Проширено и надградено велепредавство

Ниту последниот меѓународен тендер, доделен на грчка фирма, за изградба на 50-тина километри пат од Демир Капија до Смоквица (грчка граница) – не помина без голем скандал. Овојпат најдиректно е загрозена и безбедноста на Република Македонија…

Тендерот за изградба на делницата Демир Капија-Смоквица, доделен на грчка фирма, е наместен така што пред објава на тендерските услови и правила за понудувачите, на претставници од грчката фирма која подоцна и победи на овој тендер, по налог на директорот на УБК Сашо Мијалков им е однесена комплетната детална документација. Во Агенцијата за изградба на патишта за секоја патна делница во Македонија, освен основната документација е архивирана и воено безбедносната која ги соддржи сите воено стратешки битни точки за одбрана во случај на евентуален напад.

Мијалков му дал налог на неговиот курир, во Грција да ја однесе и да им ја предаде целата документација што се нашла на архива во Агенцијата, што е еднакво на велепредавство. Со овој чин најдиректно ја загрозил безбедноста на Република Македонија. Врз основа на добиената документација Грците потоа изработиле најповолна понуда со која победија на меѓународниот тендер и ќе ја градат оваа делница. На Мијалков му возвратиле со великодушна понуда делницата да ја градат за „проширени и надградени„ 270 милиони евра, иако Агенцијата за патишта според сите досегашни пресметки дошла до цена од 190 милиони евра. Договорено е како што е и вообичаено во вакви прилики, во текот на изградбата, со анекси цената на оваа делница да се „прошири и надгради„ до 300 милиони евра.

Нормално, сите трошоци на оваа најнова криминално-безбедносна авантура на Сашо Мијалков, ќе ги сносат граѓаните на Република Македонија, даночни обврзници…

  • Kреирано на: 28.04.2013
  • Прегледано: 210.456

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.