Пишува: Зоран Божиновски
Можеби за прв пат во историјата на самостојна Република Македонија и Северна Македонија, дојде до апсолутно почитување на презумпција на невиност по голема акција на ЈО за ГОКК. Акцијата ,,СИНЏИР,, опфати триесетина фирми низ државата, петнаесетина лица се притворени, некои се во домашен притвор, а неколкумина се во бегство во странство. За ПРВ ПАТ не се соопштени ниту иницијали на притворените, ниту се спомнати имињата на фирмите во кои се правени злоупотребите.
Ова е последица на соучеството во тешките финансиски злоупотреби од страна на Васко Ковачевски, екс генерален директор на РЕК Битола и АД ЕСМ, на неговиот налогодавач Вице Заев, роден брат на екс премиерот Зоран Заев и на лажниот владика Партениј, бизнисмен и управител на трговското друштво со неограничена неодговорност манастир ,,Бигорски,,. Во текот на вчерашната акција една од главните цели на обвинителството била пронаоѓање на екс сопственикот на битолско/струмичката фирма ,,СВ ИНВЕСТ,,, Стојанче Чифлигароски, роден инаку во Охрид. Тој е во бегство, најверојатно е во Германија, а уапсени се двајца бивши управители на оваа фирма, екс носител на јавни набавки во мултимилионски девизни износи за потребите на РЕК Битола и АД ЕСМ.
Целиот финансиски криминал е замислен од Вице Заев, а со криминалот прво како генерален директор на РЕК Битола, а потоа и генерален директор на АД ЕСМ, управувал Васко Ковачевски. Тие смислиле шема според која, Чифлигароски со наводно неговата, а всушност нивна фирма, на Заев и Ковачевски, се јавувале на тендери, лесно ги добивале, па Чифлигароски потоа барал кредити од комерцијални банки, а директорот Ковачевски и ЕСМ му биле гарантори дека тие кредити ќе ги враќа.
На тој начин преку СВ ИНВЕСТ се подигнати околу 16 милиони евра од сите комерцијални банки кои наседнале на лажните гаранции од Вице Заев, Васко Ковачевски и АД ЕСМ, потоа Чифлигароски имал задача парите експресно да ги извлекува од фирмата и да им ги предава во кеш на Ковачевски и на Заев. Откако ги обиколиле шалтерите на сите комерцијални банки кои биле подготвени на ништовни гаранции да дадат милиони евра, фирмата е внесена во стечај, ликвидирана е по брза постапка и избришана од Централен регистар.
На Чифлигароски и неговите соработници, од страна на Вице Заев и Васко Ковачевски му се дадени трошки, во износ од неколку стотини илјади евра, оставена му е маката да бега од работниците кои останале без работа и платени придонеси во СВ ИНВЕСТ, па му е дозволено да регистрира нова фирма под име НОВОМАТРИКС Битола која понатаму добивала нови милионски тендери и продолжил да биде вртен кругот на криминалот.
За да се разбере каков криинал е направен треба подетално да се читаат нотарските договори, од кои дел имате овде во прилог на овој текст. Тој што сака и знае да чита, ќе прочита дека СВ ИНВЕСТ имал фиктивно побарување од РЕК БИТОЛА т.е. од АД ЕСМ и тоа фиктивно побарување било искористено како залог за кредит од околу 5 милиони евра во Стопанска банка АД Скопје. Ковачевски како овластено лице од АД ЕСМ му дал фиктивен документ на Чифлигароски за да земе кредит во име на СВ ИНВЕСТ од банката. Ако сакале банкарите да читаат детално, ќе можеле да проверат во книговодството на РЕК Битола дека СВ ИНВЕСТ нема побарување како покритие за толку голем износ на кредит. Ама, банкарите имале притисок од Вице и Зоран Заев, заради отоплените грчко македонски односи околу промена на името, па грчките банкари не сакале да проверуваат. Верувале дека Васко Ковачевски не лаже и не фалсификува.
