logo
Search
Close this search box.

Професор Боро Брко, менторот на Бобо Шекерински

Пишува: Зоран Божиновски

Професорот Борче Давитковски, освен што е родоначелник на идејата спроведена во дело, за отварање универзитети во секое село во Македонија и освен што измислил фалсификување на дипломи и магистерски трудови и нивно признавање, освен што бил декан на коренот на едниот од двата корена на зло во нашата земја (правниот факултет, заедно со економскиот на УКИМ!), бил и претседател на бордот на директори на Македонски Телеком од 2002 до 2004 година.

Во 2004 година потпишал договор од името на Македонски Телеком, поточно од името на ограбените корисници на нивните услуги, со комапнијата Алкател. Во купувањето софтвер за спојување на двете компании, Давитковски со меѓународните криминалци од Алкател и со директорите Ковачевски, Пројкоски и Љушев од една страна и Менка Евнушева, претставничка на Алкател во Македонија, потпишал и да се набави компатибилен софтвер со веќе набавениот израелски софтвер за следење на комуникациите

Борче Давитковски е долгогодишен советник и консултант на Државниот универзитет Тетово. ,,Прославен,, е по број на фалсификувани дипломи. Скоро успеал да исфалсификува колку и Универзитет за менаџмент и туризам, ,,Др Даце Дрде Краљ,,, каде ректорува Аце Миленковски. Давитковски највеќе се истакна во јавноста со ,,набавка,, на факултетска диплома од ДУТ за Божидар Јанковски викан Бобо, сопруг на Радмила Шеќеринска. Беше изменет законот за банки во делот на управување со нив, па по ново се предвидуваше само високообразувани, со магистерски дипломи да можат да управуваат и директоруваат. А ,,домазетот,, Бобо Шекерински управуваше со ,,Дајнерс Македонија,, со средношколска диплома.

Ама, проф. Борче Давитковски му набави фалсификат диплома на Јанковски од ДУТ, за да го постигне краткиот рок од 6 месеци за усогласување со законот, па веднаш експресно му набави и магистерска диплома од УКИМ, преку првиот професор кој се нафати на овој вид криминал, менторото на Бобо, професор Климовски, син на Саво Климовски, поранешен претседател на Собранието на РМ…

Вака набавените дипломи за Божидар Јанковски беа темелот да биде понижена, посрамена и ,,клекната,, Радмила Шекеринска како главен преговарач со ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, во Пржинските преговори, кога СДСМ се пазареше и да престанат да се емитуваат ,,бомбите,,, заедно со сите други отстапки на кои денес сме сведоци, а СДСМ е соучесник и креатор…

Важно, Божидар Јанковски, во режија на проф. Давитковски – остана да директорува во ,,Дајнерс Македонија,,! А Нашата земја отиде по ѓаволите…

Во продолжение, читајте ја содржината на мејл пораката од која се чита каква улога играл професорот Давитковски во Телеком, на штета на корисниците:

Од: Атила Сендреи

Испратено: понеделник, 4 октомври 2004 година, 10 44 часот

До: Ролф Плат, Елек Штрауб, Андраш Балог, Золтан Кишјухас

Копија: Славко Пројкоски, Димитар Ковачевски, Никола Љушев, Дејан Силјановски

Тема: Алкател

Почитувани,

Дозволете ми да ве информирам дека на средбата помеѓу г-дин Рене Оберман и г-дин Џерард Дер Агобиан, директор за продажба и развој на бизнисот во Alcatel и нивните претставници, беше договорено да се набави нов софтвер за Alcatel Central во МакТел. Детали од зделката ќе бидат пренесени во Германија.

Јас и господинот Борче Давитковски ќе го потпишеме договорот со Алкател, додека во име на Алкател, договорот ќе го потпишат г-дин Жерар Дер Агобиан, директор за развој на продажба и бизнис, ВНД Европа и г-ѓа Менка Евнушева, генерален директор на Алкател Македонија. Добрата работа во целата оваа работа е што софтверот за надградба на Alcatel 1000 на верзијата P25.2 е бесплатен за модификација и е компатибилен со израелскиот софтвер за следење на комуникациите.

Веднаш ќе се одржи состанок помеѓу извршните директор 1, 2 и 3, Ковачевски, Пројкоски и Љушев и г-ѓа Менка Евнушева за спојување на двата софтвери.

Почнуваме со работа веднаш по купувањето на софтверот.

Со почит

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.