Слику своју љубим

Претстојните локални избори се шанса да заврши агонијата на жителите од општината Чучер Сандево, сместена на и под падините на соголената Скопска Црна Гора. Соголена од ,,дрварската мафија,,. Агонијата е комбинирана со тиранија, во времетраење од осум години или два мандати подарени од менторот Сашо Мијалков. За да личи на својот идол-психопат и Пејковски си нарачал уметничка слика, за (с)помен и долго сеќавање…

Жителите на Чучер Сандево по третпат се надеваат дека селоначалникот Јован Пејковски конечно ќе заврши зад решетки, таму каде што му е местото со години наназад. Според нивните зборови, на неколку средби со мене последните неколку недели, тие живеат вистински хорор филм во режија на Пејковски. За прв пат се охрабрени дека Пејковски веќе нема шанси да добие нов мандат, оти менторот Мијалков е во ,,политичка,, и предзатворска кома. Тргањето на Мијалков од политиката и неговото приближување кон судските процеси и идни затворски казни за бројните недела, е шанса за спас на жителите на Чучер Сандево од Пејковски. Сепак, низ селата на оваа мала ама интересна општина деновиве се шири скоро па 100% ,,сигурна информација,, дека Јован Пејковски се испазарил со СДСМ и дека направил трансфер во нивни редови, за да си обезбеди сигурен трет мандат. Колку е сигурна оваа информација ќе се види многу брзо, ама според мене сепак е блиску до научно фантастична. Тоа го темелам на сознанијата и доказите до кои дојдов за криминалот во кој е инволвиран Пејковски.

На 27. 03. 2013 селоначалникот Јован Пејковски и Роберт Кајсторовиќ (вработен во шумска полиција, со кого покрај бројните насилства ја СОГОЛЕА Скопска Црна Гора во координација со Јовица Кукуновски, вработен во ,,алфите,, – член и активист на ВМРО ДПМНЕ) противправно го лишиле од слобода Сашо Каровчевиќ од с. Кучевиште. Го ,,спакувале,, во гепек и го однеле во општината Чучер Сандево каде прво психички го измалтретирале. Тоа на Пејковски не му било доволно па го турнал Каровчевиќ на под и ѕверски го гризал по телото, па му се придружил Кајсторовиќ па двајцата го тепале со боксови и тупаници. Пејковски го држел за уста да не слушаат вработените во општината. Му нанел тешка повреда на образот. Каровчевиќ од ќотекот изгубил свест, ама насилниците успеале да го освестат, да го средат за одење дома и му се заканиле да не му падне на памет да пријавува во полиција, оти следниот пат ќе го убијат. Подоцна ова недело на двајцата насилници е процесуирано, ама завршува во нечија судиска архива како незатворено. Ама случајот добро е запаметен во Чучер Сандево…

  • На 20.10.2012 психопатот – селоначалник го претепал Војче Вучковски од с. Мирковци, после долготрајни закани.
  • На 28.11.2014 го претепал со боксови и Александар Пејковски од с. Бразда.
  • На 13.01.2016 ја малтретирал Биљана Чакалиќ, вработена во општината. Потоа ја уценувал и пред сведоци и рекол дека зад него стојат најмалку 90 моќни луѓе и дека ќе и го уништи целото семејство.

Долга е листата на секојдневните закани кон непослушните и кон оние кои се дрзнале да не извршат негова волја или налог од ВМРО ДПМНЕ и Мијалков. Оваа општина некогаш имала училиште за почит, денес по сценарио на Пејковски оваа образовна установа е засолниште на нестручни кадри, на наставнички кои својот личен морал го оставиле дома, уценети од Пејковски да играат како им свири, понижени и згазени. Беспоговорно молчат на неговото самоволие, уплашени дека ќе ги избрка од работа ако не му угодат. На 20.01.2015 година од полициската станица Чаир му е врачено решение за одземање на пиштол, истиот му е одземен што за него и не е некоја пречка бидејќи дома поседува цел арсенал од разни калибри. Далеку пред да стане селоначалник, во средината на 80-те бил пријавен за силување братучетка, ама на 04.04.1984 година го примиле во душевната болница Бардовци за да не одговара кривично. Како што ми сведочат жителите на Чучер Сандево – и денес е евидентно, според неговото насилно однесување и чудните промени на расположенијата дека местото му е во Бардовци, но Мијалков пресметал дека е добар за селоначалник.

Оваа пролет го прослави и едниот од двата синови. Се ,,прослави,, со напад на девојката која му се чинела неподобна за слободно движење по улиците на Скопје, па и ја симна бурката на ученичката Албанка, во близина на медицинското училиште. Дека не требал да гиба каде не е кадарен, се покажа после нападот кога Пејковски јуниор беше пронајден од членови на семејството на нападнатата и беше претепан од нив во близина на железничката станица. Ова беше и повод ,,тврдокорните,, мекотели потоа да организираат протест и да се обидат на настанот неуспешно да му дадат политичка конотација.

После ќотекот за синот, фамилијата на нападнатата девојка го посетила и селоначалникот-татко Јован Пејковски со најава дека синот ќе го пронаоѓаат и тепаат додека не го ,,решат,, дефинитивно, ама попуштиле откако со посредство на фактори од ДУИ била постигната висока откупна ,,клаузула,, со повеќе нули, изразена во евра, па заканувачите на крај заради добрата коалициона соработка на ДПМНЕ и ДУИ сепак попуштиле. На Пејковски сениор не му било тешко да ја плати фактурата кон бесното семејство на девојката, бидејќи Мијалков и Фамилијата му овозможиле енормно да се збогати за двата мандати колку е на чело на Чучер Сандево. Приватизирал рудник во близина на Стенковец, а за изградба на одвод во с. Кучевиште злоупотребил 600.000 евра народни пари. Добро нафатиран и поткожен, деновиве Пејковски со неколку негови моторизирани екипи крстосува по општината и купува во претплата гласачи кои ги збунува со објаснување-лажење дека од СДСМ застанале зад него откако увиделе колку е успешен и перспективен. Гласачите ги купува со нивни пари, свежо украдени од општината, а претходно украдените од минатите години ги смета за свои, како да се семејно наследство од пред 300 години. Се спрема крваво да ги брани, од ДПМНЕ разбира се оти само тие знаат колку украл Пејковски во двата мандати и имаат прецизна математика. Добар дел од нелегално стекнатиот имот и пари, Пејковски го ,,натоварил,, од поседниците на имоти покрај ,,Јадранска Магистрала,,, уценети да му го продадат по минимална цена. Подоцна ги препродава по многу повисока. Овој потенцијално атрактивен крај за инвестирање е згоден за избегнување поради самоволието на Пејковски и неговата решеност секој инвеститор кој ќе пројави желба да инвестира на подрачјето на Чучер Сандево да стартува со ,,аванс,, од 200 – 300 илјади евра кај него, па после да очекуваат дозволи потребни да се отпочне со градење. За крај на овој текст да се сетиме на скоро заборавениот обвинителен акт од 2008 година за перење пари, поднесен против Јован Пејковски. Овој криминал му стои како меч над главата со години. Ова кривично дело не застарува. Вакви ,,дела,, Пејковски има цела колекција, ама како миленик на Сашо Мијалков и Марко Зврлевски до сега успевал да куртули.

Моментно е во потрага по нов ментор и заштитник во СДСМ. Ем да продолжи со криминалот востановен последните осум години, ем да остане на слобода…

 [widgetkit id=6]

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.