logo
Search
Close this search box.

„Две солзи„

Град Охрид тргува со несреќата на своите граѓани. Охриѓани, опиени под власт на екс градоначалникот Аце Петрески, немајќи каде поради фактот дека нема резервни гробишта, своите починати ги закопуваат под услови и на начин пропишан од локална злосторничка група, раководена од тандемот Сашо Аљче-Драган Пандески. Првиот, ексдиректор на „Охридски Комуналец„, вториот директор на ЈП „Градски гробишта„ на умирање, инаку директор во заминување.

Во трговијата со несреќата на Охриѓани, Аце Петрески им бил главен поддржувач и покровител до својот неодамнешен пораз на локалните избори. На почетокот имале и медиумски спонзор во ликот и неделото на Сашо Денесоски, ама како оценил дека малку му даваат од „колачот„ тој им стана заколнат непријател…

На денешен ден, неколку недели по завршување на локалните избори и катастрофалниот пораз на Александар Петрески и неговото криминално братство насобрано околу Општина Охрид, потпрено на штедрата каса на оваа локална самоуправа, веќе не постои ЈП „Градски гробишта„. Постои ново, приватно погребно претпријатие, регистрирано вон сите нормални законски рамки, подготвувано набрзина и крајно волунтаристички. Името му е „ДВЕ СОЛЗИ„. Брзата и експресна оставка на Сашо Аљче на функција директор на ЈП „Охридски комуналец„ не беше некаков демократски исчекор направен од некој кој ја разбрал пораката од сограѓаните, туку изнуден потег од повеќекратно пријавен носител на јавни функции за тешки финансиски проневери во работењето, кривични пријави за злоупотреби на службената положба, кривични пријави за тешки облици на семејно насилство. Сашо Аљче и покрај поголема колекција кривични пријави, сепак остана недопрен и недофатлив за органите на прогонот. Јавна тајна е дека на пријавувачите в лице им се смеел со изјава: „Само вие поднесувајте пријави, обвинителството јас го контролирам!„ Веројатно Сашо Аљче најголема надеж полага во обвинител чија сопруга ја вработил на компензација во „Охридски комуналец„, за да му ги чува пријавите во фиока!?

Вистина е дека до денес ја држи под контрола ситуацијата, слободно се движи и прави што сака. Толку се чувствува моќен и недопирлив што засега му појде од рака на име на својот послушник Наум Мургоски, на неговиот куќен број во Охрид да регистрира погребно претпријатие „ДВЕ СОЛЗИ„ преку кое е префрлена комплетната погребна дејност на довчерашното ЈП „Градски гробишта„, набрзина ликвидирано до директорот Драган Пандески, партнер на Аљче и косопственик на „ДВЕ СОЛЗИ„. Кога тргнале во реализација на оваа налудничава идеја, Аљче и Пандески освен неопходната согласност од Аце Петрески, имале и медиумска поддршка од локалната умислена медиумска величина Сашо Денесоски, кого имале намера да го вклучат во препродажба на гробни места. Ама веднаш откако тргнале со првите „црни„ зделки, Денесоски почнал да негодува оти малку му било од „колачот„ што се делел после продажба на гробни места. Сакал дел и од препродажба на мртовечки сандаци, од идната трговија со надгробни споменици. По тепачката пред избори со Сашо Аљче, Сашо Денесоски испаѓа од секаква комбинација за „ДВЕ СОЛЗИ„ и почнува да ровари против нив и до јавноста да доставува се повеќе информации за овие „црнила„. Еве ги основните податоци на новата „фирма за погреби„, регистрирано на куќниот број на Наум Мургоски:

Назив

Друштво за погребални услуги ДВЕ СОЛЗИ Охрид ДООЕЛ

Правна форма

Д.О.О.Е.Л. ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ЕДНО ЛИЦЕ

Дејност

Погребни и слични дејности

ЕДБ

4020012521249

Матичен број

6818390

Жиро сметка

000270068183900166

Депонент банка

ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА А Д

Адреса

15-ТИ КОРПУС 82

Место

ОХРИД

Конфликтот на Аљче со Денесоски не бил причина и пречка за екс директорот Аљче и Пандески, да продолжат заедно со фигурата Мургоски во бизнисот што го испланирале да врви на грбот и на сметка на сите Охриѓани. Зар не е преубаво да се профитира додека сите граѓани ти ги плаќаат сметките во извршување на монополизиран бизнис!? Со таков ветар в грб, Аљче и Пандевски за комичен износ на месечена кирија од околу 200 евра за 40 квм, заедно со платената сметка на потрошена електрична енергија, „ДВЕ СОЛЗИ„ го вселиле во просториите на ЈП „Градски гробишта„ на влезот од гробиштата. Е мал проблем е што тандемот нови и малку затскриени косопственици на „ДВЕ СОЗЛИ„ прекршиле серија закони и направиле серија злоупотреби од кривичниот закон, ама пак си пресметале дека во годините што минаа никој не им можел ништо, никој не им застанал на пат, а нели и Обвинителството им е под контрола. Командува Аљче!

