Пишува: Зоран Божиновски
Овде имате само еден познат пример, како ДПМНЕ, СДС и ДУИ смислиле начин, со помош на поранешната УДБА да дојдат до измислени парцели сред градски паркови и зеленила, таму каде не им е место. Ви ги давам годините кога како настанувале промените, на примерот со парцелата кај МАЈЧИН ДОМ, во Општина Аеродром. Според годините ќе си пресметате кој политичар бил власт, кој бизнисмен бил политичар и обратно.
Главниот трик е да се измисли ,,граѓанин на Србија,, кој НЕ ПОСТОИ воопшто. Основен суд носи прво одлука дека на тој граѓанин ,,некогаш и некаде, врз основа на нешто,, од неговите предци му останало земјиште. Врз основа на таа фалсификат пресуда, на ,,граѓанинот на Србија,, кој како по дефиниција е на список на некогашната УДБА и одамна не живее во Македонија, му враќаат имот. Еве тоа е конкретно случај со СЛОБОДАН ЦВЕТКОВИЌ. Му враќаат со пресуда парцела во Општина Аеродром, кај Мајчин Дом, иако со таа парцела во животот никогаш ниту едно физичко лице претходно немало никаква врска…
Вака измислени ЦВЕТКОВИЌИ има вкупно 133 само во Скопје. Толку има измислени сопственици/наследници, толку има измислени пресуди дека имотот е нивни, па им се враќа! Можеби се и повеќе!? Мојот извор ми наведува 133 за кои тој знае…
Откако завршува судскиот фалсификуван дел, настапуваат нотари, се впишува имотот, како оваа парцела кај ,,Мајчин Дом,, во Аеродором, па се продава на приватна фирма, која е од Кочани како што покажува историјатот на парцелата. Па ја купува една фирма, па ја препродава на трета фирма, која е на Фатмир Етеми, а тој потекнува од ДПА на Мендух Тачи и веќе има добиено на подарок фирма ,,МЕРКЕЗ,, Скопје, во колаборација со ДПМНЕ. Па со нив прво сработува зграда сред градскиот парк во Чаир, па продолжува понатаму кон Аеродром и Карпош. Насекаде со кредит од ,,Комерцијална банка,, АД во која добива мултимилионски кредити за да почне градба, а после ги гради зградите преку продажба на станови, деловни простори, гаражи. Тие што купуваат исто така се упатени на кредити во ,,Комерцијална банка,,. На крај Етеми станува и банкар!
Исто како и Ванчо Чифлиганец ,,АДОРА,,, како и Исмаил Јахоски ,,ПУЦКО ПЕТРОЛ,,, Димитар Тодоровски ,,ЕЛИНГ,,, Ивица Коневски ,,ГОЛДЕН АРТ,,. По нивни стапки одат поголемиот број урбани мафијаши кои благородно се нарекуваат и градежници! Градат урбано мафијашка пирамида преку која перат огромни количини валкан капитал од цел свет. Македонија е во моментов најголемата перална на пари од криминални приноси, во Европа…
Еве како тече криминализација на еден урбан простор во Скопје, по модел на урбаната мафија. Пример е парцелата кај ,,МАЈЧИН ДОМ,, Во Општина Аеродром:
1. 1929-1931, извршен премер 1929/31 година, евидентирана парцела на Земјоделско Стопанство Острово…
2. 1973 година, оформена парцела од страна на Собрание на Град Скопје, градина од 1ва класа на Земјоделско Стопанство Острово.
3. 1977 година се формира парцела во сопственост на Град Скопје, како неплодно земјиште.
4. Во 1993 година парцелата го менува сопственикот, преминува како сопственост на Република Македонија.
5. Во 2002 година при устројување на Катастар, парцелата престанува да постои под име КО Скопје и настанува парцела КП 192/3 на Катастарска општина Кисела Вода 2.
6. Во јули 2007 година врз основа на пресуда на Основен суд Скопје 2, донесена во ноември 2001 година, на волшебен начин се појавува сопственик на парцелата, СЛОБОДАН ЦВЕТКОВИЌ. Па парцелата станува негова сопственост, ама како неизградено земјиште…
7. Во 2008 година парцелата ја купува фирма ,,ЕВРОПА КОМЕРЦ,, од Кочани.
8. Во ноември 2014 година парцелата ја купува фирмата ,,МАСИВ КОНСТРАКШН,, Скопје. Во сопственост им е запишана во 2015 година.
9. Во декември 2017 година парцелата ја купува фирмата ,,ЗСФ КОМ,, Скопје. Во 2018се запишува како сопственик оваа фирма, сопственикот ФАТМИР ЕТЕМИ гради згради…
(има уште)