logo
Search
Close this search box.

Темелите на организираниот криминал во Македонија (1)

Од вечерва, па во ТРИ продолженија ќе ви презентирам ТРИ извештаи од кои се чита КОГА и КАКО Република Македонија станала земја под контрола на организиран криминал…

Пишува: Зоран Божиновски и екипа на Буревесник.Нет

Од вечерва, па во ТРИ продолженија ќе ви презентирам ТРИ извештаи од кои се чита КОГА и КАКО Република Македонија станала ветена држава за министри и функционери под нив, за ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА која не подлежи на КАЗНИВОСТ. Во прилог ви е достапен првиот дел, за злоупотребите правени со СТАНБЕНИОТ И ДЕЛОВНИОТ ФОНД на ГАРНИЗОН СКОПЈЕ. Од документот ќе прочитате како тоа се работело во Скопје, а ќе ви биде јасен МОДЕЛОТ како тоа е правено и во другите гарнизони. Тоа е МОДЕЛ како се правени злоупотреби и со СТАНБЕНИОТ И ДЕЛОВЕН ФОНД во некогашното АД за СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ФОНД, денешен АД ПУИГ, како и со СПОРТСКИТЕ ОБЈЕКТИ.

Од вечерва во ТРИ продолженија ќе прочитате идентитети на највисоки државни функционери кои од 1993 година па наваму КРЕИРАЛЕ МОДЕЛ како се злоупотребува општествена сопственост, како се присвојува, како се оштетува Буџет на државата и како сето тоа минува НЕКАЗНЕТО!? Кога ќе ги прочитате идентитетите на овие КРИМИНАЛЦИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ кои од во 1993 година ги удриле темелите на организираниот криминал во Македонија, ќе ви стане јасно како потоа овие КРИМИНАЛЦИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ инсталирале свои наследници функционери кои работеле според тој МОДЕЛ и работат и денес распоредени во СДС од Нашата земја и во ДПМНЕ, како инсталирале судии и обвинители кои ќе го штитат нивниот МОДЕЛ до ден денес, како МОДУС ВИВЕНДИ и МОДУС ОПЕРАНДИ на нашето живеење…

Накратко: КАКО ТОА НИ РЕЖИРАЛЕ ЖИВОТ ПОД РЕЖИМ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ!?
НАПОМЕНА:
На трите документи, Записник за злоупотреби на станбениот и деловен фонд на Гарнизон Скопје, Записник од констатираните злоупотреби при јавните набавки и услуги во министерството за одбрана (оружје, муниција и други средства) и на контролата на материјално финансиското работење во военото разузнавање, ЧУКНАЛЕ ОЗНАКИ ДОВЕРЛИВО И ВОЕНА ТАЈНА.
Јас ќе ги објавам без двоумење а КРИМИНАЛЦИТЕ НЕКА ПОВЕЛАТ ДА МЕ АПСАТ ЗАРАДИ ОБЈАВА НА ,,КЛАСИФИЦИРАНИ,, ДОКУМЕНТИ!!! Ги класифицирале за да не смее НИКОЈ да помисли да објави каков криминал востановиле во Македонија….

Добро проучете ги наводите во трите извештаи и анализирајте ги злоупотребите. Анализирајте ги РОКОВИТЕ за постапување кон кривично одговорните. Не одговарале никогаш!

Премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска не сакаа да дадат изјава по однос на овој извештај…

[widgetkit id=53]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.