logo
Search
Close this search box.

Уценетата министерка Бисерка

Пишува: Зоран Божиновски

Деновиве, конечно после серија напади, притисок врз вработени и врз министерката да го смени екс в.д. директорот на Филхармонија, Даниел Лазаровски, конечно се обрати на јавноста и тој, со свое видување на пресвртот во оваа некогаш реномирана установа од културата.

Имавте прилика да прочитате што имаше да каже Даниел Лазаровски, но немавте прилика ниту од него да слушнете или прочитате за она што навистина се случува во Филхармонија, а за тоа се зборува исклучиво по кулоари и со полушепот. Луѓето се плашат од својата сенка кога е во прашање егзистенција, лесно се губи денес работа, лесно се покренува дисциплинска постапка. Лазаровски не сака да влегува во конфликт со министерката Бисерка Костадиновска Стојчевска, како член на ,,трговското друштво,, на власт не сака да им ја ремети кампањата. Ама, затоа има вработени на кои им е преку глава и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ, особено од нивното злосторничко здружување на штета на Филхармонија.

Еве детали дознаени од ,,неутралци,,, интересни за јавноста:

,,Министерката го натера Даниел да распише оглас за директор, да му даде мандат од 4 години, работеше квалитетно, домаќински и направи позитивен пресврт во функционирањето на Филхармонија. Тој ја послуша, ама таа го измами, без основ го поништи огласот и даде в. д. мандат на друг(а) вработен(а). Таа промени мислење во однос на огласот во последните пет дена пред избор на директор. Огласот беше наменски распишан за Даниел Лазаровски да биде именуван со мандат, ама на тој оглас се јавија уште неколкумина, иако неквалификувани. Министерката под чудни околности промени мислење, го понижи Лазаровски и наместо него да го именува за директора таа за в. д. директор ја именуваше Ангелина Димовска-Миташева. Ова именување е победа на комплетната ДПМНЕ екипа која стои зад Владица Лазаревски, фалсификатен синдикалец.

В. Д. директорката Ангелина Димовска-Миташева е најдобра другарка со Тина Иванова, екс директорка од најнеуспешните денови на Филхармонија, кога во установата владеела шемата ,,на ти дај ми проекти,, во соработка со промашената диригентка која за да не е без работа чмае на работно место ,,нототекар,, – Дијана Имери Илкоска. Во шема се и со Дино Имери, претседател на управниот одбор во Филхармонија, инаку сопруг на нототекарката Дијана. Оваа екипа ги организираше и раководеше протестите против министерството и министерката, нанесоа огромен срам на институцијата.

Јавна тајна меѓу нас вработените во Филхармонија е дека министерката Костадиновска Стојчевска е уцената од ВМРО ДПМНЕ, факт што го ,,прочитавме,, од промена на цели управни одбори и во други институции, само еден ден пред распишување на ,,изборите,,. При тие промени, на раководни места се поставени членови на ВМРО ДПМНЕ. Таков е случајот и со јавните напади на министерката од претседавачот на Општина Велес, Зоран Љутков. На тие напади, Костадиновска Стојчевска ,,одговори,, со трансфер на неговата сопруга од тетатарот во Велес во еден скопски театар.

Потполно нерезонски е поништувањето на конкурсот за директор и понижување на Даниел Лазаровски, поради ,,несоодветна програма,,, бидејќи со иста програма Лазаровски конкурираше и пред да стане в. д. директор. Тогаш програмата му беше соодветна. Комисијата која ја разгледуваше ја оцени како соодветна. Ноторна глупост е министерка да оценува програма за работа на Филхармонија, а не е компетентна за тоа!

Инаку, кога Тина Иванова беше именувана за директорка немаше ниту сертификат за англиски јазик, а од нејзината ,,програма,, на Филхармонија и останаа долгови и долготрајна борба да се исплатат. Лазаровски имаше комплетна документација, ама на екипата од ВМРО ДПМНЕ не им дозволи да прават што сакаат, да тезгарат наоколу, да си доделуваат концерти меѓу себе, да си повикуваат гости од странство по нивни вкус, а не по вкус на публиката за која работи Филхармонија.

Ангелина Димовска-Миташева моментно е в. д. директор, ама Тина Иванова е таа што раководи со Филхармонија. Актуелниот претседател на управен одбор, Дино Имери сега преку Тина Иванова ја враќа неговата сопруга на концертниот подиум како диригентка, од ,,функција,, музички архивар нототекар. Почнува да функционира кланот ТИНА-ДИНО-ДИЈАНА, се враќа во игра шемата на перење пари од периодот кога Тина Иванова беше директорка. Дијана Имери Илкоска е вработена незаконски како нототекар додека Иванова беше директорка, беше вработена на определено време па смислија дека мора да биде на неопределено!

Кога Тина Иванова беше директорка, Дијана Имери Илкоска диригираше концерти, делеа пари од хонорари, од проекти кои беа срам за Филхармонија. Дијана Имери Илкоска е заскитана во професијата, да не е сопруга на Дино Имери не би добила шанса да диригира на концерт, нема ни знаење ни ниво за Филхармонија. Молеше да биде воопшто вработена на било кое работно место, па смислија да биде нототекар. Сега пораснаа апетитите, па ќе диригира!

Последно што имаме да кажеме, а е можеби најпластичен пример дека нешто невообичаено се случило со министерката за култура, а сметаме дека со нешто крупно е уценета, е податокот дека Даниел Лазаровски кога стапи на должност имаше на сметка на Филхармонија нешто над 1,2 милиони денари. Министерката го смени кога за краток период на в. д. директорување отплати пари кои Филхармонија ги должеше по основ на судски пресуди од вработени кои порано беа бркани од работа без основ, а на денот кога го смени министерката и ја именуваше Ангелина, на сметка на Филхармонија имавме околу 4,5 милиони денари или скоро ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ! Ненормално е да смениш некој кој трипати го зголемил контото на институцијата, го подигнал нивото на програмата, имал развоен план за институцијата и плус го наградуваш со смена…

(овие информации се од тројца вработени кои не сакаа да се претстават, стравуваат за своите работни места и од  пресметката со нив од страна на актуелното раководство здружено со ,,синдикалците од ВМРО ДПМНЕ во Филхармонија)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.