logo
Search
Close this search box.

МВР ДПМНЕ – „МОЌНА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА„

Пред нешто повеќе од две години дадовме докази и јасен преглед за начинот на кој ВМРО ДПМНЕ ги добива изборите и како однапред знаат уште неколку часа пред затворање на избирачките места, каков резултат имаат. А како владеат!? Описот на оваа „операција„ го имате во архивата на Буревесник, а меморијата можете да си ја освежите ако уште еднаш го прочитате текстот со наслов

„ВМРОВСКИ ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ„:

Но, не е штосот само во тоа да се добијат изборите, треба потоа да се владее и тоа во континуитет. Треба да се трае, да се опстојува и што е најважно од се – не смее да се падне од власт! Оти следната „станица„ е долготрајна робија. За да осознаеме како тоа МВР ДПМНЕ никако не паѓа од власт и како им успева да се оддржуваат во континуитет, освен со коалиционата поддршка од ДУИ, Груевски и братучедите му Мијалкови својот успех го темелат на МОЌНА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА. Така тврди инсајдер од нивната близина, кој реши да ни ја открие тајната. И самиот бил дел од неа пред да замине од Македонија за да почне живот одново неколку илјади километри од дома.

Според него, системот не претставува ништо ново, генијално и веќе неприменето вон Македонија. Системот почива на темелно прибирање информации, на пропаганда и на многу пари. Може да се сруши само тогаш кога ќе снема пари. Основа на системот на владеење на Никола Груевски е системот „Моќна мрежа„ кој низ Србија и Македонија се ширеше во 2000. година. Се ширеше многу брзо, за да се влезе во него секој нов член мораше да инвестира 2.000 евра, а услов за почетно напредување е секој нов член да донесе тројца нови со по 2.000 евра, со тоа што веднаш си ги враќа своите 2.000 евра назад, а парите од новајлиите што ги внел во мрежата остануваат во системот „Моќна мрежа„. По овој чекор, сите во пирамидата под него внесуваат по тројца нови членови кои влегуваат со по 2.000 евра, па тој што е на врвот заработува од сите нив. Да не одиме далеку и веднаш да прецизираме: сигурно погодувате, на врвот на македонската МОЌНА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА се наоѓаат Груевски, Мијалкови и послушната прва екипа околу нив, па системот се шири надолу под нив кон сите оние кои добиле функција на подарок од нив и обврска која си оди во пакет. Најголемите пари се слеваат кон нив, заедно со контролата над системот која е во нивни раце.

Мојот извор вели вака: „Ете така и јас бев вклучен во мрежата на Братучедите, тоа со најдобра намера за да им помогнам на моите најблиски да ја обезбедат својата егзистенција. Тоа е страшен порив, и дури и мене, иако сум многу реален и стабилен човек, овој систем успеа да ми го замати умот. Особено што се работи во дискреција и секој кој партиципира во МОЌНАТА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА мора постојано да е концентриран некаде да не открие дека е внатре, затоа што секој кој влегол во системот на Братучедите обврзно потпишал и менична гаранција на на лојалноста на лидерот и партијата.„

Инаку, овој систем применет во Србија доживеа фијаско пред десетина години, откако се вмеша обвинителството, па главните промотери (највеќе полициски инспектори!) завршија на суд и беа осудени, а мрежата се распадна. Никола Груевски системот го има прекопирано од Србија, од времето кога беше советник на српската влада (2003-2006), го модификуваше кога дојде на власт во Македонија во јули 2006., а успешно го оддржува поради успешната контрола над македонското обвинителство и правосудство, како и над медиумите.

МОЌНАТА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА на Братучедите успешно функционира и со помош на воспоставената контрола над 90% од медиумите преку кои шири пропаганда, додека им пристигаат пари од сите страни: од членовите на мрежата, од континуирано кредитно задолжување, од донации од дијаспората, како и од безмилосен рекет на непослушните бизнисмени. Мрежата ќе “рикне„ кога ќе престане приливот на пари од макар два од овие ресурси

Тоа што владението на оваа МОЌНА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА е сосема спротивно на принципите на демократијата, освен што е незаконско, никому од оние кои ја управуваат не му е проблем. Ним им е битно првенствено вистината за функционирањето на мрежата да се крие максимално, што обезбедува непречено и крајно ефикасно делување а истовремено обезбедува и огромна лојалност од луѓето кои на тој начин се обврзале да работат за Братучедите. Јавна тајна е дека секој кандидат за било каква, па и најниска функција во системот на МВР ДПМНЕ мора да потпише меница, иако во моментот кога потпишува и не знае што тоа точно значи. Но, дознава каква обврска преземал кога ќе дојде време да почне да уплаќа “ануитети„ за членство во мрежата на Братучедите. Сосема е логично што нема никакви докази за постоењето на МОЌНАТА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА, а уште пологично е што нема сведоци кои јавно ќе проговорат за неа.

