Тапанарот на Даравелски – Бруно Грозданов

Пишува: Зоран Божиновски

На две од три судења против мене во Кривичниот суд, криминализираната јавна обвинителка Елизабета Јосифовска од Кичево, потоната во корупција, конфликт на интереси и злоупотреба на службената положба во секое обвинителство каде застапувала обвиненија, инстистираше од судијката Фанка Јанчулева Михаилоска, да ,,приклони верба во целост на исказор на оштетениот Драган Даравелски,,. Наводно сум го уценувал Даравелски во Белград за пари, а јас се преселив во Белград за да го најдам и да го удавам со мои раце, на 21 јули 2009 година. На 19 јули имав средба со атентаторот Горан Трајковски Тајто, кој ми призна пред двајца сведоци на 19 јули таа година дека Даравелски е нарачател на моето убиство кое не се случило бидејќи три секунди пред да влезе во ,,Радио Тумба,, и да пука во мене, ,,Господ му рекол да не го направи тоа,,. Даравелски нема пријавено во МУП на Србија дека бил уценуван од мене. Нема пријава од него против мене ни во МВР. Ама ете на обвинителството на благоупокоениот шеф Марко Зврлевски, а во изведба на проститутката Лиле Стефанова им текнало дека ова може да го измислат. Па измислија, а за тоа Елизабета Јосифиска се фати како слеп за стап…

Средби со Даравелски во Белград имаше првообвинетиот и осуден во предметот ,,ШПИОН,,, Марјан Ефремов. Посредник за тие средби, а јас знам само за една, на 1 јуни 2010 година, бил Александар Наумовски, вработен во Агенција за разузнавање. Наумовски, сопруг на судијка од Скопје, сведочеше на моето судење, на мое барање, иако судуот прво не можеше да го најде. Па морав и го најдов сам, па го приведо да сведочи! Јасно изјави на суд дека посредувал Даравелски и Ефремов да се сретнат и тоа се случило. Ама децидно кажа дека со мене немал контакти. Посредништвото било на приватна основа, Наумовски се познавал од порано со Даравелски, Ефремов тоа го знаел како разузнавач. Во Агенцијата за разузнавање нема никакви пишани траги за врските на Наумовски со Даравелски и за нивната комуникација додека Даравелски е во бегство поради правосилна затворска казна. Наумовски и Даравелски се среќавале повеќекратно во Врање, Србија, после тоа бегство, а Агенцијата ништо не знае за тие средби.

Драган Даравелски по штетата од околу 200 милиони евра, направена додека ја извршуваше функцијата директор на Царинска управа на РМ, од јануари 1999 година до бегството во ноември 2002 година, направи многу зулум, внесе блуд, секс и разврат во нашето општество, исклучиво на наша сметка. Во Куманово никој не памети да се фатил за џеб да плати нешто. Крадеше без милост, имаше своја вооружена паравојска и параполиција, составена од криминалци кои не можеле ни основно образование во животот да совладаат. Од маргините на Куманово, заедно со татко му Томе Стојановски Далавера, поддржани од премиерот Љубчо Георгиевски и од Доста Димовска, собра од улица 35 маргиналци/криминалци и ги постави на јавни функции. Уште стотина полуписмени вработи во Царинската управа, ги умрежи во царинска рекет шема, ги поврза со неговата шпедиција ,,КОМТЕХ,, со која се обиде да воспостави царинско-шпедитерска окупација на Македонија. Кон Косово не смееја без да платат рекет големи светски компании. ,,Пармалат,,, ,,Швепс,, и ,,КИА,, бараа меѓународно посредништво за интервенции кај премиерот Љубчо Георгиевски, да го смилостиви Даравелски, транзитот низ Македонија и границата кон Косово да го поминат без рекет. Немаше помош од Љубчо, бидејќи Даравелски беше благајник на ,,Благовестие,,, рекетарско хуманитарната организација на неговата сопруга Снешка, приклучено на ,,царинската цицка,, да цица.

