logo
Search
Close this search box.

Чавков е свртничар на криминалот кон слеп колосек

По заминувањето на директорот на БЈБ Љупчо Тодоровски во незаслужена и присилна пензија, за упразнетото високо функционерско место во хиерархијата на МВР не седна генерал Горан Стојков (како што го лажеа кадровици од ВМРО ДПМНЕ три години!). Во профитабилната фотелја седна довчерашниот началник на секторот за борба против организиран криминал во МВР, Митко Чавков.

Од доказите кои си стојат во нашата архива, се чита дека Митко Чавков наместо да го спречува криминалот – го (до)организирал. Патем тој и неговиот син Иван Чавков се занимаваат и со перење пари преку градежен бизнис…

За потребите на овој текст не морам да трошам премногу простор. И премногу има докази за криминализираната кариера на „РАДНИКОТ наместо РАДНИК„. Митко Чавков не е калибар на полициски кадар кој ќе се бори против криминал. Напротив, како началник на секторот за борба против организиран криминал направи се што беше во негова моќ тој највисок облик на криминал да добие на своето забрзување и мултипликација. Она што мене ми е познато е дека до денот кога е сменет од функција лично од премиерот Никола Груевски, екс директорот на Дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, до Митко Чавков по службени канали доставил 75 архивирани случаи на висока корупција и перење пари.

За жал, по смената, на Ване Цветанов НИКОЈ од македонската опозиција не му пружи рака на поддршка и помош. НИКОЈ тоа не го стори ниту од странските дипломати и репрезенти на кои устата им е полна со паролашки извици за нулта толеранција во борба со корупцијата. На крај Цветанов заврши во пајтон партијата на (до коска!) корумпираниот Љубчо Георгиевски. Моите новинарски сознанија говорат дека екс началникот на секторот за борба против организиран криминал, денес нов директор на БЈБ Митко Чавков, примил, архивирал и со мал прст понатаму не мрднал да бидат решени 75 СЛУЧАИ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ.

Кој од кој потежок, покомплициран, со тешки импликации по македонските но и меѓународните финансии. Од она „малку„ што на мене ми беше достапно, објавив комплетно се! Од првиот до последниот фајл. Финансирање на тероризам во Јужен Судан, перење пари од страна на Драган Даравелски и Миодраг Марковиќ, перење пари од фирмите „Пикон„, „Паскалин„, „Рудкоп„, Град Скопје, перење пари преку трговија со кинеска стока низ дуќаните на Пластичарската улица во Скопје и најголемото даночно затајување во РМ по осамостојувањето преку казината во Гевгелија. Од самото читање на овие случаи и од преглед на достапната документација, можете да се уверите дека Митко Чавков бил само СВРТНИЧАР НА КРИМИНАЛОТ КОН СЛЕП КОЛОСЕК!  Ништо повеќе, ништо помалку…

Да ги добив и останатите седумдесетина случаи, сосема е сигурно дека до последниот ќе беа објавени на овој портал. Арно ама, изворот го фатија за гуша, го уценија на некаков начин, го замолчаа и завршивме комуникација откако ми ги даде овие погоре побројани и презентирани пред вас. Што горе-долу толку и не е важно. Сметам и дека и оваа доказна документација е доволна да се разбере дека Митко Чавков својата довчерашна функција во МВР ја извршувал за чиста НУЛА ако се цени според она на што го обврзувал законот и процедурата за постапување. Но, на тоа фунцкионерско место бил поставен токму за да ги архивира и забошотува ваквите случаи (и многу други слични!), па во тој поглед за потребите на криминалот организиран од Фамилијата и од ВМРО ДПМНЕ, Чавков заслужува чиста ПЕТКА и унапредување кое еве си дојде. Па веќе седна во кабинетот на тазе присилно пензионираниот Љупчо Тодоровски.

На таа нова функција, освен понатамошно организирање на криминалот, Митко Чавков го очекува и уште поголем профит во „црниот„ бизнис и урбанистичкиот криминал, како екстра награда за довчерашните заслуги за криминалната кауза. Чавков и неговиот син Иван имаат градежна фирма, специјализирана за подготвување на цемент, инкорпорирана во градежниот бизнис на екс директорот на Рудникот Бучим, Ванчо Чифлиганец. Насекаде низ Македонија каде минатогодишниот МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА Чифлиганец гради згради, деловни простори и слични објекти, како подизведувачи се појавуваат Митко и Иван Чавкови. Чифлиганец „тампонира„ Иван „бетонира„ Фамилијата „заверува„! На тој начин Митко Чавков ги пере парите заработени од рекетот при довчерашното архивирање на случаи на корупција како погоре опишаните. Откако заседна на новата функција рекет тарифата само ќе се зголеми. Работите се наредени така што Чифлиганец ги исплаќа Чавкови во натура, преку станбени единици, кои тие си ги продаваат после на муштерии, кои ќе се испотепаат меѓу себе кој прв ќе купи кај Мите и Иван.

  • Креирано на: 15.05.2013
  • Прегледано: 111.003

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.