Системот на Братучедите не фукционира на принцип на зачленување со „ситни„ 2.000 евра, како „џандарската српска мрежа„. Нивниот систем функционира така што однапред се пресметува кој нов член на која јавна функција колку може да заработи за мандат од четири години, па му се определува и колкав е износот на меницата што треба да ја потпише. По потпишување мирни се и лидерите (Братучедите!) и потписникот (ене Веле Гипсарот, на пример!), така да нема опасност од свртување грб на Братучедите или забивање нож во нивниот грб, а особено нема опасност од „прелетување„ кај конкуренцијата. Откако тие под лидерот кои тоа го направиле и веќе се зачлениле т. е. потпишале меница, се растрчуваат на терен да најдат и донесат во МРЕЖАТА уште поголема бројка на такви бедници кои се би направиле за брзо богатење и безбедна егзистенција без работа. И, така надолу и така надолу.

Освен контрола на членовите на МРЕЖАТА по политичка линија, системот на контрола е раширен и по јавни претпријатија. Во нив, директорите мотивирани како што погоре објаснив ги поставуваат шефовите по сектори или одделенија, началници (зависно како се именувани во систематизацијата!) и сите тие се мотивирани на ист начин – ако сакаат да шефуваат мора прво да инвестираат, да си платат „членарина„ и да потпишат обврска. Најголем број од тие меници се чуваат во сефот во партијата, а на оние најбитните и најкрупните (со највисок износ на меницата!) чувар е пензионерката Нада Груевска. Во неа доверба има ем синот премиер ем Мијалкови (теткини деца!). Најдолу се вработените во јавната администрација кои не плаќаат висока членарина за „„МРЕЖАТА„ оти не се на функција, ама си плаќаат партиска членарина како обични членови на МВР ДПМНЕ. Тие си се лојални веќе врз основа на работото место за кое им е повеќе од јасно дека е како добивка на игра на среќа па си го чуваат со глас на изборите за МВР ДПМНЕ. Контролата над нив е објаснета и прикажа во текстот ВМРОВСКИ ПЕРПЕТУМ МОБИЛЕ.

Оние кои не слушаат, не се лојални, не се дисциплинирани, а истовремено бараат и повеќе отколку Братучедите определиле дека им припаѓа, се подложни на казни, преместување на друго работно место, или отказ по разни местенки од страна на нивните надредени. Ова најчесто се случува во МВР каде внатрешната фреквенција на проблеми се повеќе се зголемува со порастот на бројот на тужби од страна на вработените, за што досега по пресуди кои се извршни од буџетот се одлеани 8 милиони евра за неколку години. Мојот соговорник ја лоцира и слабата точка на МРЕЖАТА:

„Да не ти должам, овој систем има една слабост, а тоа е дека се базира на пропагандата и на парите, односно мора да се создава атмосфера на гламур, богатство, за да му се заматат свеста и душата на човекот, а исто така мора да се обезбедуваат за овој систем се повеќе и повеќе пари. Затоа што тој има постојана тенденција да се шири и во себе да вклучува се повеќе и повеќе луѓе. Така се зголемува се повеќе сигурното гласачко тело и се посигурно се добиваат секои следните избори, но за таа мрежа постојано се потребни се повеќе и повеќе пари. Затоа се затворија и сеуште се затвораат слободните медиуми, а се форсираат само оние кои ќе го фалат системот и преку нив како и преку се друго, се перат огромни пари. Тоа никој не може да го спречи и докаже додека е оваа екипа на власт. За да не падне направен е ваков систем на врзување на што повеќе луѓе за власта, за теоретски никогаш да не падне и да не се дознае за сите криминали кои ги прави. Со време овие криминали се се поголеми, и затоа и Братучедите и тие под нив се се порешителни со сите средства да се борат против противниците на нивната МОЌНА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА. Онака како снемува пари така стануваат се поагресивни и поагресивни, за што доказ се бројните чудни, нелогични и немилосрдни убиства со „државен потпис„ (Никола Младенов, Гидеон Сандел, Јонче Грујовски, Мартин Нешковски, итн.). Ова е накратко како почнал и како се развивал овој систем, и затоа е сега целата држава моментно во парализа, ништо не функционира без налог од центарот на мрежата, никој не смее ништо да каже со слободен ум и од срце туку само тоа што ќе му се напише, сите мора да го слават фирерот„…