Туку прифатиле гаранција/побарување за кое во нотарскиот договор се потпишал сега притворениот управител на СВ ИНВЕСТ, Јове Ѓорѓиевски, внук на лажниот владика Партениј, трговецот од манасатирот Бигорски. Инаку бизнис ортак на Вице Заев и Васко Ковачевски. Отворена е и истрага за овој криминал со банкарските кредити и лажни побарувања, ама застанала кај корумпираното битолско основно јавно обвинителство и кај екс началникот на СВР Битола, наркодилерот Славко Јовановски. Го заќутеле Славкота со трособен стан!
Кога водата им дошла до грло, СВ ИНВЕСТ е внесен во стечај, а пред да почне стечајната постапка камионите и машините се трансферирани во НОВОМАТРИКС. Па е регистрирана и ЈС ТРЕЈД и други слични фирми, само да се изгуби патот на милионите евра од земените кредити до црниот џип на Вице Заев кој поминувал одвреме навреме во Битола да превземе кеш од Чифлигароски. Тоа што нема книговодствена трага од тие трансфери на машини и камиони е проблем на сегашната истрага на ЈО за ГОКК. Живо ме интересира како од таа истрага ќе бидат исклучени Васко, Вице и Партениј.
Цело време Вице, Васко и Партениј работеле по моделот: доделување тендер, кревање кредит врз основа на фиктивно побарување, исцицување на парите од кредитот, трансфер на механизацијата и стечај, па регистрација на нова фирма! За сето тоа брзо ,,да врва,, насилно го вработиле како шеф на Управни служби во СВР Битола, другарчето на Столе Чифлигароски од поодамна, познат во Битола како ТОДЕ КИРАЦОВСКИ викан ВЛАВОТ! Тоде Влавот е специјалист за брз трансфер на документација за возила и машини од една на друга фирма…
Инаку, комплетниот криминал се врти околу духовниот отец на Васко Ковачевски, трговецот Партениј. Откако со фалсификат диплома за завршено високо образование, станува генерален директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски се зближува со Партениј, станува хуманитарец кој ,,заедно со семејството,, донира многу за манастирот Бигорски. Толку многу Ковачевски донира од украдените милиони евра од РЕК Битола и АД ЕСМ, што од Партениј бива одликуван со орден заслуги за државата од страна на манастирот Бигорски.
Од тие украдени милиони евра, Ковачевски донира и едно луксузно издание за презентација на Бигорски, па на втората страница добива посебна посвета од Партениј. Сосема неточно е повеќекратно нагласено дека Васко Ковачевски за манастирот Бигорски дарувал и донирал ,,заедно со семејството,, затоа што тој воопшто не е семеен човек. Наназад 15 години ја понижуваше и навредуваше и лажеше својата сопруга, за конечно годинава и да се разведе од неа откако јавно беше откриен и документиран дека е лажго и прељубник. Васко Ковачевски боледува од промискуитет, постојано ,,шета,, од една до друга жена, просто не бира со која ќе влезе во љубовна, сексуална или емотивна врска.
Неговата бивша сопруга после неговата смена од функција генерален директор на АД ЕСМ и лажното образложение дека сака да се посвети на семејството, јавно го изрезили откако му напиша дека тој одамна е недомаќин, отуѓен од семејството кое го растурил! Потоа Ковачевски исчезна од јавноста, се повлекол и некаде се тресе за неговата лична безбедност бидејќи е еден од клучните учесници во организираниот криминал преку кој владата на Зоран Заев, ама и владата на наследникот Димитар Ковачевски, исцицаа најмногу пари, преку АД ЕСМ…
Ако биде прибран на распит и биде распрашан, ќе има што да каже и да открие. Може лесно да ја сруши владата и да предизвика далекусежни последици и дома и надвор од границите на Северна Македонија…