logo
Search
Close this search box.

Урбаномафијашка контрола

Урбаната мафија го контролира парламентот…

Пишува: Екипа на Буревесник.Нет

Претседателот Пендаровски има законска надлежност и обврска да покрене истраги и да ги утврди условите кои влијаеле за донесување на Законот за легализација на дивоградби! Исто така, пратеничкиот имунитет има основа да се одземе доколку со истрага се докаже дека некој од 72 пратеници кои гласаа или членови на Владата на Зоран Заев кои го предложија, имале личен, деловен или скриен интерес и договор со „урбаната мафија„ да биде донесен Законот за легализација на дивоградби кој Претседателот Пендаровски во усвоената форма одби да ги потпише како спротивен на Уставот и законитоста.

„Фактот дека со овој Закон се легализираат противзаконитите постапки на физички и правни лица за бесправно градење, кое е определено како кривично дело во Кривичниот законик, ги става во нееднаква положба правните субјекти и ја нарушува правната сигурност “ се вели во образложението на Претседателот Стево Пендаровски.

Не помалку јасна е и Претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, според која  „Во деловникот на Владата содржан е член со кој што Владата се обврзува важните закони да ги доставува до антикорупциската комисија за да изврши антикорупциска проверка пред да се достави до Собранието, меѓутоа, овој закон не беше доставен и до сега Владата воопшто нема доставено закони. Мислам дека треба таа пракса да се воспостави затоа што е многу важна – но, како и да е, ни останува правото тоа да го направиме и да ја поднесеме  иницијативата до Уставниот суд , па уставните судии нека вршат оценка.“

Иако нема дилема дека истиот Закон повторно ќе се најде во собраниска процедура, па и повторно може да дојде на потпис кај Претседателот на Републиката, сериозно се поставува прашање од кои причини 72 пратеници гласале, за усвојување на закон кој според Пендаровски и Ивановска е спротивен на Уставот? Не е никаква тајна дека многу семејни објекти , но, и деловни центри, хотели, фабрички погони се изградени на државно земјиште или како дивоградби. Ако се има предвид дека во целата држава вредността на објектите и државното земјиште како и вредноста на постапките за нивна легализација надминува милиони, ако не и милијарди евра, често внесени од странство, сериозно се поставува прашањето за финансиските аспекти на предложениот од Владата, усвоениот од Собранието со само двајца дискутанти а потоа одбиениот од Пендаровски, Закон за легализација на дивоградби?

Политичка и полициска истрага би довела и до сериозни информации за потеклото на парите, но и начинот на кој тие куќи, стамбени згради, деловни објекти, трговски центри и мали или големи фабрики биле изградени и зошто надлежните инспекциски органи не реагирале на време, па сега да не мора по којзнае кој пат да се носи закон за легализација на беззаконието и во градежна, но и во финансиска и правна сфера? Таквата истрага воопшто не е тешко да се спроведе, особено што основна информатичка технологија и следење на управните постапки во секој поглед даваат можност да се следи текот на градбите, но и токот на парите, при што ниту членовите на локалната самоуправа, Владата или Собранието можат да ги сокријат своите постапувања!

Овде најмала е дилемата за пратеничкиот имунитет или министерската или политичка недопирливост на општинско ниво, бидејќи, според малку посериозни анализи, за посочените кривични дела во „урбаната мафија „ сосема е јасно дека казните се поголеми од лимитираните 6 месеци казна затвор, за на секој пратеник за кој ќе биде докажано дека е инволвиран во корупција со дивоградби, да му биде одземен имунитетот и да заврши пред суд а потоа и во затвор, се разбира со одземање на незаконски стекнатата материјална корист!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.