Последниот бастион за одбрана на Македонија од МОЌНАТА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА се општините во кои МВР ДПМНЕ нема власт: Центар, Струмица и Куманово. Не случајно Братучедите запнуваат толку интензивно да ги освојат и овие општини или макар да го оневозможат колку се може нивното функционирање. Речиси главниот извор за опстојување на нивната моќна мрежа се касите на општините, а Центар, Струмица и Куманово го нарушуваат тој баланс, бидејќи не партиципираат во мрежата. Овие три опозициони општини даваат и лош пример со тоа што функционираат вон контрола, а постигнуваат и успеси кои не се припишуваат на лидерите на МВР ДПМНЕ.

Опозицијата се однесува исто како да нема поим што се случува, како поим да нема за постоењето на МОЌНАТА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА. Пробува да се спротивстави на мрежата, талкајќи наоколу без да го лоцира нејзиното постоење, главно затоа што се бори против невидлив непријател. Ни симпатизерите на опозицијата не се свесни што се случува и слепо веруваат дека ако се врати Бранко (на пример!) или ако се појави некој месија, ќе дојде до пресврт, ама не знаат дека спроти себе ја имаат мрежата на Братучедите, која црпи сила од поривот за сигурна егзистенција на партиципиентите кој е поголем од потребата за правда, слобода и демократија.

Решение е да се сосечат двата столба на кои почива оваа моќна политичка мрежа, а тоа се пропагандата и парите. За пропагандата сеуште има шанси и треба само на луѓето што подетално и попластично да им се објасни системот на организација и функционирање на мрежата, каде се сега тие во межата, што всушност прават и каде сето тоа води. Само така може да се свестат луѓето, да сфатат што иднина им подготвиле во МВР ДПМНЕ на нивните деца и внуци, само така ќе сфатат какво зло чинат поддржувајќи ја оваа моќна политичка мрежа, дека тоа води кон уништување на државата, губење на идентитетот и достоинството. Тоа е само првиот чекор, освестување на народот преку медиумите, за да може да се направи и вториот чекор – рушење на мрежата. Тоа може да се направи и навидум многу лесно, ама истовремено и многу тешко и ризично – да се секнат финансиите на мрежата. Народот да се освести и на Братучедите да им се спротивстави со неплаќање на сметките и даноците, со граѓанска непослушност. Со масовни протести мрежата не се руши, поради тоталната контрола која моментно е на дело, а за протести се потребни и пари и организација. Затоа граѓанска непослушност е најоптималното и најефикасно оружје против моќната политичка мрежа.

За крај на овој текст да го цитирам уште еднаш мојот соговорник: „Корените на оваа МОЌНА ПОЛИТИЧКА МРЕЖА потекнуваат од СДСМ, мангупите и интересџиите во партијата тајно почнаа со овие финти, но Груевски ги разви во систем. Моќната мрежа почна во Струмица и најмногу се рашири во источна Македонија, па не е случајно што Груевски имаше доста советници за инсталирање на овој систем од источна Македонија, штипско. Не е случајно што пријателот кој ме вклучи мене беше од шестата управа на МВР, а и еден од првите луѓе на мрежата го видов во тимот бодигарди на претседателот Георге Иванов. Тоа е тој тим кој со време го прошируваа и надоградуваа. Го крстија ПРЕРОДБА! Истиот систем се востановува и во Хрватска и Црна Гора, на ист начин се перат пари и се редат избори, што ми покажува дека овој систем не е изум на Грујо туку е некој светски систем, зад кој веројатно стојат посебни научни центри во моќни светски центри. Овие системи на владеење ги инсталираат во земјите на Балканот за да се види како функционираат на дело„.

Затоа после од ЕУ се чудат што да прават со нас…

  • Креирани на 12.02.2015
  • Прочитано: 67 908

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.