Во време на директорување во Царинска управа, како нереализиран музичар, поради неговата немузикалност, аколекционер на плочи за да бдие во контакт со музиката, Даравелски околу себе собираше познати музичари, популарни ама сиромашни поради малиот македонски музички пазар. Така, во Царина ги вработи пеачот солист и некогашен член на групата ,,Автограм,, Мики Јовановски Џафер, во правната служба и згора и Бруно Грозданов, некогашен тапанар на групата ,,Конкорд,,. Со Мики Џафер имав (не)пријатна средба по славната прес конференција во август 2002 година кога Даравелски реши да ја отвори Царината кон јавноста. На таа прес конференција поставив серија прашања после кои Даравелски ја прекина, оти немаше одговор на прашањата. На одење, од салата во седиштето на Царината ме застана Мики Џафер и ме понуди да седнеме, да кажам колку кошта моето молчење и сите да бидеме среќни. Му објаснив дека таа не ја бива, да си гледа своја работа. Тогаш бев новинар на ,,Фокус,,. После оваа одбиена понуда било решено во ВМРО ДПМНЕ да бидам убиен. Решението го донеле Драган Даравелски, Доста Димовска и Никола Груевски. Заврши со тешки телесни повреди во ,,Радио Тумба,,, една ноќ во помината во кома и бегство на Даравелски преку граница и со нарачано тепање на в.д. директорот на Царина наместо него, Ванчо Лазаров.

Бруно Грозданов е внук на народниот херој Боро Денков. Имаше куќа на Водно, како повеќето преживеани народни херои. Непреживеаните имаат бисти и споменици кои денес ги рушат нивните наследници. Куќата на Водно е купена од Драган Даравелски, па после неговото бегство заплената како предмет на тешките кривични дели заради кои беше осуден во одсуство. Боро Денков за време на втората светска војна го спасил татко му Томе Стојановски Далавера од четнички нож. Иронија на судбината сакала после војната кога се оженил Томе со Станка Стојковиќ од село Биљача, Бујановац, Србија, да стане баш четнички зет. Татко и Стојко Поповиќ бил еден од најбруталните четнички кољачи во тој крај од Јужна Србија, на граница со Македонија. Затоа на сите поствоени средби со Срби, Томе Далавера истакнуваше: ,,Па где сте БРАЋО моја, Срби!,,

Кај своите БРАЋА СРБИ побегна Драган Даравелски по грабежот како директор на Царинска управа. Побегна во Белград, таму во екстрадиционен притвор доби српско државјанство врз основа на родното место на мајка му и веднаш излезе на слобода, во мај 2003 година. Со мајка му Станка тогаш основаа две фирми, едната ,,ИТЗ Центар,, Београд, другата ,,ИТЗ Центар,, Скопје. Во Скопје со пари украдени од сите нас, претходно како директор на Царината ги купи ,,Трготекстил,,, ,,Југоопрема,,, куќа на Водно од Боро Денков и внукот Бруно, куќа на ,,Сава Ковачевиќ,, 8а во Кисела Вода каде ја смести шпедицијата ,,Комтех,,, градежната фирма ,,Козјак,, Куманово, цигланата ,,КИК,, Куманово, дрвната индустрија ,,Димче Еребица,, Куманово, РТК ,,Куманово,, го присвои па комплетната опрема и грамофонските плочи ги пресели во ,,ТВ ЗОРА,, која му ја купи со пиштол на чело на еден социјалдемократ и ја преименува во ,,ТВ НОВА,,, регистрираше со еден послушник ,,РАДИО БРАВО,,, ја присвои стоковната куќа ,,НАМА,,, си ја присвои ,,Кумановска бања,, во комплет со ,,Бисерка,, угостителско претпријатие кое ги имаше во посед сите хотели и ресторани на подрачјето на Куманово, со Аце Миленковски основаа Универзитет за менаџмент и туризам ,,Скопје,, на кој продаваат ФАЛЦ дипломи, главно за необразувани социјалдемократи кои последните седум години се на власт. На тој универзитет со лажната докторска дисертација купена од Украина, како вонреден професор, работи Сретен Кретен Миладиновски, син на Софроније Миладиновски од Кичево, роден вујко на криминализираната обвинителка Елизабета Јосифоска. Сретен Кретен Миладиновски е професор со хендикеп. Има концентрација од 4 минути, толку предава, па си ги собира тетратките и заминува, па студентите го викаат ,,Мистер ФОР минит,,!

