Овој серијал од текстови е напишан за членството на Десна, за моите пријатели и другари со кои 60 години сум живеел, но пред и над се за моето семејство, за да знаат дека НЕ СУМ УБИЕЦ на ДЕТЕ и СТАРЕЦ.
Пишува: Љупчо Палевски
Подготвил: Зоран Божиновски
Тоа што ОЈО Скопје, прво изврши истрага на 2 јули 2024 без да ми дозволи увид во списите и доказите прибрани во таа истрага, па дури на 12 август 2024 добив и обвинителен акт, па дури после 4 дена од обвинението судот ми ги достави списите (на 16 август), резултираше тоа да наместо да имам 8 денови за приговорам на актот, да ми преостанат само три дена. Прва причина е некако да прошверцуваат обвинение без ниту еден доказ против мене, што им успеа затоа што Советот кој оценува квалитет на обвинение, НЕ оценувал квалитет на докази, туку само деловодни броеви и датуми. Во ред, на рочиште, бруката ќе биде споделена јавно. Втора причина е да НЕ ги видам исказите на другите обвинети кои признале вина, кои се лажни нормално, а врз нив ОЈО изградила стратегија за обвинение против мене. А лажовиве новинарски нашле причина за пљукање и лажење на народ.
Трикот Велешки е многу прост и едноставен, убиецот се досетил и направил стратегија и тоа три дена откако јас заминав на пат за Турција, со што ако ги фаќаат тогаш ПРИЗНАВАЈ СЕ, НО ТОВАРИ ГО ПАЛЧО, ТОЈ Е ОТСУТЕН, НЕКА СЕ СНАОЃА, а Оливер ќе се радува, во суштина задоволни и власт и опозиција, популарно Курто и Мурто! Од 5 обвинети, убиецот Велибор Манев и помошникот Влатко Кешишев, кој му бил потребен, затоа што тој располагаше со денес осомниченото возило „Рено Кангу“ кое му било потребно на убиецот Велибор Манев!
Само со Исказ кој е ЛАЖЕН е сето ова направено, па затоа и ОЈО кое го има докажано Велибор и со ДНК, а тоа значи со присуство и управување со возилото, го имаат и на телото на Вања, го имаат во тепачки претходно со Панче, го имаат на снимка од камери како пунат бензин со помошникот признавач. Сосема спротивно, по негов исказ ОЈО тврди дека јас сум се појавувал на крајот само за да убијам дете и старец. Пари НЕ барам, ама сум бил во договор со таткото на Вања!
Од 5 обвинети, 3ца го НЕГИРААТ ОБВИНЕНИЕТО!
Но напорите на ОЈО да дојде до судска постапка, без јас да ги видам исказите со кои ме товарат, делумно успеа! Но постои и трет, денес обвинет, кој на 03 декември 2023 беше исто така уапсен, исто како и Велибор ме посочил, но на крајот од декември 2023, кога доби и адвокат, истиот во ОЈО на записник го променил исказот со многу интересни содржини, кој ќе го читаме на суд во целост. Боре Видевски е тепан 24 часа со паузи, за да се освести и е приморан СО ЌУТЕК да каже дека Љупчо Палевски ја убил Вања Ѓорчевска. Ова е исказ на еден од обвинетите, кој ќутекот во Записник го објаснува!
Нормално, овие бљувотини од медиуми за ова НЕМА да ја информираат со право загрижената јавност, НЕМА да објават зошто токму Велибор Манев посочува на мене и на Боре Видевски. Тој го измисли таткото Александар, затоа што сам во исказ кажува „Инспекторите ми потврдија!“, токму тој е докажан од МВР оддел, со ДНК на возачко место, точно на браник за сонце! Убиецот Велибор Манев е раскошен во лагите, раскажува дека јас сум ја сликал Вања и сум им покажал слики и тоа потенцира дека сум сликал со мојот телефон. Дециден е, не сум сликал со некој таен телефон кој го нема денес, туку децидно „Со неговиот телефон“, т.е. со мојот. Убиецот НЕ разбира дека токму и тоа е причината зошто ВЕДНАШ ги откључив телефоните, спротивно дури и од советите кои ги добивав, затоа што знам дека МВР оддел форензика дури и избришани слики МОЖЕ ДА ГИ ВРАТИ, ДА ГИ ПРОНАЈДЕ, а кога знаеш дека тоа девојче кое е убиено НЕ ГО ПОЗНАВАШ, а НЕ ПАК ДА ГО СЛИКАШ, зошто да не ги вештачат телефоните, СУПЕР! Затоа веднаш им дадов пристап до нив.
