logo
Search
Close this search box.

Жарко жари, Жарко пали

По детонацијата на вториот пакет ,,бомби,,, во февруари 2015 година, во изведба на тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, во Телеком и во МВР, тогаш раководена од Гордана Јанкулоска, настанала паника по што е реагирано промптно…

Пишува: Зоран Буревесник Божиновски

Неколку часови после оваа детонација, во централата на Телеком е дојдена екипа од МВР за демонтажа на целата опрема за прислушување, тогаш сместена на третиот спрат. Формалната наредба за демонтажа и трансфер на опремата ја издал Мирослав Јовановиќ од Телеком, ден денес директор на битен сектор во компанијата, со поддршка на тогашниот главен оперативен директор Жарко Луковски. Да бидам попрецизен, во тој момент е изведен т. н. ,,аутсорсинг,,, што по дефиниција значи: сите работи што треба да ги врши Телеком како компанија, а нема кадар и ресурси за тоа ги дава (препушта) на надворешна фирма да ги врши истите. Ова го изведува сам Жарко Луковски. Тој, во договор со Сашо Мијалков и Никола Груевски, носи одлука како главен оперативен директор да дозволи ,,аутсорсинг,, кон негова приватна компанија ,,Ексико,, (Ериксон). Ова уште попрецизно објаснето во овој криминален случај значи: оформување на целна група оперативци од Телеком, вработени во компанијата, за соодветна парична надомест се ,,рентирани,, од Жарко Луковски да сработуваат во ,,Ериксон,, (Ексико) за Луковски Жарко. Таму каде што се ,,рентирани,, тие ги вршат потполно истите работни задачи кои ги вршеле и во Телеком, ама сега на Телеком од Екскико му се испорачуваат огромни фактурни износи за да бидат ,,испумпани,, пари. Во јавноста овој процес е познат и како ,,перење пари,,.

При трансфер на опремата за прислушување т. е. ,,аутсорсингот,,, за да бидат уништени трагите од криминалот/прислушувањето кое го гони СЈО, цел трети спрат каде се одвивала операцијата незаконско прислушување, бил темелно исчистен до фаза на 100% дезинфекција. Секторот за технички услуги е ,,аутсорсиран,, кон Ексико со помош на вработените Т. Г., Л. Д., Е. А. и Д. Е. Тие се организатори техниката да згасне во Телеком и да почне да работи во Ексико. Од друга страна, тие се и составувачи на списоци на вработени кои треба да завршат на улица, чии судбини веќе се одредени само не е објавено. Се чека погоден момент. Списоците кај себе ги има Слободанка Гиевска, сопруга на Игор Гиевски, вработен во ЕВН и ќерка на уставната судијка Елена Гошева. Слободанка Гиевска е помеѓу главните организатори на контра протестите на ВМРО ДПМНЕ против поранешната опозиција, денешна извршна власт. Цинизам е нејзиниот денешен статус на главен кадровик во Телеком, со сила да решава кој ќе остане на работа кој дома ќе си оди. Главно се на мета вработени од техника, кол центар и продажба. Инаку, пред демонтажа на техниката за прислушување од третиот кат на Телеком, сите 1,4 милиони прислушувани разговори (400.000 се однесуваат на разговори на функционери на СДСМ!) се групирани на едно место и дадени на чување на лицето Ј. Б. (тотален анонимус), по наредба од петтата управа во МВР. Погоре спомнатите луѓе чии идентитети ми се познати, а од причини познати на мојот извор не ги објавувам во овој текст, сите тие се заштитени максимално од било каков кривичен прогон. Едноставно, премногу знаат.

На друга страна се форсираат прикаски од Телеком кон надвор, кон јавноста и потрошувачите, за продажба на секакви глупости од Телеком, колку да се отргне вниманието од испразнетиот трети спрат каде била сместена ТЕХНИКАТА. Сепак, не може да се уништи делот од техниката кој продуцирал логови од незаконско прислушување на поединци, по нарачка на Фамилијата. Истрага за овие незаконски случувања нема кој да отпочне, бидејќи сегашната извршна власт во Телеком нема сила, бидејќи ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и натаму раководат со компанијата, а од СДСМ се внесени неколку набљудувачи на кои ништо не им е јасно. Владиниот главен претставник Горан Трајановски е и најголем нем набљудувач во Телеком, како и адвокатот Мирослав Вуиќ во Управниот одбор. Практично во Телеком смрди на еден тежок бизнис договор за поделба на кеш.

Паралелно со прикривањето на трагите од трансферираната опрема за прислушување, Жарко Луковски и Мирослав Јовановски, заедно со неколкумина помагачи, работат на прикривање на грабеж од 30 милиони евра, пари од Телеком, за два проекти. Едниот проект е ,,легализација на подземна телекомуникациска инфраструктура и запишување во катастар,,,. Во договорот за купопродажба стои дека е купена целата подземна инфраструктура. И тука има перење пари, се легализира кабел, а не коридор, бидејќи во еден коридор може да има 10 кабли и се прават 10 елаборати, наместо еден елаборат за коридорот. Тука се ,,исперени,, 12 милиони евра и овој проект/перење уште се тера, бидејќи сега и новодојдените се гладни и се настрвени да се омрсат. Гладувале 11 години! Втор ,,проект,, е купопродажбата на зградите, каде се ,,мавнати,, досега околу 18 милиони евра и исчезнати во непозната насока. Главниот лик во овој криминал е ,,осветлен,, т. е. откриен па е трансфериран во Црна Гора, каде е поставен за тамошен директор на недвижнини во црногорски телеком, оти овде во Македонија завршил голема ,,работа,,. Со прости зборови кажани македонски Телеком ќе му дава ука и наука на црногорски Телеком како да се изведе криминална легализација на подземната инфраструктура и да се украдат пари…

Ама за тоа во некој следен текст…

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: претставниците на СДСМ и ДУИ прават надчовечки напори сиот маркетинг кеш потенцијал во идниот период да биде пренасочен кон првата ЛГБТ телевизија во Македонија позната под народско име БОКИ ТВ. Тоа значи да се укинат сите реклами кон било кој електронски медиум во РМ, а овој вносен колач да му се стави на располагање на Бојан Јовановски БОКИ 13, новиот омилен лик на СДСМ, помалку и на ДУИ. Дали ова ќе помине и ќе се реализира, ќе видиме наскоро…

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.