Бруно Грозданов, освен што со бугарскиот функционер Александар Даштевски, сега прв човек на Државната изборна комисија, заедно му го работеа ,,ТРГОТЕКСТИЛ,, (фирма со најатрактивните деловни простори во Скопје!), му помогна на Даравелски да присвои и банка. Кумановската АД ,,КИБ,, банка Даравелски со ќотек, присила и нешто со украдени пари ја ,,освои,, до 37% во посед. Ама не смееше да поседува акции во неа, па ги распореди на 11 иматели. Бруно Грозданов, како негов човек инсталиран во украдената кумановска керамичка индустрија, во име на цигланата ,,КИК,, Куманово поседуваше 435 акции во ,,КИБ,, Банката. Таа банка подоцна, кога Драган Даравелски е во бегство во Србија, татко му Томе Стојановски Далавера и Бруно Грозданов му ја продаваат на Благоја Механџиски Зегин. Ги групираат сите 37% од украдените акции во блок трансакција, Зегин си купува 15% од други акционери, а гувернерот Петар Гошев дава зелено светло продажбата да може да помине т.е. овие 37% да бидат одмрзнати како предмет на кривично дело, за да помине мазно продажбата на ,,МИЛЕСТОНЕ,,, од Исланд, божемен финансиски фонд. Во тој фонд во измислен Борд на директори членуваа артисти од еден исландски куклен театар, одиграа ролји на инвеститори во Македонија. Така Зегин накратко стана банкар, а ,,КИБ,, Куманово беше преименувана во ,,СТАТЕР,, банка, па подоцна беше препродадена на бугарската ,,Централна Кооперативна банка,, од Софија. Даравелски од оваа трансакција во бегство во Белград на сметка доби чисти и оданочени 1.947.000 евра…

Директорувањето на Даравелски во Царинската управа го одбележа и многу блуд и разврат. Максимално ги запостави своите синови Дарко и Томица, се разведе од сопругата Лидија и ја доведе до лудило. Од Нов Зеланд врати една специјалистка за финансии, избегана од овие простори заради измами. Таа специјалистка во Царина и во јавноста стана позната по пазарење секси долен веш и тогаш ретките танга гаќички со службена картичка. Во Царината заедно со него управуваше неговата љубовница, Весна од Рајкови Куќе (Нас. Карпош Куманово). Не беше вработена, ама како да беше: таа вработуваше, таа отпушташе, таа решаваше кој ќе помине граница со стока, кој нема да помине, кој колку ќе плати рекет, кој ќе помине гратис. Ама по фијаското на претседателските избори 1999 година и катастрофалниот помин во Куманово, Даравелски мораше да се помири со смена на Ѓорѓи Цветковски Арап од директор на РТК Куманово, инаку бивш професор по физика во кумановската гимназија ,,Гоце Делчев,, суден и осуден на затворска петгодишна пресуда поради силување ученички. Даравелски го рехабилитираше за силувањето ученички. На негово место ја инсталираше лекторката во редакцијата на ,,РТК Куманово,, Златка Џимревска. Па ја инсталираше и како хонорарна новинарка во месечникот ,,Цариник,,, а таа во една прилика го замолила да помогне на ќерка и Викторија, штотуку дипломирана графичка уметница, да направи изложба во кумановската Галерија. Многу кумановски ликовни уметници живееја, твореа, ама никогаш не стигнаа до самостојна изложба во таа галерија, а Вики од после првиот секс со Даравелски, доби 80.000 денаи од касата на Царина за својата гламурозна самостојна изложба во пресрет на изборите 2002 година.

Пред да ја сретне ќерката Викторија, Даравелски веќе ја беше качил мама Златка на пенис. Ама, со Викторија љубовта пламнала на прв поглед, пламнал и секс, па веднаш ја постави за графички уредник на ,,Цариник,,, како колешка на мама Златка ем во редакцијата на месечникот, ем во постела. Паралелно со мајката и ќерката, во видно поле му беше влезена и стрелачката репрезентативка Дивна Пешиќ. Сите нејзини резентативни настапи и еден олимписки, штедро биле финансирани од касата на Царинската управа. Во мултимилионските износи донирани кон разни спортски клубови, сојузи, пеачи, музичари и културни манифестации, нјачесто се среќава името на стрелачката Дивна Пешиќ, миленичка на Даравелски. Паралелно со неа, финансиран бил и нејзиниот татко/тренер, за кој подоцна се испостави дека бил педофил, па е осуден на осум години затвор…

Весна од Рајкове Куќе (Нас. Карпош Куманово!) беше потисната и заборавена кога мајката и ќерката Џимревски стапија на сцена. Весна беше потисната до степен да немаше ниту физички ниту телефонски пристап до Даравелски. Неколку обиди да му се приближи и да контактира, завршија со палеж на нејзиното ново ,,пежо,,, подарок од Дравелски. Полицијата овој подметнат пожар го водеше некое време како кривична пријава против ,,НН,, сторител. На крај Весна доби совет од полициски началник да го заборави овој случај, да не си го компликува животот.

