logo
Search
Close this search box.

Фиктивен проект за реален грабеж на 100 милиони евра од Македонија

Пишува: Зоран Божиновски

Европската Унија, преку криминалците од Маѓар и Дојче Телеком, во континуитет ја ограбувала Нашата земја. Еве таков доказ. Еден месец пред изборите 2006 година, Елек Штрауб од Маѓар Телеком им дава упатства на Димитар Ковачевски и Славко Пројкоски, како да спроведат фиктивен проект, поврзан со лажен развој на конкуренција во телекомуникациите во Македонија.

Имале согласност и од владата на Бучковски на заминување и од владата на Груевски која доаѓала на власт. Украле 100 милиони евра, а Елек Штрауб, Ролф Плат, ДИмитар Ковачевски и Славко Пројкоски од оваа безобѕирна кражба на граѓаните на Македонија, секој за себе земал по два милиона евра. Еве ја содржината на пораката:

Од: Елек Штрауб

Испратено: Среда, 03.05.2006, 14:38 часот

До: Ролф Плат, Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски

Драги пријатели,

За да не е сомнително, ЕУ ќе иницира проект со кој лажно ќе придонесе за развој на ефективен и конкурентен пазар на електронски комуникации во Република Македонија (ПЈРМ). Во текот на следните 18 месеци, овој проект од 100 милиони евра, управуван од Европската агенција за реконструкција, ќе помогне да се промовира независна регулаторна рамка за електронски комуникации за да се обезбеди квалитетот и економичноста на услугите што се доставуваат до јавноста.

Проектот ќе го поддржи новоформираната Агенција за електронски комуникации и ќе му помогне на Министерството за транспорт и врски во спроведувањето на Законот за електронски комуникации и поврзан со закони во согласност со телекомуникациските директиви на ЕУ. Значи, во договор со сегашната и идната влада и Европската агенција (во која членуваат и наши луѓе) ќе се обезбедат пари за зголемување на конкурентноста на Дојче Телеком на светскиот пазар.

За секој од нас ќе поделиме само по два милиони евра.

Поздрав, Елек

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.