Пишува: Зоран Божиновски
Даниел Димевски, насилно избран претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, заштитен и управуван од менторот од ,,Македонија Турист,,, Доне Таневски, Глигор Копров и криминалците околу нив, пред лажираниот избор во ОК на РСМ го киднапирале Васил Тупурковски. Скоро месец дена го држеле противправно притворен и не го пуштиле на слобода додека не потпишал ,,доброволна согласност,, да отстапи од МОК. Потпишал, па го ослободиле, а во колаборација со марихуанскиот наркобарон од Муртино, Зоран Заев, лажирале избор и го инсталирале Даниел Димевски во олимписката фотелја. Па го смениле името од МОК во ОК на РСМ!
Проблем настанува кога сфаќаат дека спортот и спортските федерации се жива материја и со нив т. е. со спортот никаде во светот не се управува насилно, па прашање на време беше кога оваа кула градена од покерашки карти, ќе се сруши. А се рушеше полека и падна ,,на нос,, кутната од ЕДНА федерација во која се извршени законски промени според Закон за спорт, што е и модел како законски и легитимно да се вршат промени во сите останати спортски федерации. Паднаа на Голф Федерација на Македонија.
Проблем е и кривичната истрага покрената против Даниел Димевски за предмет ,,СРЦ ПОДКАЛЕ,,, раководена од тим на истражители на чие чело е обвинителката Лидија Раичевиќ. Таа пред некоја година ГРУБО беше одстранета од предметот ,,БАНКИ,, за да не настрадаат 80% директори на овдешните комерцијални банки ,,перални,, на валкани пари од цел свет. Ама, обвинителката Раичевиќ од предметот ,,СРЦ ПОДКАЛЕ,, нема да биде тргната ни лесно ни грубо, особено што има поддршка од ЕУ институции. Ова се должи на податокот што предметот ,,СРЦ ПОДКАЛЕ,, во себе крие криминал од над 300 милиони евра, украдени наназад 15 години од македонскиот спорт, износ во кој голем дел отпаѓа на злоупотреба ид крадење на ЕВРОПСКИ ПАРИ добиени од тамошни фондови за наменска употреба. ,,СРЦ ПОДКАЛЕ,, е предмет кој отвора огромна истрага во која се вмешани корумпирани овдешни судии, обвинители, универзитетски професори, сериозни новинари и интелектуалци кои јавно глумат делење ум.
Даниел Димевски, генералниот секретар Сашо Поповски, нивните ментори Доне Таневски и Глигор Копров, како и Борис Хрисафов, др Златко Пановски, па Дарко Каевски, Васко Ковачевски, Димитар Костадинов, Сергеј Самсоненко и други, пробаа минатата година да отворат случај ,,ВАУЧЕРИ,, и целиот криминал да му го качат на грб на актуелниот директор на Агенција за спорт и млади, Наумче Мојсоски. Па испраќале во ЕУ извештаи дека наводно Наумче Мојсоски од доделените спортски ваучери на ,,свои,, клубови доделувал 30% од некои 10 милиони евра годишно. Демек крадел Наумче по 3 милиони евра годишно! А проблем кој ги исправи на конфронтација со Мојсоски беа промените во ГОЛФ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА (ГФМ). Мојсоски, заедно со инспектори од Агенцијата за спорт и млади, констатираа законски промени во ГФМ, овозможија според словото на законот тие промени да се случат, да биде одржано легитимно собрание, да биде избрана претседателка и генерален секретар и така да се роди МОДЕЛ ЗА ПРОМЕНИ кој е применлив и на останатите спортски федерации.
Моделот од ГФМ беше привремено блокиран во Централен регистар со НЕупишување на новоизбраната претседателка Менче Николовска Папеш и БРИШЕЊЕ на Наум Јанакиев, долгогодишен нелегитимен прв човек на ГФМ. Промените ги блокираа директорката Марија Бошкоска Јанкоски и првиот регистратор Станко Коруноски, послупници на Никола Груевски и Антонио Милошоски. Инаку, Јанакиев е човек што влече со себе бројни финансиски скандали во ГФМ, послушништво спрема Сашо Мијалков, Никола Груевски и ним близок бизнисмен од Швајцарија, голфер познат на обвинителството од предметот ,,БАУЕР,, и ,,Скопје 2014,,, како подизведувач. Јанакиев на тој швајцарски бизнисмен му бил носач на голф топчиња и стапови.
НЕуписот на Менче Николовска Папеш и деблокадата во ЦРМ беше неутрализиран со одлука на второстепената комисија на Влада со која Наум Јанакиев сепак беше избришан од Централен Регистар, а Николовска Папеш запишана како претседателка на ГФМ. Ова ги крена на нозе Даниел Димевски и неговите ментори од ,,Македонија Турист,, и Муртино, како и избеганиот Груевски и затвореникот Мијалков, па првиот човек на Олимпискиот комитет на Северна Македонија испрати писмо на 3 ноември до Европската Голф Федерација, во кое пишува дека не ја признава својата држава, не признава печат на своја држава и не почитува одлука на своја Влада. Пишал писмо во кое нагласува дека тој не ја признава промената во ГФМ и за него Наум Јанакиев и натаму е претседател на ГФМ и член на УО на ОК на РСМ.
