logo
Search
Close this search box.

Арамиско гнездо

Пишува. Зоран Божиновски

Криминал по криминал – пласман на ЦРНА ЛИСТА на САД! Како Кочо Анѓушев со помош на Зоран Заев, од еден до друг крупен криминален случај се пробиваше до црната листа на САД? АД ,,ГА МА,, е еден од тие случаи.

Владата предводена од Зоран Заев и Кочо Анѓушев, а со соучество на генералниот секретар Драги Рашковски и подоцна како предлагач на криминален заекон за изместување на судски спро во Собрание во кризна состојба, Фатмир Битиќи, направи мега криминал со АД ,,Макпетрол,, и АД ,,ГА МА,,. За да му помогнат на Андреј Јосифовски да избегне плаќање на штета од 60 милиони УСД за раководење со АД ,,ГА МА,, и долгогодишно неуплаќање на добивка на Владата како мнозински партнер, скоро дваесетгодишниот трговски спор од Граѓански суд го изместија во Собрание и донесоа закон за откуп на уделот на АД ,,Макпетрол,, во АД ,,ГА МА,,. Иако државата во АД ,,ГА МА,, имаше 53% а АД ,,Макпетрол,, 47%, со одлука на Владата на Владимир Бучковски, на две недели пред пораз на изборите 2006, тој донел одлука дека двата партнери имаат однос 50%:50%. За ова, во друштво на екс генералниот секретар на СДСМ, Никола Ќуркчиев, наплатиле 4 милиони евра од Јосифовски, по една утринска средба во јуни 2006 година. Средбата била закажана во 7 часот наутро во седиштето на АД ,,Макептрол,, и била необична по тоа што Андреј Јосифовски никогаш така рано не доаѓа на работа. Од тие милиони, Бучковски задржал за себе 3,5 милиони евра, а Ќуркчиев однел 500.000 евра во СДСМ да бидат искористени за изборите 2006. За да молчи, Ќуркчиев бил покриен со сервисирање и одржување на наплатните рампи низ Македонија, со негова фирма. Вечен бизнис!

Владата на Заев и Анѓушев пред да го измести трговскиот спор во Собрание и да го ,,реши,, со криминален закон во корона кризна состојба (гласаа со просто мнозинство!) по предлог на Фатмир Битиќи, проба да се договори со Андреј Јосифовски. Пробаа Кочо Анѓушев и Драги Рашковски, во шест очи со арамијата од ,,Макпетрол,,, тегнеше Анѓушев и некакви арбитри од Виена преку ТВ Инката Телма да ја учат јавноста колку е корисно да се направи вонсудска спогодба! Ама таа спогодба не успеа поради противењето на државното правобранителство, поточно несогласувањето на правобранителот Фехми Стафа, за општествен имот да се расправа и решава по кабинети и во приватна компанија. Па, Стафа не даде согласност иако вршеа силен притисок врз него а Рашковски го повикуваше во Владата и му се закануваше дека ќе го тепа, па дури и се обидел да го нападне.

На крај добија допис од државното правобранителство дека Собранието е основач на АД ,,ГА МА,, и само со двотретинско мнозинство гласови може да се донесе одлука, на АД ,,Макпетрол,, да му се платат 32 милиони евра, да му се прости долг од 60 милиони УСД. Собранието е основач на АД ,,ГА МА,,. Така и направија арамиите Заев, Анѓушев, Рашковски и Битиќи. Причекаа прогласена корона кризна состојба кога не е потребно двотретинско мнозинство за гласање за ваков закон, па Фатмир Битиќи предложи закон за решавање на спорот со АД ,,Макпетрол,, па СДСМ и ДУИ гласаа ЗА овој криминален закон, па му исплатија 32 милиони евра на арамијата Андреј Јосифовски, му простија 60 милиони УСД долг кон Владата, а АД ,,ГА МА,, стана акционерско друштво во 100% државна сопственост. Сега думаат како да го продадат на странци. Руси во друштво на ,,Пуцко Петрол,, чекаат поволен и погоден момент да влезат во друштвото.

Текстот на дописот со кој државното правобранителство им укажа на арамиите од Владата дека не може да се согласи на спогодба со АД ,,Макпетрол,, и дека спорот треба да се решава во Собрание, го имате во прилог…

Подоцна, под притисок на следниот премиер, Димитар Ковачевски, државниот правобранител Стафа беше присилен да поднесе неотповиклива оставка, а за да продолжат со организиран криминал и корупција, го инсталираа Агрон Речи на функција државен правобранител, иако не исполнува услови за таа функција. За заменик му ја поставија како контролорка, Симона Зориќ Ристова. Таа е сопруга на судијата од Апелационен суд, Ѓоко Ристов, судија извршител од Кривиченза монтирани политички случаи, нарачани од Никола Груевски и Сашо Мијалков, а подоцна по налог на Зоран Заев како премиер ,,реформатор на суСвото,,, унапреден до судија на Апелационен суд.

Сега Димитар Ковачевски и татко му Слободан, нарачуваат пресуди од Ристов!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.