Денес ОЈО во доказите НЕМА слики од Вања на телефонот на Палчо или било кој мој уред. Мојот фејсбук профил НИКОГАШ откако е отворен НЕ отворил профил на Александар и Зорица Ѓорчевски, затоа што НЕ ЗНАЕВ дека тие луѓе постојат, но Велибор Манев убиецот на Вања за потребите на ОЈО и на системот „инспекторите потврдија“, туку продолжува и во исказот вели дека Вања била грешка, дека јас сум ја одлепил сивата леплива лента од устата на Вања, ама НЕ ЗНАЕ дека Судска медицина утврдила негова ДНК на лентата. После долепување на лентата воделе разговор со Вања, ја прашувале за родителите а ВРВОТ на се е лагата дека јас сум го зел, јас сум го запишал бројот на телефонот на Александар и мајка и Зорица!
Обвинението почнува со МОТИВ, во кој таткото Александар ми е помошник, а подоцна во исказ стои дека сум го зел телефонот од мојот помошник, а јас сум ја распрашувал Вања, додека Велибор слушал! Доказот ДНК на сива лента врз устата на Вања за ОЈО НЕ ПОСТОИ, а по нивна наредба е вештачено. Јас со Александар комуницирам, ама не му го знам телефонот, па Вања пред да ја убијам, сум ја распрашувал. Гнидата Велибор убиецот е толку расипан што од штабот на партијата Десна, каде живеев, зел везици, вреќа претпоставувам и куп други работи, а со помош на Влатко Кешишев и комбето ,,Рено Кангу, го употребил!
Но затоа како подршка на сите овие лаги кои наводно ОЈО не ги гледа или не ги разбира, Оливер Спасовски бившиот, уредно раздели фото и видео на купишта медиуми за да врескаат. Но еве без разлика на идната пресуда, аргументите мора да излезат јавно и ќе излезат до последно штрафче од овој монтиран процес!
Признавачите, посебно Велибор убиецот е дециден дека Вања беше грешка, па објаснувал на ОЈО дека сликата што сум им ја покажувал била жена која изгледала постара, но била со иста боја на коса и висина, а ОЈО воопшто на ова што Велибор пее кај нив НЕ реагира, не го прашуваат:
,,Кого требаше да грабнете, ако Вања е грешка!,,
Но во исто време Велибор убиецот им дава аргумент каде тоа ,,Вања беше грешка,, па та лага добива смисол! Велибор убиецот тврди:
„Во таа зграда сите станови се на богати“.
Во тој момент ми се склопи во лејкава мозаикот како лудаците од слушање муабети се изамбицирале и станале мафијаши! Веднаш ми стана јасно зошто Велибор убицата 3 или 4 пати повторува ,,грешка беше Вања,, но сепак продолжува со лаги на кои ОЈО изградило обвинение! „Во таа зграда сите станови се на богати“ е кључна реченица зошто ,,Вања е грешка,,, затоа што лудаците оделе по системот „кому иде“ сите се богати, па некој ќе им плати. Но, ако е ,,Вања грешка,,, а според исказов така испаѓа, тогаш отпаѓа таткото Александар, а ако го нема Александар, Палчо НЕМА никаков МОТИВ. Посебно немам мотив да грабнувам дете во зграда која јас ја продавав и немам мотив да го убијам и закопам детето на 1 км далеку место каде живее мајка ми, каде често престојувам!
