Ајде Данице, го можеш ти тоа!

Пишува: Зоран Божиновски

Горанчо Николовски, од почетокот на оваа година БИВШ директор на средното училиште АСУЦ ,,Боро Петрушевски,, Скопје, директорската кариера ја заврши со тепачка во скопска кафеана во село Трубарево, кога нападна и тепаше колега од училиштето за кој неосновано се сомневал дека ќе му биде противкандидат на изборот за директор. Горанчо Николовски не ни сонуваше дека најголем противник на тој предновогодишен избор за директор на ова училиште му е Горанчо Николовски. Самиот на себе си беше и си остана најголем противник!!!

Конкурсот за директор на ова средно училиште кој си го беше наместил сам за себе, да си добие втор мандат, беше поништен ем заради низа пропусти во процедурата, ама највеќе затоа што Горанчо Николовски има ФАЛСИФИКАТ документација дека завршил високо образование и дека е наставник, а точно е дека е АВТОЕЛЕКТРИЧАР со 3 степен на стручна подготовка. Не успеал ниту 4 степен да заврши, ама тргнал по ФАЛСИФИКАТИ, се зачленил во СДС од Нашата земја, му се додворил на Петре Шилегов кога овој беше градоначалник и доби директорски мандат со фалсификат високо образование стекнато којзнае каде, ама и со фалсификат положен испит за директор на училиште…

Неговото насилничко однесување, претепување колега пред нова година, незаконски организиран самоизбор за директор и проверка на неговата документација, доведе до поништување на конкурсот за директор, именување на в. д. директор. Ова средно училиште од почетокот на оваа година го раководи негов колега, Александар Стрезов. Не се ни надевал дека тој ќе конкурира за ова раководно место, па Горанчо Николовски него не го нападна да го тепа.

По овој службен пораз, наместо да наведне глава, да прифати работно место кое му следува по систематизација, да си продолжи како автоелектричар, си земал боледување и го злоупотребува со постојани пријави до инспекциски служби, па неговиот наследник, в. д. директорот Стрезов освен што мора да се занимава со сите можни криминали и неправилности востановени од Николовски, мора да соработува и со просветни инспектори кои се редат во АСУЦ и редовно констатираат една по друга, серија неправилности. Интересно е дека сите инспекции освен ЕДНА, констатираат дека Горанчо Николовски се самопријавува и си штети сам на себе, само претседателката на државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен, ДАНИЦА ЧАДИЕВА, тргнала ДА СЕ ГЛУПИРА, да си ја гази дипломата која ја има, да прави будала од себе и да најавува дека дури е спремна на Град Скопје да му ги одземе надлежностите во секторот образование, заради Горанчо. Даница има моќ и во владејачката СДСМ, претседателка е на ОО на СДСМ во Велес…

Со нетрпение го чекам тој ден, Даница Чадиева да си ја искине дипломата по право и да ја изгази поради автоелектричарот Горанчо! ЧЕКАМ автоелектриачрот Горанчо да го врати на директорска функција во АСУЦ!

Завршна НАПОМЕНА:

Комплетното досие за фалсификатите на самопријавувачот Горанчо ГИ ИМАМ, ама не ги објавувам додека не видам дека Даница Чадиева правно се ,,самоубила,, и самоисмеала…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.