logo
Search
Close this search box.

Воениот профитер Бучковски

Материјалот стигна од преку океанот…

Пишува: Eкипа на Буревесник.Нет

До редакцијата на ,,БУРЕВЕСНИК.НЕТ,, стигна документиран материјал за спроведена темелна и сеопфатна истрага за велепредавство и воено профитерство, во организација, режија и реализација на Владо Бучковски, министер за одбрана во време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Материјалот го добивме од САД, каде е анализиран од причина што профитерството на Бучковски и неговите соработници/соучесници резултирало со препродажба на оружје и тенковски делови во Грузија, чии сили во тоа време се вооружувале и се подготвувале за долготрајниот конфликт со Абхазија, за реонот на Јужна Осетија. Кој памети, ќе се сети и дека Русија имаше своја улога во овој конфликт. Постојат докази дека Бучковски за личен профит, а користејќи ја функцијата министер за одбрана, злоупотребувајќи ја својата моќ, продавал оружје и тенковски делови на Грузија, пред да се случи тој конфликт…

Инаку, како го ограбил Буџетот на Македонија и колку милиони евра профотирал заедно со соучесниците, читајте ексклузивно од материјалот кој овде ви го нудам. Ставка по ставка. Тој Бучковски, подоцна со ограбени милиони евра како премиер, инволвиран во случајот ,,МАЃАР ТЕЛЕКОМ,,, плус милионите од арамијата АНдреја Јосифивски кому две недели пред да падне од власт во јули 2006 година, за 4 милиони евра рекет му погодувал да го направи ортак во АД ,,ГА МА,,, денес е специјален претставник на Северна Македонија во божемното решавање на спорот помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

Владо Бучковски во Софија е обичен екскурзијант/глумец на некаков претставник на Северна Македонија, човек кој таму ниту нешто решава, ниту има што да решава, ниту некој го есапи во Софија како фактор, ниту пак тој самиот сака да го есапат. Едноставно, во уценувачките игранки со Заев кој за кој знае повеќе во што е вмешан, си избоксирал некаква функција, колку да не е во Македонија, оти ни на факултет ни во јавноста во Македонија нема кому да погледне во очи, да направи асолен муабет…

Колективно го имаме запаметено како профитер фатен на дело во криминал, екс премиер кој е осуден на затворска казна кој платил да не оди во затвор, кај корумпирани судии од Врховен суд кои ни самите не знаат да објаснат какво правно толкување дале за Бучковски да остане на слобода…

[widgetkit id=64]

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.