Проблем настанува кога обвинителката Раичевиќ во текот на последната работна недела двапати го повикала Димевски на распит за предметот ,,СРЦ ПОДКАЛЕ,,, вест која се рашири како шумски пожар меѓу сите инволвирани и во јавноста. А се шири и веста за истрага за оние 300 милиони евра криминал за кои се интересираат од ЕУ, па уплашен од овие лоши вести, миленикот на Димевски од неговата ,,приватна,, ГФМ, Наум Јанакиев ,,здувнал,, преку граница. Избегал кон Чешка! И не е достапен на органите на прогонот…
Инаку, претседателите на федерациите по автоматизам се и членови на управниот одбор на Олимписки комитет, а Димевски и менторите не смеат да дозволат Менче Николовска Папеш да седне на местото на Наум Јанакиев, бидејќи тоа ја отвора Пандорината кутија, го внесува во игра МОДЕЛОТ ОД ГФМ за промени, иницира по тој модел а со асистенција на стручни лица и инспектори од Агенцијата за спорт и млади да се извршат промени и во сите останати федерации. Проблем е и тоа што Агенцијата издава решенија за обавување дејност спорт, а таков документ не поседува Фудбалската федерација на Македонија, бидејќи нема усогласен Статут со Законот за спорт.
ФФМ и не може да го усогласи својот Статут бидејќи претседателот Мухамет Сејдини е лице правосилно осудено на 18 месеци затвор за шверц на акцизна стока, што е спротивно и на актуелниот неусогласен Статут на ФФМ и на Статутот на УЕФА и ФИФА. Ама, ДУИ го држи насилно на таа функција, има поддршка од роднината Бурим Сејдини од Управен суд, од Артан Груби, преку Таљат Џафери и Али Ахмети до сите т.н. албански клубови кои му даваат поддршка, па автоматски поддршка дава и Даниел Димевски заедно со менторите криминалци од ,,Македонија Турист,, и од Муртино.
Инаку Даниел Димевски, пред да стигне до фотелјата во ОК на РСМ, беше претседател на Кошаркарскиот сојуз, беше и претседател на КК ,,Годел Работнички,, Скопје, закупец на ,,СРЦ ПОДКАЛЕ,, ама и сопственик на две фирми за ,,перење,, валкани пари. Во КК ,,Годел Работнички,, бил заради татко му, поранешен финансиски директор на скопската кожара ,,ГОДЕЛ,,, која татко му и екипата околу Доне Таневски ја ограбиле за околу 120 милиони германски марки.
Димевски бил основач на Друштвото за маркетинг и спортски менаџмент МКФ СПОРТ ДОО Скопје во 2012 година, со влог од 155.300 денари, заедно со Дејан Лекиќ (сега вработен во ФИБА) чиј влог бил исто 155.300 денари, а Илија Мерџановски бил управител, без влог. Втора фирма во која се појавил како основач Димевски носи назив Спортско рекреативно друштво КФМ ДОО Скопје, со влог од 76.200 денари, заедно со Лазар Утевски како ко-основач со ист влог од 76.200 денари и Илија Мерџановски како управител, инаку десна рака на Димевски за сите валкани операции во кошарката и кадар од поранешната кожара ,,ГОДЕЛ,, Скопје.
Двете спортски друштва ги основале во време кога тоа не било дозволено со закон, ама со Доне Таневски како поддршка од грб и секоја власт во континуитет, Димевски успеал и Законот да го промени. За да може да ,,вози,, паралелно! Притоа за сериозните новинари и сериозните медиуми кои го промовирале Даниел Димевски како успешен спортски работник и интелектуалец, се грижел промотерот Глигор Копров.
Па во јавноста Димевски беше промовиран и како експерт за црковни прашања, преку ТВ настапи каде даваше совети до јавноста но и до црквата како да биде решен долгогодишниот спор околу признавањето на МПЦ. Истовремено беше и бизнисмен кој под закуп има ноќен клуб во олимпискиот базен “Центар“. За ова има кривична пријава од туристичката агенција ,,ПОЛЕТ,,, ама Доне Таневски и Глигор Копров ,,одработиле,, пријавата мистериозно да биде ,,повлечена,,.
Олимпиецот Димевски е и урбан мафијаш, се занимавал и со инвестиции во градежништвото, конкретно во Општина Кисела Вода. За него за време на неговиот мандат, градоначалникот Џорџе Арсов, даваше изјави дека општината е гнездо на градежната мафија а Димевски е дел од неа.
Ние како редакција Буревесник будно ќе го следиме развојот на настаните околу обвинението во предметот ,,СРЦ ПОДКАЛЕ,, и однесувањето на Даниел Димевски, ама и како ќе се однесуваат тука вознемирените ментори од ,,Македонија Турист,, и криминалната интелектуална елита поврзана со крадење пари до европски фондови…
Ќе следиме и како од другите спортски федерации ќе биде прифатен моделот за промени кој веќе е имплементиран во Голф Федерацијата на Македонија. Дали ќе го применат или ќе молчат и натаму, дали ќе продолжат да трпат политички и криминални притисоци од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ…