Реисот Сулејман Реџепи викан Жарко, спротивно на законот и покрај забраната да располага со имот на Исламсаката верска заедница, гладен за профит сепак тргувал и продал имот на скопското Муфтиство. За ова има соодветна кривична пријава која чека процесуирање…
Подготвил: Зоран Буревесник Божиновски
Врз основа на одредбите од член 273 и 274 од ЗКП, до Основно Јавно Обвинителство Скопје, од страна на Ибрахим Шабани, Африм Тахири, Скендер Бузаку, Абаз Ислами и Исмет Битиќ, на 18. 08. 2015 година е поднесена КРИВИЧНА ПРИЈАВА против Сулејман Реџепи и Сабедин Амети поради основано сомневање дека сториле неколку кривични дела кои на Обвинителството му се наведени со целокупна документација, со детално образложение и конкретен предлог за првоосомничениот да се подигне Обвинителен акт за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување„ по член 353 став 3, в. в. со став 1 од КЗ, едно кривично дело: “Злоупотреба на службена положба и овластување„ по член 353 став 2 в. в. со став 22 од КЗ и едно продолжено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување,, по член 353 став 2 в. в. со став 2 в. в. со став 1 в. в. со член 45 од КЗ.
Немаме намера овој пат да ве оптовариме со сите точки од кривичната пријава, накратко обрнете внимание само на точката која го обработува проблемот во врска со КП. 3773/1 КО Центар 1, површина која до 23. 04. 2013 била во функција на ЈП Комунална Хигиена, односно тие биле корисници. Според пријавителите, првоосомничениот Сулејман Реџепи – претседател на ИВЗ на РМ, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување, спротивно на Уставот на ИВЗ Скопје, и без да се оформи Комисија на Муфтиството на ИВЗ Скопје, превземал активности преку лицето Мустафа Даути и подготвил склучување на Договор за отуѓување на недвижен имот со лицето Нуждет Рамадани од с. Липково. Со ова, Сулејман Реџепи и нанел значителна штета на Муфтиството на ИВЗ Скопје.
Врз основа на Решение за денационализација ДН. бр. 19-08-698 (197) од 29. 11. 2012 година, за имот кој претставува КП. бр. 3773/1 КО Центар 1, во вкупна површина од 18.827 метри квадратни, имотот бил предмет на денационализација и е вратен во сопственост на ИВЗ-Муфтиство Скопје. Во текот на 2014 година, спротивно на сите укажувања кои Сулејман Реџепи ги добивал усмено од оштетените, особено од Ибрахим Шабани кој како Муфтија се грижел за имотот на Муфтиството, сепак, со посредништво на Мустафа Даути, Сулејман Реџепи нашол купувач и подоцна го продал предметното земјиште. Оштетените презеле активности за спречување на ваквите дејствија на Сулејман Реџепи, имено Муфтисвото на ИВЗ Скопје, застапувано од оштетениот Ибрахим Шабани, формирало Комисија со соодветни задачи во врска со КП. Бр. 3773/1.
Оваа комисија била формирана на 11. 02. 2015 година (тогаш започнале сите незаконити активности на реисот Сулејман Реџепи), заради вклучување на сите оштетени во процесот на спречување на незаконити дејства од одговорни лица во скопското Муфтиство. Оваа комисија му била пречка на Реџепи за незаконитото отуѓување на недвижностите со кои единствено може да располага Муфтиството Скопје. Текот на настаните покажал дека Сулејман Реџепи немал никаква согласност за располагање со ова земјиште и за продавање, ама за тоа воопшто не му било гајле, го гледал само профитот. Па почнувајќи од февруари 2015 година, ги почнал активностите за за незаконско разрешување на Ибрахим Шабани, Скендер Бузаку и Исмет Битиќ од нивните функции кои ги извршувале во Скопско Муфтиство. За да не му пречат во самоволието.
Врз основа на целокупната документација за предметната парцела КП бр. 3773/1, очигледно е дека сите активности за денационализација биле превземени исклучиво од страна на Муфтиството на ИВЗ-Скопје, а не од страна на Сулејман Реџепи во својство на претседател на ИВЗ. Неспорно е дека во целата постапка Реџепи се појавил откако веќе бил завршен процесот на примопродавање од ЈП Комунална Хигиена на Муфтиство на ИВЗ Скопје, што се случило на 23. 04. 2013 година.
Од сето ова погоре се наметнуваат прашањата:
– Зошто скопското Муфтиство предводено од Ибрахим Шабани чекало до 11. 02. 2015 за да формира Комисија!?
– Кој сега менаџира со КП бр. 3773/1 и зошто бегаат инвеститорите, зошто се уште местото е празно, заборавено?
– Дали сегашното раководство на скопското Муфтиство е на ниво на задачите што се предвидуваат по Уставот на ИВЗ?
– Која е улогата на Општина Чаир, односно на градоначалникот Висар Ганиу кој во текот на изборната кампања го промовираше предвидениот проект за КП бр. 3773/1?