logo
Search
Close this search box.

Денесоски началник на сектор за измами

Не морате да верувате дека ВМРО ДПМНЕ за време на раководењето со МВР од 2006. до денес има формирано Сектор за измами во ова министерство. Со Јанкуловска и Мијалков се е можно. Од пресудата на Апелациониот суд Битола против измамникот, Мр Сашко Денесоски, попусто донесена и повеќе од очигледно НЕИЗВРШНА и НЕСПРОВЕДЛИВА, јасно се чита дека началник на тој Сектор е баш Денесоски. Со најдиректна асистенција на екс началникот на ЦПС, Јордан Размоски…

Во оваа измамничка функционерска екипа колку до вчера играше и екс охридскиот градоначалник Александар Петрески, имател и поседник на 54 станбени единици (тарифата му била еден стан од секој новоизграден блок!). Граѓаните на Охрид решија Петрески да го исфрлат од игра и да внесат нов играч, Др Бакрачески. Дали Бакрачески ќе се уклопи во Секторот за измами при МВР допрва ќе видиме!? Чекаме да влече потези… Претходно, Јордан Размоски е исфрлен од страна на МВР ДПМНЕ и од екипата и од функцијата началник на Централните полициски сили и наместо во притвор па во затвор за соработка со припадници на криминалното подземје, награден е со пензија. На раат да троши од противоправно стекнатиот имот.

Од сите и натаму најактивен е началникот на Секторот за измами, Мр Сашко Денесоски. Иако е повеќекратно осуден за измами на десетина граѓани на Охрид и пошироката околина, иако тие пресуди се одамна правосилни, неговата „мануфактура„ и натаму си работи. И по почетокот на мандатот на новиот градоначалник на Охрид, др Бакрачески, машината за редење и набивање на бехатон плочки на Денесоски (купена со измама и „вработена„ по добиен тендер од Петрески и Општина Охрид!) и натаму работи со полна пареа. Веројатно инспекциските служби не смеат да му издадат забрана за работа. Чекаат налог од МВР, од Јанкуловска и Мијалков. Во прашање е началник на цел Сектор, па да не го налутат случајно.

Оти не е минато многу време откако Мр Сашко Денесоски заедно со тогашниот началник на ЦПС Јордан Размоски патролирал со службен полициски џип, учествувал во оперативни акции раководени од Размоски. Со право му се плашат службените лица на Денесоски, оти со години манифестира леснотија во управување со високи полициски функционери, лесна манипулација со нив, а после се тие биле сменувани а тој секогаш останувал „во седло„. Со право му се плашат и поради бројните НЕИЗВРШЕНИ и правосилни пресуди против него, главно „монтирани„ така за да бидат од финансиска природа т. е. ненаплатливи (нема жиро сметка, нема свој имот, нема ништо од што може да му се наплати!), а таму каде секој друг смртник би добил затвор, судот го осудува УСЛОВНО. Се разбира дека условната казна уште веднаш после донесувањето ја крши и продолжува со измами. Од едноставна причина што сака да докаже дека баш никој ништо не му може. Нема сила која условната казна ќе му ја замени со ефективна затворска казна, се додека се на власт Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков. Се разбира дека началникот Денесоски смета и на СДСМ, неговата матична измамничка партија. Со нив израснал до овие височини, дочекал МВР да формира специјален Сектор за измами и да му даде сила и моќ на Мр Денесоски, да може да прави што сака и како сака и никој ништо да не му може!

А дека тоа е така, може да го прочитате од двете пресуди против него (ги имате во прилог на овој текст!), донесени од Апелациониот суд Битола, по бројните измами и лажното претставување од страна на Мр Сашко Денесоски, дека е „Началник на 6.-та Управа во МВР, за југозападна Македонија„. Се разбира дека такво место во систематизацијата на МВР не постои, ама бидејќи за ова тешко кривично дело е неказнет и непречено си функционира како измамник, си земав слобода Мр Денесоски да го именувам како Началник на Сектор за измами при МВР ДПМНЕ. Јанкуловска и Мијалков знаат за двете пресуди против Мр Денесоски и не преземаат ништо да го спречат да измамува и натаму и да пронаоѓа нови и нови жртви. Ова понатаму ме инспирира да предложам да добие титула почесен ДОКТОР ЗА ИЗМАМИ!

