,,Ukral je žogo…,,

Криминалецот Илчо Ѓорѓиоски Рошави, тип кој лажно се претставува како претседател на ФФМ, денес точно напладне направи нов скандал. Го намести претседателот на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Чеферин е во Скопје, заедно со Марко Ван Бастен како претставник на ФИФА, повод е пуштање на сместувачки капацитет на некаков капитален објект, како што криминалецот Илчо Ѓорѓиоски го нарекува. Во тој наводно сместувачки капацитет наводно ќе се сместуваат во иднина македонски репрезентативни селекции. Имав намера да присуствувам на оваа ,,свеченост,, ама на влезот добив објаснување дека од страна на ФФМ бил забранет пристап за мене до објектот и во седиштето на ФФМ. Ова ми го објаснија припадници на параполициската единица на криминалецот Сашо Мијалков, со ознаки на униформите ,,СГС,,. Логично е криминалец да брани криминалец, онолку колку што е логично немоќна, неефикасна и урната држава како Република Македонија ова НЕМО да го гледа, а нејзини функционери да доаѓаат на ,,свечености,, во федерацијата, насмеани од уво до уво, да дадат полна поддршка. Како што тоа го направија денес потпретседателот на владата Кочо Анѓушев и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Во нормални земји каква што Република Македонија не е одамна, функционери од извршна и локална власт одбиваат присуство на ,,свечености,, приготвени од криминалци, за одбран круг на (не)луѓе, на кои влезот им е дозволен само на куртон медиуми чии уредници и сопственици однапред ветиле дека нивните редакциски потрчковци нема да ,,брануваат,, за времетраење на церемонијата и нема да ги доведуваат во непријатна положба високите гости…

Ама имав намера, доколку не бев спречен насилно, претседателот на УЕФА да го прашам директно: ,,Господине Чеферин, дали сте вмешани во местењето на пријателскиот меѓународен натпревар Домжале-Земун, одигран на 7 февруари о. г. во Умаг, Хрватска, завршен 3:1, натпревар во чие местење е замешан претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски Рошави?,,. Обезбедувањето на ,,СГС,, бранејќи го Рошави од мојот пристап, а по негов налог, со цел да ме оневозможи да го вознемирам високиот гостин, му направи ,,мечкина услуга,, на Чеферин. Ѓорѓиоски претпоставувал дека знам за ова, затоа што со денови истражувам и јавно се распрашувам за овој натпревар. Еве ги деталите:

Домжале (Словенија) и Земун (Србија) на подготовки во Умаг (Хрватска), на 7 февруари одиграле НАМЕСТЕН пријателски натпревар кој бил одигран 3 : 1. За да помине се во најдобар ред, да се заврши како што завршило, своја улога одиграле и Илчо Ѓорѓиоски и уредникот во весникот ,,Македонски спорт,,, Игор Ивановски викан Иди. Во нивни ,,аранжман,, во Умаг инкогнито отпатувале тројца СЕРВИСЕРИ кои на натпреварот ,,глумеле,, судии: Стефков, Ицев и Недевски се двајца фудбалски судии и еден од нив контролор на судење, ниеден од нив нема ФИФА знак на меѓународен судија. За натпреварот да се заврши како што завршил (3:1) морале да патуваат од Македонија со инструкции од менаџерите Ѓорѓиоски и Ивановски. На овој точен резултат КВОТАТА била 15 (вложуваш 1 евро добиваш 15), натпреварот котирал на сите светски кладилници. ,,Судиите,,/сервисери НИКАДЕ ги нема во протокол од натпреварот, ги нема ниту во извештајот од натпреварот поставен на веб порталот на НК ,,Домжале,,. Aма има фотографии од натпреварот на кои се гледа само еден од судиите /сервисери од Македонија, Недевски. Таа слика е доказ дека македонски судии биле на овој наместен натпревар. Пракса е во вакви прилики да судат судии од околните места. Во случајов, на радиус од 100 км околу Умаг има неколку стотини фудбалски судии од Словенија и Хрватска. Што барале во Умаг македонски судии, неделегирани од никого освен од менаџерите Ивановски и Ѓорѓиоски. И зошто ги нема во протокол, зошто суделе без АМБЛЕМ на дресот, што е задолжително според прописите? Судиската организација не е каубојска дружина без обележја. Тука правилата се ептен строги и јасни.

Инаку, последен индикатор дека натпреварот е наместен за да заврши 3:1 (КВОТА 15 на кладилниците!) е тоа дека последниот ТРЕТ гол за домаќинот Домжале е постигнат во 90 + 3 минута, откако Добровољц ја ,,украл,, топката на средината на теренот, се пробил до пред голот на гостите и од 25 метри неодбранливо го погодил голот од немоќниот глман Остојиќ. Или во оригинал: ,,Dobrovoljc je ukradel žogo na sredini igrišća. Prodrl je proti vratom in s 25 metrov neubranljivo meril v zgornji levi kot nemočnega vratarja Ostojića.,,

Македонските фудбалски судии се познати по вакви инкогнито гостувања по странски земји, по судење на наместени пријателски натпревари како што е овој конкретниот, Домжале-Земун. Конкретниот натпревар е интересен и поради тоа што НК Домжале е словенечки клуб, потекнува од истата земја од која потекнува и актуелниот претседател на УЕФА, Александер Чеферин, денешниот гостин на криминалецот Илчо Ѓорѓиоски Рошави. Денес ме спречија в лице, најдиректно да го прашам Чеферин за местење на овој конкретен натпревар. Можеби некој спортски новинар од Хрватска, Србија или Словенија, инициран од овој текст ќе му го постави тоа прашање на Чеферин.

Македонските спортски новинари нема тоа да го сторат. На платен список се кај Ѓорѓиоски, како нивните медиуми. Пример се ,,ЕКИПА,, и ,,МАКЕДОНСКИ СПОРТ,, со 200.000 денари месечно, за да не брануваат и да не го вознемируваат газдата на македонскиот фудбал. Да бидат ставени на најтешки измачувања нема да признаат дека на фотографијата од Умаг е ,,судијата,,/сервисер Недевски…

 

 

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.