Увод, за лагата која долго трае (1)

Случајот од најголем регионален интерес, случај кој ја потресе јавноста и уште предзвикува интерес, двократното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во петок, 20 септември о. г. ќе го има својот почеток. Љупчо Палевски се обраќа на јавноста, со писмо кое ќе биде објавено во четири продолженија. Избрал тоа да биде преку Буревесник. Го објавувам писмото, без скратувања, во интегрална верзија…

Подготвил: Зоран Божиновски

Една година речиси континуирано трае една голема лага за еден голем злостор! Како и секој нормален, за убивање на дете и старец сметам дека треба да се суди најстрога казна, но прашањето е кому и како ? Се додека не заврши истрагата, додека не добив обвинение, ќутев, но и го видов она што веќе го знаев, а тоа е корумпираноста на медиумите и катастрофално нискиот човечки потенцијал во таа професија. Тоа се портали, само по форма, во суштина класични полициско-обвинителски алатки со кои веќе 30 години го лажат македонскиот народ, кому никако да му тргне, еве сега, после избори…

Во овој злостор, во кој сум обвинет, Оливер Спасовски, бившиот и Гаврил Бубевски актуелниот послушник на СДС од прославеното СЈО ги брифираа медиумиве со лаги кои веќе една година безочно се истураат врз народот. Наместо информирање, масовно со лаги се брифирани новинарите, за потоа народов со лаги да се чувствува информиран, во тек со лаги да биде! Веднаш ќе Ви го цитирам Оливер бившиот кој на 4 декември 2023 година изјави од позиција на власт, министер во МВР. Имено, тогашната опозиција, а денешна Власт, му постави прашање со обвинување дека ЈАС сум имал дојава па сум побегнал. Одговорот сите Вие го објавивте, но сте го „заборавиле наменски“, а тој е следниот:

„НА 30 ноември 2023 ГОДИНА КОГА ПАЛЕВСКИ ЗАМИНАЛ, НЕ БИЛ НИ ОСОМНИЧЕН, ПА ЗАТОА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОЈАВА“, цитат завршен.

Абре бруки големи, на регуларни гранични премини, со регуларна патна исправа, со регуларен автомобил сум патувал, како не Ви е срам толку евтино да лажете, како и да звучите, на 2 декември 2023 година, во 05.00 часот изутрина веќе бев во Турција! Информативните разговори се после тоа направени, бруки едни. Во ќелијава во која го терам притворов слушам вести на Македонско радио, од Буџет и од народ финансирано и слушам „ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ И СОРАБОТНИЦИТЕ“. Па сум бил во бегство, па сум успеал да побегнам од Белград во Турција, просто неверојатно количество на лаги и нарачки живеат, но зошто Оливер и Гаврил толку многу се трудеа, но и денес се трудат медиумиве толку да лажат ќе го слушнете во мојот уводен говор на 20 септември 2024 година во Судот.

Па тоа е причината после овој краток увод да почнете да читате серијал од текстови со аргументи, ако воопшто знаете што значи тоа?! Послушниците на Гаврил Бубевски НЕ го докажале присуството на осомниченото возило на местото на настанот, НЕ докажале МОЕ присуство на местото на настан, НЕ докажале присуство на ПАЛЧО во Рено Кангу кое е осомничено возило и многу, многу интересни докази, но и искази во ОЈО, како осомничено лице 24 часа Е ТЕПАНО, со експлицитна наредба да каже дека Палчо ја убил Вања. ДА, ДА, искази во ОЈО запишани, со прецизен опис на ќотекот!

Во име на ЗЛОСТОР секој ден правите уште поголемо ЗЛОСТОРСТВО затоа што ја убивате правдата, вистината, снимени се инспекторите како со главата на обвинет направиле дупка во ѕидот на полициската станица, бруко новинарска!

05/09/2024

Љупчо Палевски Палчо, с. р.

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.