Единствено, жива среќа во целата несреќа е тоа што Денесоски налетал на луѓе кои не се помируваат со измамата која им ја направил, а ја направил затоа што имал поддршка од измамниците Јордан Размоски и екс јавниот обвинител Ставре Џиков, денес адвокат/асистент на началникот Денесоски. Јован Димовски и неговата ќерка Дијана, охриѓани по потекло од селото Лавци, лесно му поверувале на Мр Денесоски, па му плаќале за неговите измамнички услуги, затоа што тој имал несебична помош од „авторитети„ како Размоски и Џиков, вооружени и со функции згора. Но, откако се увериле дека Мр Денесоски лаже, Димовски поднеле пријави и тужби. До денес не дочекале правда, од наједноставна причина што ВМРО ДПМНЕ сонува долгогодишен сон, да ги оневозможи Димовски да дојдат до правда во случајот „Штедилница Лавци„, случај на измамени и ограбени штедачи на кои коалицијата СДСМ/ВМРО ДПМНЕ им режирала драматургија според која сопственикот Јован Димовски е измамник и крадец на нивните пари. Сепак, Димовски поседува доказ дека истрагата против него е запрена уште многу одамна (доказите ги имате во прилог на овој текст!). А комплетниот износ украден од граѓаните штедачи во „Лавци„ бил осигурен преку „Табак Осигурување„. Ден денес трае крвава борба помеѓу ВМРО ДПМНЕ и Стевчо Коцевски со сестра му Весна Таковска (снаа на Снешка Георгиевска!), КОЈ ДА ГИ УКРАДЕ ПАРИТЕ ОД ЛАВЦИ!? Тоа е причината зошто Јован и Дијана Димовски се непожелни и неподобни за оваа власт, па за да ги доупропастат и доуништат, од МВР ДПМНЕ им го испратиле началникот за измами Мр Сашко Денесоски, со Јордан Размоски во пакет.

Малку поголем проблем е што овој криминал не застарува и што порано или подоцна ВМРО ДПМНЕ ќе мора да си замине од власт, а против сите именувани во овој криминален процес има и премногу докази. Највеќе има против Мр Сашко Денесоски, дел од нив имате прилика ексклузивно да ги читате од прилогот даден со овој текст. Паралелно додека ги разгледувате пресудите против Мр Денесоски и додека размислувате за неговата измамничко-началничка кариера, можете да се уверите и како тоа лесно функционира Секторот за измами во МВР ДПМНЕ и како се организира организиран криминал. Ова што го прават Јанкуловска, Мијалков, Размоски, Мр Денесоски, Џиков, е само мала школа за организација на организиран криминал. Класична методско показна единица со „лабораториски вежби„…

Инаку повремено доаѓа до мали недоразбирања помеѓу секторите во МВР ДПМНЕ, па од паника и незнаење што да се прави и како да биде решен проблемот, прибегнуваат кон божемно апсење и приведување на началникот Мр Денесоски, ама тој си има лекар кој заедно со Размоски го научил во такви прилики да припаѓа во полунесвест, да прави сцени како да е на умирање и да бара лекарска помош. Др Ѓоко Константинов е задолжен во сите такви прилики да го покрие мр Денесоски со медицинска документација од која се чита дека безмалу за малку ќе умрел. Началникот е алергичен на апсење и на притвор и затвор. Мора да е на слобода, ма колку тешко кривично дело направил. Таква терапија препишува Др Константинов. Мора да се почитува за да не прекине измамничко/началничката кариера на Мр Денесоски од која сите гореспомнати имаат корист. А како тоа оди, читајте од дописите на оштетената Дијана Димовска, таа началникот Мр Денесоски најубаво го опишала.

Еве што пишува Димоска: „Сашко Денесоски нам ни се претстави како инспектор во Полиција и советник на Г-дин Јордан Размоски. Јас имав еден случај против фирма Метро од Скопје кој се водеше во Основен суд во Скопје. Случајот застана поради корупција. Кога Сашко Денесоски ги разгледа документите рече дека грешката е во судот и дека овој случај со Метро треба да се предаде на Врховен Суд. Главната сума што требаше да се исплати беше некаде околу 60.000 евра.

Сашко ми побара 500 евра за судот и објасни дека до 100,000 евра таа сума треба да се плати. Крајот на август ме обавести дека Врховен суд донесол одлука во моја корист. За формалностите ми побара да направам полномошно во име на Ставре Џиков адвокат од Скопје и праша на кој рачун да се префрлат парите. За услугата на адвокатот платив 600 евра и татко ми му плати уште. Во септември 2007. ме праша дали можам да му пуштам машина за негова употреба и ќе ми ја плати преку Вестерн Унион. Машината кошташе околу 1,000 евра (без мои трошоци). Му ја испратив и до ден денешен парите не ми ги плати. Неколку пати го прашав за докази од Врховен суд и за доказ од Вестерн Унион. Исто не ги достави. Крајот на 2007. и почетокот на 2008. се скри, телефоните ги смени и не беше достапен за нас. Почетокот на април 2008. ние специјално дојдовме во Македонија за да го пријавиме случајот. Трошокот беше 1,000 евра.„