www.zki.org.mk
 – Линкот е отстранет

Овој линк погоре води до Законот за извршување на погребна дејност. Со негово препрочитување и споредба со она што е направено од Саѓо Аљче во „Охридски комуналец„, лесно се констатира и без некаков посебен напор дека:

1. „ДВЕ СОЛЗИ„ не го исполнува условот да поседува најмалку 3 погребни возила и да има основен капитал од најмалку 15.000 евра во денарска противвредност.

2. Од страна на Аљче се проневерени 210.000 евра за наменско осигурување. Илјадници охридски семејства три години плаќале по 40 денари месечно, создаден е фонд од 270.000 евра од кои се искористени само 60.000. Остатокот од 210.000 никаде го нема, а Сашо Алче сега се обидува без отчет да избега од одговорност. Можеби новата општинска администрација ќе покрене истрага за оваа проневера.

3. Седиштето на погребното претпријатие „ДВЕ СОЛЗИ„ е спорно! Станува збор за обична куќа од која не може да се извршуваат погребни услуги, нема услови за работа пропишани во член 93 став 3. Од Законот со кој се пропишува дека погребот се врши од капела а не од дома.

4. Претпријатието нема набавено погребни возила како што пропишува законот, туку набавка на половни возила преку фирма регистрирана за таа дејност се направени ФИКТИВНИ купопродажни договори потпишани од сопственикот на таа фирма и од Наум Мургоски во име на „ДВЕ СОЛЗИ„, а пари за оваа набавка никаде вирмански не поминале. Околу набавка на вакви возила најупатен е Александар Попоски, вработен во „Охридски Комуналец„. Тој е доверливиот човек на Сашо Аљче, кој со парите од директорот увезувал возила и му ги продавал на „Охридски Комуналец. Попоски сега е запознаен и со „набавките„ на возила за „ДВЕ СОЛЗИ„.

Освен овие основни пропусти во почетното работење, направени поради брзината на која се натерани од поразот на локалните избори. Аљче и Пандески, заедно со Рилкоски, некаков фактор во охридски СДСМ, вршат огромен притисок врз сопственикот на единствениот ресторан на градските гробишта, да го преземат и ресторанот ама и неговата фирма за изработка на надгробни споменици, со што преку „ДВЕ СОЛЗИ„ целосно би го преземале бизнисот со умрени и така би ги диктирале и цените на услугите, цените на гробните места и условите под кои ќе се вршат погреби во Охрид.

Алчноста и бескрупулозноста на Сашо Аљче оди дотаму што покрај незаконското извршување на погреби од дома наместо од капела, со што наводно им излегува во пресрет на своите сограѓани оти така им било поефтино, за да заштеди, пред извесно време на ист начин и НЕЗАКОНСКИ КИ го погребал и својот татко! Тоа му било некаква реклама за новата фирма и новиот бизнис во кој штотуку влегувал. Демек: „ДВЕ СОЛЗИ ЗА ТАТКО МИ, ЕДНА ПОВЕЌЕ ЗА ВАС!„. Се би било в ред, кога Аљче на своите сограѓани би им продавал сандаци и погребна опрема набавени од новото приватно претпријатие „ДВЕ СОЛЗИ„. Ама проблем е што ги прави недоветни и неинформирани, па три месеци пред регистрирање на ова негово ново претпријатие, преку „Охридски комуналец„ со објава на јавен повик набавил како директор погребни материјали (мртовечки сандаци и крстови!). Е денес тие исти сандаци и крстови, трансферирани од магацинот на „Охридски комуналец„ во „ДВЕ СОЛЗИ„, Сашо Аљче им ги препродава на своите сограѓани, тргувајќи со нивната несреќа. Оти, нели во состојба на шок од загуба на близок ретко кој прашува вакви работи. Плаќа, си молчи и плаче за загубата!

До одмаздничката објава на порталот Охрид Скај пред некој ден, никој и немаше поим дека во Охрид оперира алчна ЗЛОСТОРНИЧКА ГРУПА, здружена да профитира од несреќата на своите сограѓани. Ете сепак и некаква општествена корист од штетникот Сашо Денесоски…

  • Креирано на:17.04.2013
  • Прегледано: 98.325

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.