ЂУЗО од ,,Џовани,, тренира да биде Генерал во МРТВ!

До денес МРТВ има скоро па вечни директори, ама деновите им се одбројани, доаѓа ЂУЗО…

Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски

Неколкумина општествено неодговорни, домашно невоспитани, со недооформено високо образование и недостаток општа култура за да разликуваат РЕЗИСТЕНТНО од РЕЗИДЕНТНО, ме пријавиле до Комисија за заштита од дискриминација. Од таму добив ПРЕПОРАКА да им се извинам и уште серија други глупаво срочени објаснувања кои НЕ ГИ ПРИФАЌАМ па на заканата со прекршочен суд одговорив дека едвај чекам да се сретнам таму, на процес со пријавителите. Таму сакам да се соочиме и да ги прашам на кумановски:

,,Зашто се кецате по клозети у радно време?,,

,,Зашто немате завршено факултет а обављате одговорни функције?,,

,,Зашто не сте научиле на време што значи РЕЗИСТЕНТНО а што РЕЗИДЕНТНО?,,

И така натаму во таа насока. Се разбира ако дојде до наше соочување на прекршочен суд, ќе имам и други слично пријатни прашања!

Инаку, ги оставиве некое време моиве ,,пациенти,, да умислат дека се раат и дека веќе нема да бидат гибани, во меѓувреме продолжив комуникација со моите внатрешни извори, па еве еден пригоден текст на актуелна тема, со уводна напомена:

Другар му на премиерот од култниот LOUNGE RESTAURANT GIOVANI, надалеку прочуен под прекарот ЂУЗА веќе себе се гледа во фотелјата на Генерален директор на МРТВ, наместо криминалецот Марјан Цветковски и заменикот Загарије Вулваракис..

Сега читајте што пишува мој внатрешен извор:

Дивеењето на раководството во МРТВ е на највисоко можно ниво, исто така и нивната паника. Сите се свесни дека деновите на актуелното директорско раководство и нивната верна дружина се одбројани и дека неминовно се приближува крајот на нивното владеење. Сега во очај, влечат последни потези со цел да се спасат барем дел од најпослушните кадри. Не зошто многу ги сакаат, повеќе за да ги затскријат, во спротивно може да ги предадат во процесите кои се очекуваат. Иако со години голем дел од нив се наместени на функции за кои не исполнуваа услови, очигледно останале уште позиции за „доразместување“.

Станува збор за луѓе кои со години правеа пустош, ги газеа законите и без никаква одговорност ги полнеа сопствените џебови и џебовите на своите ментори, по најразлични основи. Се се одвиваше според истата матрица на управување што доминира во фирмата веќе петнаесет години – бескрупулозно, без законска основа и водено исклучиво од лични и партиски интереси.

Ова претставува само уште една алка во долгата низа небулози што континуирано се наметнуваа: поставување и преместување несоодветни лица на високи функции, без соодветно образование, без релевантно работно искуство и без професионални квалификации. Единствениот критериум отсекогаш била послушноста и безрезервната лојалност кон директорските структури.

Целиот овој процес се одвиваше, а и понатаму се одвива, со целосна поддршка и премолчена согласност од Програмскиот совет, кој повеќе од шест месеци ги толерира истечените директорски мандати. Со тоа, овој орган директно соучествува во незаконското работење и во континуираното оштетување на буџетот. За релативно кратко време, членовите на Советот направија сериозни и суштински грешки: избрзано прифаќање на буџетот за 2026 година без постоење Надзорен одбор, донесување нов статут иако самите се избрани според постоечкиот, нераспишување конкурс за директор на МРТ, со цел сегашниот директор со одамна истечен мандат да продолжи со истата практика.

Очигледно е дека уште од нивното формирање, сè е подредено на намерно одолговлекување на процесите. Под закрила на Програмскиот совет се склучуваат бројни договори со продукции, копродукции и сродни субјекти, како и долгорочни договори за откуп на програма со сомнителен квалитет, драстично преценета во однос на нејзината реална вредност и вложените средства.

Паралелно со тоа, со години се реализираат набавки на застарена техника, со јасна намера да се распишат што е можно повеќе тендери во најкраток временски период. Кулминацијата на ваквото расипничко и нетранспарентно работење е таканареченото „виртуелно студио“, кое на годишно ниво чини милиони евра преку континуирано изнајмување техника и репортажни возила од приватни фирми. Апсурдот е уште поголем ако се земе предвид дека сопствената техника на МРТ, која е значително поквалитетна, со месеци стои неискористена во гаражите.

Само во период од шест месеци, на овој начин се реализирани огромен број музички, забавни, дневно-информативни и спортски настани, со што дополнително се продлабочува финансиската штета и се создава јасен впечаток на намерно и системско исцрпување на ресурсите на Јавниот сервис. А за тоа си потпишуваат сите во синџирот, од уредниците, спроведено од секторот за финансии, маркетинг и правна служба, со кои диригира едно исто лице кое сега моли да биде прераспределен, за некако да се извлече како што мислат дека ќе се извлечат другите кои беа прераспределени пред извесно време.