Но сето ова ОЈО, Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски НЕ ги интересира, затоа Боре Видевски е тепан 24 часа, со децидно барање ,,кажи дека Палчо ја убил Вања!,,. ОЈО тие искази до денес ги крие. Вчера се споија постапките, па од читање копии дојдовме до оригинали!
Овој серијал од текстови е напишан за членството на Десна, за моите пријатели и другари со кои 60 години сум живеел, но пред и над се за моето семејство, за да знаат дека НЕ СУМ УБИЕЦ на ДЕТЕ и СТАРЕЦ. Моето единствено оружје во овој процес е само вистината и детално расчистување на овој злостор, затоа што бадијала е се ако оставам ЛАГИТЕ на купишта корумпирани портали, да бидатприкажани како ВИСТИНА! Ова затоа што моето присуство на местото на настан, врз жртвите, во осомниченто возило не е докажано, таму нема моја ДНК, но постојат ДНК на тие кои заедно со ОЈО ја конструирале оваа лага која според обвинителен акт и официјално си ја сметаат. Со овој дел од моето писание завршува делот во кој ја докажав целата конструкција на Оливер Спасовски бившиот и Гаврил Бубевски послушниот!
Слушам само македонско радио, вести и драматична најава дека ОЈО предложило 26 сведоци од кои 7-8 се џандарите на Оливер, двајца сведоци како пријатели на семејството Ѓорчевски, па мои предложени сведоци, па пријателот кој ме возел од Белград до Турција, па сведок е и адвокатот кој ме возеше до Белград и уште 4 членови на Десна, кои се затекнати во Штабот кога полицијата се појавила.
Ниту еден, буквално ниту еден сведок нема на околности околу убиството на Вања, но чудно е што нема ниту во врска со Панче Жежовски. НЕМА СВЕДОЦИ.
Панче дури и како убиен пензионер е жртва од II ред, тоа за првпат го доживеав и жртвите да ги рангираат на битни и небитни. Се ова е глупирање на ОЈО да се добие на масовност, без докази да се дојде до Пресуда! Дури и во најавите полни со лаги, Панче не го спомнуваат, како да не е убиен, што е доказ за општата ништожност во која живееме. Според глупердиве новинарски кои благодарение на социјалните мрежи буквално изумираат како професија, овој серијал од текстови го пишува двократен убиец, а тоа на нив им значи ексклузива. Но затоа на мојот народ, Македонскиот или конкретно на дел од мојот народ кој остана нормален во хаосов наречен Северџанија му го порачувам следново:
Истрагата која јас ја спроведувам сеуште, без разлика на Судот и Пресудата НЕ е застаната!
ОЈО НЕ го интересира оружје, а јас и верните членови на Десна турбо работиме на таа најважна околност, да ја расчистиме. Во турбо истрагата точно ќе се утврди со доказ од кого тоа Велибор Манев убицата го купил, каде и кога, Се КОМПЛЕТ! Заштитата на Велибор убицата во велешкото ОЈО и Славица со пола пандурија во Велес исто така, а расписката на покојниот Панче со претседателот на Советот на обвинители е драгоцена,. Во таа расписка Велибор е на секоја страна од поплаките на Панче!
Се ова е голема и тешка работа, но и шанса за прв пат во комплет да се докаже конструиран обвинителски случај, а не само да се говори, овојпат и се работи! На какви искази без докази ОЈО изградило обвинение, тоа го оставив како десерт, па така ќе Ви напишам како тоа на 10 различни околности, признавачите давале 40 различни одговори.
Да почнам со ред, Велибор Манев тврди дека кога пристигнале во месноста „Дупки“ во 08 30 часот, јас сум носел телефон и сум констатирал дека постои огромна паника на социјалните мрежи за Вања, а Зорица Ѓорчевска во својот исказ тврди дека објавите почнала да ги објавува после 11 часот. Лага, една од многуте, па тој дополнува дека Вања е убиена токму заради паниката на мрежите!
Влатко тврди дека слушнал истрел како со пригушувач, а Велибор тврди слушнал како со јастук.
Велибор на 03/12/2023 не видел кога сум ја убил Вања, ја вртел колата тогаш, но на 06/12/2023 веќе гледа јастук!
