Васко фалсификаторО!

Пишува: Зоран Божиновски

Миленикот на екс премиерот Зоран Заев, негов омилен директор додека премиеруваше, ВАСКО КОВАЧЕВСКИ регуларно завршил само средно училиште и стручни студии од ПРВ ЦИКЛУС на техничкиот факултет во Битола, доволно само да може да се вработи во РЕК Битола како остручен кадар. Според професор од Техничкиот факултет, заедно со Ковачевски во академската 2010/2011 остручиле една таква генерација. Професорот ми тврди дека ВАСКО КОВАЧЕВСКИ не дипломирал на тој факултет.

Ама, на факултетот во Битола ординира проф. др. Константин Петковски, кој е поврзан со АЦЕ МИЛЕНКОВСКИ и ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ, сопственици на Универзитетот за менаџмент и туризам во Скопје. Бидејќи професорот Петковски знаел дека на неговиот сограѓанин Ковачевски ќе му треба магистерска диплома која носи 300 ЕКТС поени, а увидел дека неговиот омилен студент не може да заврши факултет па уште да магистрира, како негов професор од Техничкиот факултет го трансферира кај АЦЕ и ДАЦЕ во Скопје.

Аце Миленковски веќе деценија и пол игра улога на ректор на приватниот универзитет основан со украдени пари од сите нас преку Царинската управа кога Даравелски беше директор, ЗЛОУПОТРЕБИЛ СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА кога во името на правното лице (универзитетот) дозволил упис на Васко Ковачевски на ВТОР ЦИКЛУС студии за наводно да студира и да магистирира во неговото и дуќанчето на Даравелски за штанц на фалсификатни дипломи.

Васко Ковачевски, според професорот кој ми е извор од Техничкиот факултет во Битола запишал претходно стручни студии на нивниот машински факултет, одсек термотехника и се остручил таман толку колку да се вработи во РЕК БИТОЛА и да работи на работни места кои се поврзани со таа струка. Никако не исполнувал услови за директор, особено не за генерален директор.

Фалинките т.е. некапацитетноста на Васко Ковачевски, навремено ги увидел неговиот ментор проф др Константн Петковски, па го трансферирал кај Аце Миленковски на фиктивно студирање, па му продале магистерска диплома, се здобил со звање магистар по менаџмент за човечки ресурски, скратено КАДРОВИК!

АЦЕ МИЛЕНКОВСКИ викан THE BEST, злоупотребил службена положба на ректор на приватниот универзитет специјализиран за продажба на фалц дипломи, па го запишал на ,,студии,, Васко Ковачевски и покрај тоа што знаел дека постои ЕДЕН елаборат за усогласување на студиската програма од прв циклус стручни студии по Енергетика и заштита на животна средина во кој недвосмислено е наведено:

Студиската програма прв циклус стручни студии после нивното завршување не дозволува т.е. не овозможува директен премин на втор циклус студии.

на ректорот АЦЕ МИЛЕНКОВСКИ и на менторот проф др КОНСТАНТИН ПЕТКОВСКИ сепак им бил битен кешот кој го давал еден починат битолски бизнисмен кој му ја купил магистерската диплома на ВАСКО КОВАЧЕВСКИ.

Па така, Ковачевски во академската 2012/13 иако законски не смеел сепак прпдолжил да студира кај Аце Миленковски, под менторство на дупљакот ПЕТКОВСКИ, кој ем предава на Технички факултет во Битола, ема кај АЦЕ ТХЕ БЕСТ. Со уписот на Васко Ковачевски на овој универзитет во втор циклус на студии директно бил прекршен членот 108 од законот за високо образование. Во челнот пишува дека лице кое завршило стручни студии не може да се запише на академски студии од втор циклус. Академските студии од втор циклус кај Аце и Даце се од несродна научна област во однос на стручните студии од прв циклус во Битола на Технички факултет.

Со издавање на дипломата за Магистер по менаџмент на човечки ресурси на лицето Васко Ковачевски, Аце Миленковски го прекршил и законот за високо овразование поради неможност овој да ги запише студиите по менаџмент.

Токму поради ова, во архивата на РЕК БИТОЛА и на АД ЕСМ во Скопје, каде Васко Ковачевски директоруваше како генерален директор, именуван од премиерот Зоран Заев, од управен и надзорен одбор, ЈА НЕМА ДИПЛОМАТА од предидпломските студии по менаџмент, туку во двете архиви е депонирана магистерската диплома по менаџмент, купена од ректорот Аце Миленковски, преку посредникот проф др Константин Петковски, платена од починт битолски бизнисмен. Во оваа диплома, Аце Миленковски како ректор му ги запишал неопходните 300 ЕКТС поени за да исполни услов за функцијата генерален директор на РЕК БИТОЛА и АД ЕСМ.

Премиерот Зоран Зев и комплетните управни и надзорни одбори во РЕК БИТОЛА и АД ЕСМ, знаеја дека Васко Ковачевски не поседува соодветно образование за функциите на кои го именувале, знаеја дека има купена диплома по менаџмент кај Аце Миленковски и Драган Даравелски, ама се правеа од нетука, како да немаат поим.

Благовремено и на премиерот и на неговиот кабинет и до управните и надзорните одбори, пишував дописи по мејл комуникација, ги известував и барав преиспитување на овој криминален случај, ама молчеа, не одговараа и ги игнорираа моите дописи.

