logo
Search
Close this search box.

Тврдо ,,спуштање,, во ,,Макпетрол,,

Пишува: Зоран Божиновски

Чекав 17 години и дочекав да го добијам списокот на иматели на командитни акции во ,,ОИЛКО,, КДА Скопје, можеби единственото акционерско друштво од таков вид во Европа. Беше формирано по нарачан и наменски променет дел од Законот за трговски друштво во делот на основањето, па по промената се одржа наменско сообрание на акционери на АД ,,Макпетрол,, во Струга na 17. 12. 2006 и беше основано командитното друштво со акции ,,ОИЛКО,, КДА Скопје. После тоа собрание на АД ,,МАКПЕТРОЛ,, на 18. 01. 2007. е основано командитното акционерско друштво, а КОМПЛЕМЕНТАРОТ (сопственик) Андреј Јосифовски, истовремено и генерален директор на ,,Макпетрол,, лично определил кому ќе подели акции во командитното друштво.

Прво акционерите на ,,Макпетрол,, во Струга гласале на Јосифовски и Саша Лекиќ да им го пренесат комплетно ,,Макпетрол,, да си биде нивни лични имот, за да можат да станат КОМПЛЕМЕНТАРИ во командитното друштво, а потоа главниот комплементар во ,,ОИЛКО,,, Андреја Јосифовски по свое ,,одокативно,, видување определил кој ќе биде командитор. Претходно, акционерите на АД ,,Макпетрол,, воопшто пред одржување на собранието во Струга во декември 2006 година не биле информирани за потребите на формирање, за начинот и за значењето на командитното друштво и која е ползата за нив. Само гласале да биде основано и Јосифовски и Лекиќ да станат комплементари.

Откако било основано командитното друштво, немало изградени критериуми и немало процедура според која е определена вредност на една командитна акција, да биде определено кој може да поседува такви акции, процедура за купување, итн. Комплементарот Јосифовски составил список од 56 командитори, решил како сопственик на АД ,,Макпетрол,, најлојалните, најпослушните и најизвршителните околу него да ги награди и да ги обврзе на доживотна верност, па ги наградил со командитни акции. Промашил кај двајца од редот на тие кои ги сакал послушни. Едниот повеќекратно го спасувал од толпа вработени, од судии и обвинители да не му ја ,,скинат,, главата, па умислил дека може да го купи, ама човекот одбил и решил да си остане со своите колеги од ,,Макпетрол,, да дели добро и зло. Денес е раат во пензија…

Вториот му се спротивставил директно. Зоран Јакимовски беше раководител на правна служба, добил задача од Андреја Јосифовски да му ги подготви сите материјали за собранието во Струга, а потоа да подготви и материјали и документација за основање на командитното друштво во јануари 2007 година, ама Јакимовски протестирал, не сакал тоа да го сработи, бил свесен дека акционерите на ,,Макпетрол, се измамени и дека се влегува во процедура на обезвреднување на друштвото, на пренос на сиот имот на две лица (Јосифовски и Лекиќ) и нивно самоволно однесување во иднина. Заради одбивањето, Андреја Јосифовски на Јакимовски му намени ,,самоубиство со фрлање под воз,,, наводно поради коцкарски долгови. Всушност, Јакимовски бил фрлен под воз, тоа убиство нарачано од Јосифовски беше медиумски прикажано како самоубиство, а платени и корумпирани инспектори од МВР ја довршиле валканата работа на Јосифовски со изработка на соодветна документација која го покрива ,,самоубиството,,…

Во рамките на пресметката со непослушните, Андреја Јосифовски се пресмета со уште еден свој близок соработник, тој како и Јакимовски не сакал да соработува, па бил избришан од членство во управниот одбор и од списокот командитори. Си замина во пензија. Контактирав со него во 2007 година, ми рече дека сите кои биле непослушни кон Јосифовски ,,ТВРДО БИЛЕ СПУШТЕНИ НА ЗЕМЈА!,,. Човекот беше подготвен детално да обелодени што се случувало во ,,Макпетрол,, во периодот пред основање на ,,ОИЛКО,,, ама го спречи неговиот син, тогаш директор во едно скопско јавно претпријатие, со образложение дека сите фамилијарно ќе страдаат ако татко му излезе во јавност со вистината.

Еден од бившите секторски директори во ,,Макпетрол,, има напишано и текст од кој се чита како историјата се повторува во ова акционерско друштво. Како бил изигран законот за трансформација на општествен капитал, како била изиграна Агенцијата за приватизација во декември 1995 година, како тоа клучен документ од тогашната Влада бил потпишан од неовластено лице, како на тој документ го нема потписот на директорот на Агенцијата, единствен овластен да потпишува! Тој текст дополнително ќе го објавам…

Што е клучно во овој период? Андреја Јосифовски, со помош од неговите ќерки Марија и Милица, неговата сопруга од дома, неговите зетови Александар Спасовски и Горан Томовски (сите се во бизнис поврзаност со ,,Макпетрол,,!), решиле со пари исцицани од ,,Макпетрол,, да го купат ,,Макпетрол,,, сега како сопственици на ,,ОИЛКО,, КДА Скопје. Командитното друштво ,,ОИЛКО,,, фирма ќерка основано од акционерското друштво мајка, ,,Макпетрол,, ќе ја купи мајката со нејзини пари! За таа цел, Андреја Јосифовски на 25. 12. 2023 преку Дејан Левески, адвокат на ,,ОИЛКО,, КДА Скопје. На акционерите на ,,Макпетрол,, им дал понуда да им ги откупи акциите по цена од 67.001 денари комад.

Акционерите на ,,Макпетрол,, после основањето на ,,ОИЛКО,, во 2007 година ниту една следна година не добиле дивиденда за своите акции. Јосифовски секогаш нарачувал завршна сметка која искажува или мала загуба или мала добивка, милионите евра од профитот на ,,ОИЛКО,, ги префрлал на своја и на сметките на ќерките Марија и Милица во Велика Британија и Канада, па сега дошло време со тие пари, украдени од акционерите на ,,Макпетрол,, да им ги купи нивните акции. Истовремено не им кажува дека една акција на АД ,,Макпетрол,, вреди од 82.000 денари па нагоре, а не 67.001 денар, колку што им нуди.

Андреја Јосифовски има намера акционерите на АД ,,Макептрол,, да ги измами и да го ограби и на разделба! Ако таа купопродажба се случи, тие пари што ќе ги земат ќе им бидат и отпремнина, бидејќи потоа ќе заминат избркани од работа. Нема веќе ни да пумпаат!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.