Велибор тврди дека дупката за Вања е ископана на 27/11, а Влатко на 26/11/2023.
Велибор на околноста палење на цитроен во два искази дава 2 различни комбинации, но секогаш Палчо фрла шкорче, со лажење дека Боре полива или обратно.
Влатко за истата околност, палење цитроен, нови две комбинации, без нив двајцата, нормално.
ЗА ПАНЧЕ – за околноста затрпување на телото на Панче, Велибор на 03/12/2023 тврди дека го затрпале и заминале за Скопје. На 06/12/2023 тврди дека Панче не е затрпан, туку повторно дошол со Боре Видевски друг ден за да го затрпаат.
Од се ова, ОЈО направило приказна, а приложува докази вештачења од МВР оддел форензика, со кои сето ова конструирано, во обвинителниот акт го демантираат. Јас на 05/06/2024 при давање на исказ од 12 страни НЕ посочив никого, затоа што немав никакви податоци, ниту пак ОЈО ми презентираше нешто, ниту исказ ниту доказ. Пет месеци и 15 дена бев во самица во Турција и имав многу малку информации, а јас НИКОГАШ без доказ НИШТО НЕ ТВРДАМ, тоа ми е мана. Одговорив на сите прашања од обвинителките и ги откључив двата телефони, Самсунг Ноут 10, Ајфон13 и еден Самсунг турски, кој не беше закључен ниту беше употребен, пошто веднаш ме похапсија во ресторан додека вечерав!
Но во исто време гледав како ОЈО со огромна помош на Душан Ј (неразбирливо е, со ситни букви е пишано презимето) до последна секунда се трудеше да не видам ниту една хартија од истрагата, иако по Закон е задолжително на крајот од истрагата да ми ги покажат доказите. ОЈО прво ме обвини со акт, па дури на 16/08/2024 пристигнаа списите во мојата ќелија!
Се што ви пишав во овие четири текста е содржина и аргументи се на ОЈО и нивни вештачења, а НЕ се мои тези и раскази, па тоа беше причината за ЈАКО МЕДИУМСКО ВРИШТЕЊЕ и недоставување на докази. Н затоа што нема докази, туку сосема спротивно, ДОКАЗИ ИМА, ама НЕ ПРОТИВ МЕНЕ, туку ВО МОЈА КОРИСТ. Тие докази Оливер бившиот ќе мора да ги објаснува, да објаснува што лаги се истресол на прес на 05/12/2023 со неговиот потрчко Гаврил Бубевски! Ова е нивно дело, лично и персонално!
Поздрав, се гледаме на СУД!
Љупчо Палевски Палчо, с.р.
——————————————————————————-
НАПОМЕНА: направив напор до јавноста и до вас мои читатели да допре текст пишан од првообвинетиот за двократно убиство минатата година, Љупчо Палевски. И мене и на останатите обвинети и подоцна осудени во случај ШПИОН ни беше ускратено правото да го кажеме своето. Со Палевски во долгогодишната комуникација сум имал и периоди н разбирање, ама и периоди на недоразбирања поради (не)луѓе со кои се опкружува и си ги смета за блиски и драгоцени. Секогаш сум правел отклон од него во такви периоди. Заради таквото опкружување денес се наоѓа во екстремно тешка положба, докажува и ќе докажува нешто во што јавноста во мнозинство е убедена дека е така. Вчера напишав и ОВДЕ објавив текст во кој објаснив дека непримереното однесување на Палевски можело да биде спречено со негово процесуирање уште во август 2017 година, ама обвинителите од СЈО, екстремно преплатени од Буџет, вооружени со доверба од мнозинството од граѓаните – потфрлија тогаш! Потфрлија заради политички пазарења со бившата извршна власт, а тоа потфрлување сите нас не одведе во катастрофа од која тешко ќе се опоравиме. Сметав и сметам дека ЗЛО треба да се сече во КОРЕН, за да нема последици! Палевски е продукт на тоа СЈО зло и негова тешка последица, а ,,плодовите береме и ги уживаме сите,,…
Зоран Буревесник Божиновски