logo

Завршен збор пред ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

По втор пат, вчера завршивме на суд против мене…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Вчера, на Светскиот ден на слобода на медиумите и на ден на НЕСЛОБОДА на медиумите во Нашата земја, во Кривичниот суд Скопје, со 90 и некое по ред рочиште во 8,5 години, заврши повтореното судење против мене во дел од монтираниот предмет ШПИОН.

Не знам зошто го повторуваа, освен да поминат уште две години и ЈО за ГОКК да купи уште некоја година судење во кое не знаеја, а и денес не знаат што сакаат да покажат. Оти да докажат не можат нешто што воопшто не се случило. Ниту има шпиунажа, ниту уцена ниту злосторничко здружување. Ама, тераа и тераат…

На вчерашаното последно рочиште пред рочиште за завршен збор закажано за 25 мај и нова втора пресуда недела дена подоцна, по предлог на обвинителката Елизабета Јосифовска, допатувана од Гостивар да брани нешто што не се брани, бев испрашуван по однос на ЧАТ КОМУНИКАЦИЈА со првообвинетиот и осуден во ШПИОН, Марјан Ефремов. Чат комуникацијата датира од 2011 година, наназад 8,5 години не беше предмет на расправа. Ниту испратија такво нешто до Виши суд Нови Сад, како доказ во екстрадициона постапка, ниту оваа чат комуникација беше предмет на расправа на судењето 2016/2017 кога судеше ЛЕНКА ДАВИТКОВА, а обвинител беше ЗЛАТКО БИКОВСКИ, ниту беше предмет на расправа кога судеше ВЛАДИМИР ТУФЕКЏИЌ. Стана интересна кога Јосифовска сфати дека го губи предметот по втор пат, кога мораше да се откаже од обвинувањето за злосторничко здружување и повеќето точки од обвинението против мене и остана со само ДВЕ ТОЧКИ – кои воопшто не ги отворивме на ова повторено судење пред судечки совет кој го води ФАНКА ЈАНЧУЛЕВА МИХАИЛОСКА…

Жалосно е што таа чат комуникација е прибавена од МВР во мај 2013 година, преку претрес во домот на Марјан Ефремов, кога се одземени поголем број лап топ компјутери, мобилни телефони, УСБ стикови и тефтери. Ама, за да се заобиколи страшната вистина која ги опфаќа ИЛИЈА ДИМОВСКИ, ВЛАТКО ЃОРЧЕВ и АНТОНИО МИЛОШОСКИ, пратеници на ДПМНЕ кои биле на платниот список на Ефремов и користеле услуги на негов апартман на ХАЛКИДИКИ, Грција – прибегнато е на НЕВЕШТАЧЕЊЕ НА ОПРЕМАТА ОДЗЕМЕНА ОД КАЈ ЕФРЕМОВ!

Прибегнато е кон селекција која е извршена преку измислени ПИ МЕРКИ, незаконски потпишани со Решение од Татјана Михајлова тогаш истражен судија во предметот. Со ПИ МЕРКИ може да се селектираат докази и да се штелуваат периоди на прибавување докази преку ПИ МЕРКИ, па ЛИЛЕ СТЕФАНОВА и ТАТЈАНА МИХАЈЛОВА на овој начин избегнале покренување истрага и притвор за тројцата ХАЛИДИКИ пратеници од ДПМНЕ. Инаку, ПИ МЕРКИ во предмет кој опфаќа шпијунажа, поптишува судија на ВРХОВЕН СУД, што во предметот ШПИОН не е случај, па случајот правно е ништавен. Насилно сепак е одработен до крај, со пресуда против 20 на таргетирани противници на ПОСЕРКО и ЧУДОВИШТЕТО…

Со чиста совест и со големо нетрпение дочекав вчера судијката Јанчулева Михаилоска да ме испраша по однос на чат комуникацијата со Ефремов од 2011 година, моите одговори целосно влегоа во записник кој јавно ќе го објавам, затоа што има и непријатни моменти во него, затоа што се срам за ЈО за ГОКК и за обвинителката Јосифовска која можеби свесно а можеби и несвесно упорно им нанесува штета на спомнатите во моите одговори. Највеќе на ЛИЛЕ СТЕФАНОВА!

Вчера бев испрашуван за нешто што нема врска со шпиунажа и уцена, ама тоа веќе не е мој проблем, проблем е на предлагачот, Елизабета Јосифовска. Дотолку повеќе што таа иако е предлагач, вчера уста не отвори барем да зине, а не да ме испрашува за ,,доказите,, кои си ги вика докази, ги предлага, а на суд кога треба да ме распраша – си одмолче!

Веднаш по испрашувањето поврзано со таа чат комуникација, судијкат заклучи дека е беспредметно повторно да организира видео конференција со криминалецот Драган Даравелски, дека нема потреба да ги повикува сите сведоци кои еднаш или двапати веќе беа повикувани и кажаа што имаат да кажат, па предложи да не се губи време повеќе, да преминеме на подготовка на завршни зборови и пресуда до крајот на овој месец…

Не сакам да ја прејудицирам втората пресуда, првата беше ослободителна, па укината. Нека биде и втората онаква каква треба да биде по оценка на судијката Јанчулева Михаилоска. Сметам дека веќе победив:

Имам повеќе од година дена патна исправа и пак патувам слободно. Имам архивска граѓа за најмалку две книги, ИДНИ БЕСТСЕЛЕРИ, поврзани со случајот ШПИОН, со описи на катастрофалните состојби во српското и овдешното кривосудство. Бев и во српскиот и во овдешниот притвор, осознав на што личат двете катастрофи од судства и обвинителства. Во тие две книги ќе бидат детално опишани сите учесници во оваа бандитска игранка со мојата и судбината со моето потесно и пошироко семејство. Идните поколенија, потомци на овие учесници ќе имаат литературен опис на делата и неделата на нивните баби и дедовци, судии и обвинители.

Имам и продукциско студио од кое од 12 мај натаму ќе зрачи радио и ТВ програма, ОНЛАЈН! Тоа ми е подарок од ЈО за ГОКК…

Очекувам уште подароци по пресудата на крај на мај!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.