Благоја Механџиски Зегин неколку децении во Македонија и регионот се претставува како хуман, благороден и чесен бизнисмен кој освен што тера фармаколошки бизнис, паралелно им помага на луѓето. Се претставува и за голем христијанин и верник, одан и верен на вредностите на православната црква. Сепак, не е така! Сето тоа е само фина маска под која се крие нечовек, нехристијанин, нечесен и неблагороден алчен бизнисмен, кој бескрупулозно гази врз сите оние кои ќе му се најдат на патот. Тоа го потврдува и бивша вработена во неговата компанија, која своето искуство го споделува со нас…
Ќе остане анонимна за јавноста, за да не ја снајде одмазда. Оти нема кој не настрадал од оние кои му се нашле на патот на остварувањето на неговите високопрофитни цели.
„Сакам да останам анонимна за јавноста бидејќи настрадаа сите кои јавно му се спротивставија. Тој процес многу години го гледав во живо. Не работам веќе кај него бидејки ми се згади секој ден да гледам дефиле на судии, адвокати и вработени од македонското судство кои ненаситно доаѓаа по сето она што им требаше а претходно го нарачуваа кај Механџиски. Функциониравме така што тој секојдневно се јавуваше по неколку пати и диктираше телефонски кому да се дозволи бесплатен пристап до лекови, препарати, козметика, итн. Доаѓаа и новинари по ,,гага,, лекови и козметика, најчесто Јанко Илковски, редовно еднаш неделно доаѓаше кај нас, како во супермаркет.
Прво се јавува Благоја, па после иде ,,коминтентот,,. Земаат се што им треба, без мерка и усул. Не плаќа никој од нив, се иде запишано во ,,тефтер,,. Корупција на високо ниво, високи функционери од власта, судии кои треба правда да делат или адвокати кои треба некого да бранат, зацапани до гуша во корупција. Ги гледав и анализирав секој ден, сфатив дека немаат образ и чест, немаат ниту срам и совест. Затоа ми е јасно што се случува во Македонија. Така сфатив дека Благоја Механџиски е недопирлив, ги купил сите кои можат да му наштетат на било кој начин. Не одете на суд против него ако не сте помирени дека сигурно ќе загубите. Судиите мирно му стојат и му се поклонуваат!
Корупцијата која ја спроведува на повисоко ниво е лесно проверлива, доколку има кој да провери, ама нема. Механџиски увезува препарати, лекови произведени на природна база од Германија, преку фирмата Фармавитал, регистирана на тамошна домашна адреса (Трисдорф Спих, Германија) на синот од неговата родена сестра Мара Иванова. Тоа е неговиот внук Васко Иванов, за кој во македонската јавност протурија информација дека е високошколуван во САД, што нема врска со вистината. Тој статира во Германија, добива висока плата и потпишува документација. Проблем со тие лекови-препарати од Германија е што не подлежат на никаква контрола од страна на македонската дирекција за храна, нема спроведување на санитарна контрола да се утврди нивната исправност. Онака како се увезени без контрола, нетестирани, така влегуваат во апотеките на Зегин и се пуштаат во продажба. Една рутинска инспекциска контрола на овој криминален и штетен процес пограѓаните на Македонија, Механџиски ќе го однесе во притвор а компанијата ќе биде затворена. Ама нема кој да ја спроведе бидејќи од министерот за здравство преку директорите на дирекциите задолжени за контрола и Царината, сите се на ,,апанажа,, кај Механџиски, сите впрегнати во негова одбрана и во одбрана на криминалот што го спроведува.
Овие германски лекови-препарати од Фармавитал, за потрошувачите се примамливи бидејќи имаат многу пониски цени во однос на конкуренцијата која ни приближно не може да конкурира со цените на Зегин. А неговите се ефтини бидејќи она што го продава немаат никакво дејство, ни штетно ни корисно. Зегин продава ПЛАЦЕБО лекови, народски кажано лекува со зашеќерена водичка. Плацебо лековите не содржат никакво лековито својство, пациентите кои ги користат веруваат дека овие лекови им помагаат. На потрошувачите во Македонија кои купуваат производи од Фармавитал, најлековито им влијае тоа што се поевтини од истите кај конкуренцијата на Механџиски.
Поради енормната чиста заработувачка од овие ,,празни,, лекови-препарати, под посебен режим на тортура се вработените во аптеките на Зегин. Секој вработен има своја влезна шифра преку која месечно се контролира колку има реализација на оваа Фармавитал Плацево ,,програма,,. Ако вработениот имал повисока реализација од нормата, добива бонус на плата од околу 1.000 денари. Платата на фармацевтските техничари во Зегин е 14.000 до 15.000 денари, а на фармацевтите 20. 000 до 23. 000 денари. Така да, апсурдно звучи сознанието дека труеме население за плата која е мизерна. Функционерите од извршната власт кои ова го овозможуваат се платени далеку повеќе. Жално е што ова што сега го чита македонската јавност преку вас, нема да излезе во медиумите кои како маѓепсани ги следат најбројните потрошувачи – пензионерите!
