Пишува: Зоран Божиновски
Некогашниот секторски директор во Македонски Телеком, одговорен за прислушување и следење на комуникации, денес актуелен премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во септември 2004 години ги поврзал своите надредени во Унгарија и Германија дека има соработка со криминалци од Албанија. Конкретно станува збор за криминалната дружина на Алќи Блако, неговата десна рака Стела Гугаља и Лефтер Кока.
На своите надредени, Ковачевски им предлага за ФИКТИВНИ ИНТЕРКОНЕКЦИИ да ,,свртат,, валкани 500 милиони американски долари, во соработка со Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Владо Бучковски. Еве ја содржината на пораката:
Од: Димитар Ковачевски
Испратено: вторник, 14. 09. 2004., 10 53 часот
До: Елек Штрауб, Ролф Плат
Почитувани Елек и Ролф,
Го контактиравме Алќи Блако како што побара газдата. Во игра мора да бидат и Лефтер Кока и Стела Гугалија. Преку Алќи Блако и неговиот тим ќе бидат обезбедени околу 500 милиони долари. Преку Албтелеком ќе се прават повеќе фиктивни интерконекции. Повеќе фиктивни интерконекции ќе одат преку Косово и Македонија.
Одговорно лице за следење на комуникациите ќе биде Стела Гугалија бидејќи има добри врски со Австрија. Кажете му на газдата дека во согласност со нашата влада сме подготвени да почнеме со работа.
Поздрав Димитар
…………………………………
Во март 2021 година, специјалното обвинителство на Албанија, СПАК, го уапсила екс министерот за животна средина Лефтер Кока за злоупотреба на службената положба, корупција и перење пари. Од СПАК го обвиниле Кока за злоупотреби при изградбата на инсинераторот во Елбасан, каде тој во својство на министер за животна средина ги прекршил процедурите за доделување лиценца и одобрување продолжување на изградбата на објектот.
За досието за согорување во Елбасан, во својство на единствен партнер и администратор на компанијата „Албтек енерџи“, како и Клодијан Зото, во својство на единствен партнер и администратор на „Интегрирани технолошки услуги „ фирма, била обвинета и Стела Гугаља. Обвинети се дека переле пари и му дале мито на Кока за да ја обезбедат дозволата за изградба на печката и потоа генерираат фиктивни фактури, при што од државата украле околу 3,6 милиони евра.
СПАК покренале истрага по барање на тогашниот премиер на Албанија, Љуљзим Баша, да започне заради аферата со мафијата со горење. Еден од клучните луѓе за истрагата на печките за горење бил ставен под притисок на мафијата. Мафијата тргувала со ѓубре, а најголем притисок претрпела како клучна личност сред случајот во мафијашката шема на горилници, Стела Гугаља.
Минатата година во март после доброволно напуштање на пратеничкиот мандат, Алќи Блако од Социјалистичката партија беше уапсен под обвинение за аферата со горење ѓубре. Беше осуден на затворска казна.
Блако е обвинет дека употребил речиси 14 милиони 600 илјади леки под сомнение дека фалсификувал документи за експропријација за да го претвори од обработливо во комерцијално земјиште во соработка со поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока и раководителот за експропријација во Министерството за животна средина Пелумб Абеши.
Поради овој случај Лефтер Кока е во затвор од 14 декември минатата година. Во кратката реакција на настанот, Алќи Блако ги негираше обвинувањата велејќи дека ќе ја открие вистината пред правдата. СПАК во овој предмет објави 9 потерници поради истрагата поврзана со инсинераторот во Фиер. Во меѓувреме, издадени се 5 потерници по досиејата за инсинераторот во Елбасан.