заеви и лично Зоран Заев се припадници и верници на Македонската Православна Црква, на Протестантската, Грчката која исто така имала свој храм во Струмица или на некоја друга црква бидејќи постојано биле на удар на власта и законот? Но, во последното интервју за српски ,,КУРИР,, премиерот јасно одбележа дека бил протестант до 1999 година кога се откажал од протестантизмот и станал православен христијанин, крстен во манастирот Водоча од владиката НАИМ. Инаку, за НАИМА, Зоран Заев во разговор со Александар Верушевски, син на неговиот советник за безбедност Зоран, снимен од младиот соговорник за владиката НАИМ вели: ,,….ааааа, тој е премачкан со сите бои!,,…

Истото го мисли Зоран Заев и за себе, премачкан е и тој со сите бои. Протестант е, па е православен христијанин, по потреба влегува во синагога и глуми Евреин, а во џамија е редовен, секогаш кога му треба ИВЗ и трговците од оваа фирма…

Инаку, сите, па и најмрачните тајни на семејството Заеви ги има документирано и ги чува ЖИВКО ЈОВЕВ од Муртино, денес жител на скопски Припор. Јовев е роднина на Заеви, член е на ДПМНЕ од основањето и кај него се најстарите документи поврзани со ВМРО во Македонија, ама и документите од мисијата на МИС СТОН, протестантката за која уште како деца имаме гледано македонски игран филм. Живко Јовев живее повлечено, мултимилионер е и по негово кажување на блиски пријатели, се збогатил од фудбал, другарувајќи со покојниот Ванчо Таковски викан БАТЕ ВАНЕ, роден брат на Снежана Георгиевска. Наводно, Живко и Бате Ване биле главните менаџери на големиот милионски трансфер на Горан Пандев во Интер од Милано. Денес плацот на покојниот Таковски во Припор, спроти куќата на Живко Јовев, е запустен и зарастен во коров и трње, оставен на забот на времето. Никој не сака да го купи, како да има некое проклетство во тој плац. Нема ни заинтересирани…

Муртинецот Живко Јовев е и многу близок со владиката Наим, исто како и (пре)крстениот Зоран Заев…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.