Да објаснам за вработените. На ниво на секоја аптека на Зегин има утврдени таргети на производи кои ги увезува Зегин. Следува казна од плата за секој вработен кого ќе го забележат дека послабо продава производи од увоз од Германија. Поради малите плати и немање алтернатива за вработување во овој сектор кој Механџиски потполно го контролира, аптекарите молчат и трпат. Не е реална ниту претставата во јавноста дека Благоја Механџиски е хуман човек. Во апотеката во која работев бевме сведоци на сцена на мајка со дете инвалид која Благоја го молеше да му набави на детето количка за инвалиди, поради староста и неупотребливоста на таа во која беше. Грубо ги одби, им сврте грб и не сакаше да им излезе во пресрет.
Во компанијата има и компјутерски стручњаци кои пред пописите менуваат состојби на залихите на стоката, така да редовно се појавуваат кусоци кои солидарно се делат на вработените. Па после попис неколку месеци платата е помала за да се покрие кусокот искажан на попис. Попис во Зегин се прави два пати во годината, па неколку месеци потоа од плата одбиваат за покривање кусок и кога се ќе се собере, највеќе 2 – 3 месеци во годината се добива полна плата. Одмор нема бидејќи во Зегин се работи 365 дена од годината. Ова е директна последица на функционерската ,,гага,, која на крај вработените ја плаќаат од свој џеб. Не смее Механџиски да биде во минус. Нашол систем кој функционира во негова корист. Со скратување од плата на вработените го плаќа корумпирањето на функционерите кои му требаат, создава затворен круг на корупција во кој вработените немаат кому да се жалат. Тие кои треба да го прекинат синџирот на корупција се корумпирани…
Доаѓа позната судијка која зема бесплатно пелени за нејзината внука, зема истовремено и парфем и козметика, тоа се запишува на испратница и се испраќа кај керките на Механџиски. На крај се минусира книговодствено од состојбата на стока во аптеката од која е земена, па тоа чека попис да се констатира како кусок. Дадов отказ кога веќе не можев ова да го гледам и да трпам.“, ја заврши својата горчлива исповед нашата соговорничка…
Во процесот на спроведување на оваа корупција, Благоја Механџиски има многу непријатели. Поголемиот дел од оние кои ги купил на погоре опишаниот начин го мразат и презираат, ама се фатиле на оро и го играат. За да не му наштетат и да не забегуваат и преминат кај неговата конкуренција, Механџиски ги контролира преку УБК. Еднаш месечно по своја рекет порција во ЕВРА кај него во просториите спроти Житолукс на ул. Васил Ѓоргов во Скопје, доаѓа актуелниот директор на УБК, Љупчо Андоновски. Редовно по месечна ,,апанажа,, од 1.000 евра доаѓаат и началникот на секторот за организиран и стопански криминал, Роберт Милчовски, по потекло од Берово и началникот на стопански криминал од СВР Скопје, Љупчо Тодоровски. Милчовски фамилијарно е поврзан со Механџиски, ама им роднинси врски и со дел од врхушката на МВР ДПМНЕ. Во нивните редови го има инсталирано Благоја Механџиски, за да му служи и нему и ним, повеќе нему. Милчовски е директно задолжен за сите апсења и местенки кои Фамилијата на власт ги спроведува кон неистомислениците. Директно е задолжен за ОО ,,ПУЧ,, и местење на Зоран Заев. Екстра е стимулуиран финансиски од Механџиски овој случај да го заврши со апсење на Заев.
За стимулација на службено користење му е даден нов Голф Пасат од Механџиски, кој Милчовски веќе си го смета за свој. Милчовски редовно го посетува Механџиски во седиштето на ул. Васил Ѓоргов, му реферира кој од Јавното обвинителство на кој случај работи, дали нешто се презема против компнијата Зегин, кој е опасен по бизнисот на Механџиски и се што е интересно за финансиерот, кој пак тие информации подоцна ги препродава на други заинтересирани. Роберт Милчовски во безбедносните кругови е познат како еден од најслабите студенти на Факултетот за безбедност кој во кариерата највисоко се искачил. Ама го бива во процесот на врбување лажни сведоци во процеси против неистомисленици и давање на статус заштитени доколку ја постигнат целта со сведочењето. Мојот извор од МВР кој одлично го познава, ми тврди дека попослушен во МВР никогаш не се вработил, таква послушност ни на филм немало. Роберт Милчовски ја спровел комплетната акција ШПИОН, местењето на притворените, собирањето лажни сведоци и нивно инструирање што да кажат на процесот…
Од лидерскиот состав на актуелната опозиција, Благоја Механџиски редовно комуницира и се сретнува само со Тито Петковски.
НАПОМЕНА: на прашања во врска со објавените созннија Благоја Механџиски не сака писмено да одговори. Не сака ни да прими прашања.
Претпочита неартикулирано урлање на телефон и повеќекратно вртење исти небулози во круг…
- Креирано: 08 07 2015
- Прочитано: 80 142