Вмешаноста на Програмскиот совет и нивното континуирано одобрување на овие постапки претставува отворено соучесништво во долгогодишните злоупотреби што ги спроведува раководството на Јавниот сервис преку своите избрани послушници. Сега се заинтересирани како да му угодат на директорите со одамна истечени мандати Марјан и Захарије кои бараат итно измени во систематизацијата, за да ги вметнат заслужните послушници на подобри позиции. Не е точно дека во тоа Советот нема вина – тие имаат законска можност да го повикаат директорот на одговорност, па дури и да го отповикаат. Наместо тоа, со тоа што тие дозволуваат натамошно владеење на нелегитимните директори, ја поддржуваат нелегалната поставеност на „одговорни уредници“ – послушници, што претставува уште една алка во истиот синџир.

Станува збор за лица кои, водени од лична корист, варијабили, привилегии или атрактивни ангажмани, безрезервно извршуваат сè што ќе им биде наложено, без да размислат дека правдата можеби еден ден ќе ги стигне.

Логиката на директорите е јасна: тие сметаат дека токму овие „уредници“ во некоја судска разврска ќе ја понесат главната одговорност, додека самите ќе се обидат да се извлечат, криејќи се зад функции, одлуки на колективни тела кои сами ги поставиле за таа цел. Но, сè поочигледно е дека овојпат разврската нема да биде таква.

Голем дел од вработените со нетрпение го очекуваат моментот на целосна разврска и одговорност, кога буквално сите што биле дел од овој раководен и одлучувачки синџир ќе мора да одговараат за своите постапки. Не е мал бројот на оние кои со години уживаат како бубрези во лој, не работејќи ништо, само евидентирајќи се дека постојат, а често не ни доаѓале на работа, додека во нивно име се евидентирале други нивни колеги. И така во недоглед. Се чинеше дека во оваа наша држава веќе е видено сè, но од богатата архива на МРТ, сè укажува дека најголемите афери и најдлабоките криминални врски допрва ќе излезат на виделина.

Во прилог на тоа спаѓаат и бројните судски процеси што МРТ и директорите редовно ги губат – тужби од фирми на кои со години им должат, како и од вработени кои се охрабриле да ја побараат правдата пред суд и ги добиле процесите. Имало и случаи во кои директорите, и покрај добиените пресуди, одбивале да ги исполнат, што претставува кривично дело од посебен вид. За ова во некоја друга прилика, кога ќе добиеме подетални информации „од архивата на МРТ“.

Сето тоа со години се акумулира во досијата на директорите и на сите оние што ги промовирале и поставувале на раководни позиции, во сите сектори и на сите нивоа. Докази за овие постапки постојат, како и за сите имиња што прифатиле „да влезат во игра“, без да ја согледаат целосната слика. Фирмата ги губела судските спорови и плаќала, но тоа било безболно сè додека се плаќало со државни пари.

Прашањето е: до кога? До кога ќе траат овие тортури, злоупотреби, понижувања и криминално работење? Ако се знае дека надлежните институции со години ја следат состојбата, наводно чекајќи „погоден момент“ за интервенција, јасно е дека сите рокови одамна се поминати. Време е овој кошмар да заврши, а сите сегашни и поранешни соучесници да бидат изведени пред лицето на правдата. Да почувствуваат на своја кожа дека некаква правда сепак може да има, колку и да била задоцнета. Овие НЕлуѓе мора да одговараат и да платат за злоделата. Само така може да се обезбеди нај минимална сатисфакција за сите чесни вработени кои со години ги трпеа последиците од ваквото работење, за жал и за оние кои од нивниот долгогодишен мобинг и тортура не доживеаја пензија.

Одговор на дел од главните прашања се следниве чекори :

Итна оставка на директорот на МРТ, директорот на МТВ и на сите одговорни лица кои раководат со институцијата со истечени мандати.

Распишување јавен, транспарентен и законски конкурс за избор на директор на МРТ, без понатамошни одолговлекувања

Итна вонредна финансиска и програмска ревизија на работењето на МРТ за последните години, со посебен фокус на:

  • договорите со продукции и копродукции,
  • долгорочните договори за откуп на програма,
  • набавките на техника и тендерските постапки,
  • трошоците поврзани со т.н. „виртуелно студио“.

Итно постапување на Јавното обвинителство, со отворање предистражни и истражни постапки за сите индиции за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и непочитување на судски пресуди.

Реакција и надзор од страна на АВМУ, во делот на законитоста на работењето и исполнувањето на јавниот сервис.

Вклучување на Владата на Македонија, со цел итно прекинување на институционалната блокада, обезбедување законитост во управувањето и враќање на МРТ во служба на јавниот интерес.

Ова не е политичко прашање, туку прашање на законитост, одговорност и заштита на јавните средства. Секое понатамошно молчење и неактивност ќе значи директно преземање одговорност за продолжување на штетата и заштита на незаконските практики.

Време е за крај на долгогодишната злоупотреба на Јавниот сервис. Време е за одговорност, транспарентност и вистинска реформа.

(авторот е вработен во МРТВ)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости

Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.
Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.