logo
Search
Close this search box.

Зошто Судскиот совет се плаши од МВР!?

Полициските службеници од Секторот за обезбедување на ВИП објекти и личности кои го обезбедуваат Републичкиот судски совет се на граница на издржливост…

Пишува: екипа на Буревесник.Нет

Полициските службеници од Секторот за обезбедување на ВИП објекти и личности кои го обезбедуваат Републичкиот судски совет се на граница на издржливост и повеќе не можат да трпат и кријат во својата работа се секојдневно изложени на малтретирање и навреди, до ниво да не можат професионално да ги извршуваат своите должности.

Без разлика што се работи за еден од најпрофесионалните и најсензибилните сектори на МВР во кој секоја професионална грешка или пропуст може да предизвика голема штета врз функционирањето на државните институции и меѓународни мисии и дипломатски преставништва, односот на кој се изложени полициските функционери на своите работни места во СУДСКИОТ СОВЕТ е на граница на издржливост. Иако и законските одредби и правилниците на МВР педантно определуваат како треба да функционира системот за обезбедување на објектите и вработените во нив, вработените во СУДСКИОТ СОВЕТ вклучително и членовите на највисокиот судски орган се однесуваат насилнички, потценувачки и со непочитување на службениците од МВР и навреда кон нивните обврски и овластувања.

Почнувајќи од техничката дисциплина во зградата, преку евиденцијата и контрола на пристап, излегување и влегување, до почитување на службените барања и наредбите на полицајците кои во основа таму се поставени за безбедно функционирање на институцијата и безбедноста на сите вработени, однесувањето на вработените е до ниво на хаос и безобразлук! Не се евидентира ниту влегувањето или излегувањето од зградата, како на администрацијата и членовите на Советот, така и на десетици и стотици надворешни лица кои се повикуваат на своја лична или службена, најчесто партиско –политичка блискост со „некој „ од Советот, па ниту се легитимира или евидентира нивното влегување или излегување во зградата. Најмалку се контролира или воопшто не се контролира дали некој нешто внесува или изнесува. На пример, дали се изнесуваат службени материјали кои не ретко се класифицирани.

Службените возачи и лични телохранители на членовите на Советот не смее никој од полициските службеници да ги легитимира или провери според професионална проценка или наредба. Доколку некој од службата која го обезбедува СУДСКИОТ СОВЕТ и се обиде да контролира, бива потценуван и навредуван.

Овде се поставува сериозно прашање дали во СУДСКИОТ СОВЕТ се работи нешто поради што полициските службеници и МВР се непожелни во зградата. Не е никаква тајна дека македонските судови и добар дел од судиите како и судската администрација се највисокото ниво на корупција и организиран криминал во државава, особено со воспоставената заблуда дека судиите, вклучително и СУДСКИОТ СОВЕТ се недостапни за законите и правдата, па оваа своевидна изолација на полициските службеници кои работат токму на заштита на членовите на Советот е повеќе од симптоматична.

Суштинско е прашањето зошто Судскиот Совет од претседателот Киро Здравев до поголемиот дел од членовите се самоидентификуваат со потребата да се плашат од полицијата и МВР и ги доживуваат за опасни по нив дури и за едноставна процедурална идентификација и легитимирање што е законска обврска?!

Не е познато дали и Радмила Шекеринска како министер за одбрана воопшто има или ќе може да добие НАТО – безбедносен сертификат, но откако министерството за одбрана се обиде во Бр

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.