На Аце Миленковски, Зоран Заев (преку брат му Вице!), на Васко Ковачевски (преку љубовницата Ана Ѓорѓиева!) и на проф др Константин Петковски им побарав изјава за ова, за да ја слушнам и објавам и другата страна, ама решија да молчат.

Сега, од новото раководство на АД ЕСМ и од РЕК БИТОЛА барам да ги повикаат соодветните институции и ова да биде институционално расчистено и соодветно санкционирано. Истото го барам и од министерката за образование Весна Јаневска. Таа вети преиспитување на ваквите случаи…

За потребите на оваа емисија, пред осум дена испратив прашања до сите директни и индиректни учесници во овој тип на организиран криминал. Од Зоран Заев сум блокиран за комуникација, па му пишав преку брат му Вице Заев, ама одговор не добив. Заев како премиер знаел дека Ковачевски има фалсификат диплома уште кога го именувал за генерален директор на РЕК БИТОЛА, ама тој факт го игнорирал. Му пишував и тогаш кога ова беше актуелно, преку Канцеларијата за односи со јавност во Владата. Глумеше дека е од нетука!

Блокиран сум и од Васко Ковачевски, па нему му се обратив преку неговата интимна пријателка АНА ЃОРЃИЕВА, негова придружничка на луксузни патувања во странство, ама и содружник во трошење на украдените пари. Нема одговор ниту од Ковачевски. Кога нема време, парите украдени од нас, Ана Ѓорѓиева ги троши преку свекрвата или преку сопругот кои одвечер дома добиваат список со задачи кои треба да ги завршат по Битола, оти таа со спонзорот Васко мора да отпатува и нема време да губи по Битола. Значителен процент од украдените пари е потрошен на купување имот кој е впишан на име на Ѓорѓиева. Одговор на мои прашања од Ковачевски не добив!

Молчи и ректорот на универзитет за менаџмент и туризам Скопје, Аце Миленковски. Молчи и продава дипломи. Јавна тајна е дека универзитетот на кој е сопственик заедно со бившиот правосилно осуден директор на Царинската управа, Драган Даравелски. Овој универзитет е основан и функционира од украдени пари од страна на Даравелски. По неговото бегство во Србија и тамошно чекање да му застари 7,5 годишната затворска казна, Миленковски водеше сметка за приходите од продадени фалсификатни дипломи и вака заработените нечисти пари му ги носеше на Даравелски во Белград. Тој пак таму, со тие пари си купуваше мир од криминалните кланови гладн за пари.

Изјава побарав и од менторот на Васко Ковачевски, проф. др Константин Петковски, битолчанец кој тера професура на Техничкиот факултет во Битола, ама паралелно е професор специјализиран за корупција на универзитетот кај Даравелски и Миленковски. Професорот Петковски трансферира студенти неспособни да завршат факултети од техничката сфера, на универзитетот кај Миленковски и Даравелски. Во Скопје купуваат дипломи со кои премиери на Македонија ги именуваат на високи државни функции…

Во 2022 година пишував на оваа тема дописи и до управниот и надзорниот одбор на тогашно ЕЛЕМ АД, подоцна АД ЕСМ. И тие ги игнорираа моите дописи, заедно со тричлена комисија која по распишан оглас ги разгледала поднесените документи за генерален директор. Дале зелено светло Васко Ковачевски да стане директор на можеби најпрофитабилнотот акционерско друштво во државата, иако од авон се гледа дека е фалсификат, ама е и јавна тајна.

Член на надзорен одбор во АД ЕСМ беше битолчанецот Сашо Додовски, кадровик во СДСМ Битола кога таму ведреше и облачеше Ковачевски. Додовски, специјалист за образовна корупција денес е актуелен советник во министерството за образование раководено од министерката Весна Јаневски. Така, оваа образовна корупција, штетна по сите нас, има свој континуитет. Додовски е гаранторот во оваа министерствот дека нема да има никаква ревизија на ваквите дипломи и дека нашите универзитети ќе продолжат со фалсификатната продукција на дипломи за неспособни како Васко Ковачевски. Апсурдно звучи податокот дека Ковачевски при аплицирање на оглас за функција генерален директор, не поднела диплома од преддипломски студии, туку само магистерска диплома. Тој сметал дека маагистерскиот фалсификат му е доволен, а комисијата во ЕСМ АД не нашла ништо спорно во тоа. Таква диплома нема во архива на ЕСМ АД. Причината е проста. СО неа ќе морал да поднесе и уверение за положени испити на универзитетот за менаџмент и туризам, а такво нешто не поседува. Дури и да поседува, лесно се докажува дека датумите од тие испити не се совпаѓаат со негово присуство во Македонија.

За крај на ова издание на емисијата Со лесно буревесник, да истакнам уште еднаш. Ова незаконско именување, прво на функција генерален директор на РЕК БИТОЛА, па потоа и на функција генерален директор на ЕСМ АД, државата или сите нас кои ја чиниме, ја кошта 5 милијарди денари минус или околу 81 милион евра украдени пари, преку наместени тендери. Толкав минус остави Васко Ковачевски пред да биде сменет од функцијата. Екс премиерот ДИмитар Ковачевски викан Ќурка, сепак неговото заминување од ЕСМ АД го нарече оставка поради желба да му се посвети на семејството.

ДО некаде е во право, ВаскоКовачевски неколку години му е посветен на семејството Ѓорѓиева од Битола и на реализација на желбите на интимната пријателка Ана…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.