Освен пријава во полицијата во Битола и Охрид за измамите на Мр Денесоски, кога видела дека нема ништо од нив, оштетената Дијана Димовска контактирала и со МВР, поточно со извесен Владимир Крстевски кој од неа барал да и го опише целиот случај. Еве го тој допис, пратен на 28. април 2009.: „Здраво Влатко, како што се договоривме еве ќе ти кажам за случајот со Сашо: Фирма од Скопје ми беше должна пари. Јас ова го пријавив тука во Холандија. Холандскиот суд дозволи да во случај Македонската фирма има сопственост во Европска Унија да се заплени. Холандските власти му фатија нивни камион со роба и веднаш му ја запленија робата. По некое време платија нешто и го убедија холандскиот адвокат да ја ослободи робата оти докажаа дека плаќаат и дека и понатаму ќе плаќаат. Робата се ослободи и тие престанаа со плаќање. Тоа што не го платија јас си го барав. Во Македонија беа исто на суд дадени ама никогаш не дојдоа. Ни беше кажано дека тие пари ги платија за да се скрие случајот. Ова го водеше тогаш Љубица Рубен. Никој не ме обавести понатаму за овој случај. Кога Сашо ги виде документите рече грешката е во судот. Овој предмет се водеше во Основен суд. Сашо ми рече овој предмет е за Врховен Суд, имаш холандски документи, едино што треба е Врховен суд да ја признае одлуката од холандскиот суд.

Сашо ги зеде сите документи, му плативме пари и на крајот на август 2007. не обавести дека судот ја признал пресудата и дека случајот е решен. Само требаше да му направам полномошно за извршувањето формалности. Полномошното беше напишано на име на адвокат Џиков од Скопје. Јас сепак мислам дека Сашо некој го штити а украдените пари ги делат. Не ми се верува дека тој оперира сам. Ова е организиран криминалитет. Еве ќе ти објаснам зошто:

Пријавата во полиција Битола беше скриена. Сашо е обавестен за сите акции од наша страна (и други) до деталност на пријавата (истиот ден). Тоа може да го каже само некој од службениците или колегите полицајци со кои тој другарува. Мене не ми е јасно како може тежок криминалец да си игра како сака и пред полицајците е полицаец, што значи тој е слободен во све што ќе превземе. Се фалеше дека има дипломатски пасош. Работи со 3 мобилни телефони. Јас го гледав и го слушав како одма информација добиваше. Затоа пак ти велам Сашо е поврзан со некого од полиција кој му дава секаква информација, која ја користат за да крадат.„ Од јасно појасно. Дијана Димовска само констатирала на својата мака, дека во Македонија непречено функционира Сектор за измами при МВР ДПМНЕ, со недопирлив началник Мр Сашко Денесоски. Таков му е секторот. Министрите и директорот на Управата се менуваат зависно до тоа дали на власт е ВМРО ДПМНЕ или СДСМ.

На началникот Денесоски му е сеедно, тој секако останува на својата „висока„ општествена функција…

ДИМОВСКА ГО ПРИЈАВИЛА И АДВОКАТОТ/НОТАР/ИЗМАМНИК МАРИНЧО ВЕЛЈАНОВСКИ

Дијана Димовска има поднесено и пријава против адвокатот Маринчо Велјановски од Битола. Велјановски е колега на измамникот Мр Сашко Денесоски. Ама Велјановски е во секторот за измами при нотарската Комора на РМ. Оштетената Димовска го пријавила Велјановски за кривично дело,, Измама,, од чл. 247 ст. 1 и 4 в. в., чл. 252 ст 2 од КЗ на РМ. Димовска преку своја фирма од Холандија испорачувала месни производи во Македонија на фирмата ,,Жилевски Компани,, од Битола. Побарувањето за испорачаните месни производи достигнало околу 94.000 евра. Но сопственикот на битолската фирма ги преземал сите можни незаконски мерки за неисплата на побарувањето на Димовска. По ова откако увидела дека нема намера да плати, Димовска ангажирала Агенција за наплата на долгови од Холандија, за што во Македонија бил ополномоштен адвокатот Маринчо Велјановски од Битола, на 22. април 1997. Тогаш му биле презентирани сите писмени докази за да поведе постапка против ,,Жилевски Компани,, од Битола, добил полно овластување за поведување на кривична постапка-пријава, со единствена цел да го наплати побарувањето од должникот.

Дали нешто превземал и дали нешто наплатил, Велјановски никогаш не ја известил Димовска. Едноставно ги прекинал сите контакти со неа и за неа е недостапен. А подоцна ја напуштил адвокатурата и преминал во нотари ([email protected]) . До денес Димовска не знае што станало со побарувањето од „Жилевски компани„, дали Велјановски го наплатил!? Едноставно, се крие од својата клиентка. Под сомневање дека станува збор за измама Димовска го пријавила адвокатот Велјановски во битолската полиција. Маринчо не сака веќе да контактира со неа, ниту сака да и ги врати сите списи и докази за побарувањето кои останале кај него. Ниту битолската полиција ниту основното јавно обвинителство во Битола не се произнсуваат по однос на пријавата на Дијана Димовска против Маринчо Велјановски.

Како сите заедно нешто да кријат!?

  • Kреирано на: 19.07.2013
  • Прегледано: 190.342

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.