Потоа Даравелски избега, на бегање нарача тепање на неговиот наследник, в,д, директорот Ванчо Лазаров. За тоа тепање беше обвинет вработениот во мобилна Царина, Дејан Андреевски, брат на Горан Андреевски кој со Бруно Грозданов имаше акции во КИБ банката во Куманово кои беа продадени на Зегин па на Бугари. Горан и Дејан се наградени со 2,3 милиони евра од Даравелски и Грозданов, за сите недела кои ги направиле во вкупниот грабеж од 200 милиони евра во Царина.

Со Драган Даравелски во Белград замина и 18 години помладата графичка уметница, Викторија Џимревски. Таму му стана сопруга, му роди близначиња, стана модна дизјанерка, си организираше модни ревии на кои својата родена сестра ја повикуваше како манекенка да шета нејзини модели по модната писта. И отвори и бутик  во централната белградска улица ,,Ресавска,, на неколку стотини метри далеку од станот во ,,Крунска,, улица во кој живее како соседи на владејачката Демократска странка, Бразилска и Аргентинска амбасада. Мајка и Златка беше гостинка во станот, како гувернанта на внучињата од својот бивш љубовник Драган, а таткото на Викторија, Миле Џимревски остана во Куманово да му биде менаџер во криминалот на зетот Драган во ,,ЗИК СКАЧКОВЦЕ,, Куманово и во ,,КОЗЈАК,, Куманово. Златка и Викторија со Бруно Грозданов и Александар Даштевски и едниот син Томица Даравелски, раководеа со криминалот во ,,Трготекстил,, Скопје, а помалиот син Дарко умре од предозирање од дрога. Неговата сопруга, снаа на Даравелски, неколку години претходно се обеси.

Ова е накратко опис на ликот и неделата на Драган Даравелски, личен бизнис пријател на премиерот Димитар Ковачевски и татко му Слободан. На Даравелски судијката Фанка Јанчулева Михаилоска на едното судење на барање на обвинителката Јосифоска НЕ МУ ПРИКЛОНИ ВЕРБА ВО ЦЕЛОСТ,  ама на повтореното МУ ПРИКЛНИ ВЕРБА ВО ЦЕЛОСТ. На првото судење не беше под уцена, ама на повтореното второ судење кое траеше рекордни 37 минути судијката ја уценија со јавно обелоденување на нејзината љубовна и секс врска со судијата Хамдирефет Бафтијари. Мислеле дека јас не знам, дека јас тоа нема да го објавам. Промашиле!

Судијката Фанка Јанчулева Михаилоска беше уценета после посета на Сениор Ковачевски на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев. Тогаш е договорено овој суд да му ја прогласи за апсолутно застарена затворската пресуда на Даравелски од 7 години затвор за најтешки кривични дела. Во пакет Ковачевски и Џолев договарале и мое огласување за виновен за уцена, засега со само 1,5 година затвор УСЛОВНО. Мислеле дека тоа ќе го простам. Промашиле!

Не знам која им била математиката на Ковачевски и Џолев, бидејќи сепак 1,5 години условна затвроска пресуда е многу помалку од 2 години и 1,5 месец вкупно одлежан притвор. Посебно што барам јавна седница на Апелациониот суд каде претседателка стана кумата на БОКИ 13, Мери Дика, чија сестра е коосновач на Меѓународен сојуз, а во Апелациониот суд ќе мора да се најде тричлен совет кој ќе ми пресуди поголема казна за да влеза во затвор. Мислат дека ќе најдат. Промашиле!

За таа седница барам јавно соочување со Драган Даравелски, обелоденување на уште негови ,,пациентки,, со кои блудничел и имал секс средби, а биле платени преку спонзорства од касата на Царинска управа. На таа јавна седница ќе објавам и која е љубовницата и секс партнерка на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев и едно тешко кривично дело кое мисли дека го сокрил, ама во заблуда е. Мислат дека можеби тоа нема да се случи ако нема јавна седница. Промашиле!

Ќе објавам!

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.