logo
Search
Close this search box.

МВР следи и прислушува ЕУ дипломати со опрема набавена од средствата на ЕУ

Неколкумесечниот силен притисок од Никола Груевски и Сашо Мијалков, вршен на јавното обвинителство, со цел да НЕ биде прифатена кривичната пријава поднесена од проф. Фросина Ременски, а за што неодамна јавноста беше известена преку прилозите на веб порталот Нова ТВ, не вроди со плод.

ПИШУВА: Зоран Буревесник Божиновски

Под тежината на доказите и силната аргументација на проф. Ременски, за сомнителни и незаконски набавки на опрема за прислушување за потребите на Факултетот за безбедност, обвинителството немаше друг избор освен да поведе истражна постапка, која од темел ја тресе владејчката Фамилија во РМ. Арно ама, тоа не е се. Има уште…

Нашето паралелно неколкумесечно истражување на слични или исти набавки на ваква опрема, спроведено заедно со колеги од ЕУ, покажува дека проф Фросина Ременски во своите истражувања на факултетот каде работи, само загребала по површината на овој МЕГА случај. Нашите сознанија се дека Владата на Груевски, со негов и потпис на Зоран Ставревски, во последните две и пол години има спроведено над 200 јавни набавки на прислушна опрема, на кои како нарачатели најчесто освен факултетот за безбедност од Скопје, се појавуваат и факултетот за безбедност на универзитетот „Климент Охридски„ во Битола, „Гоце Делчев„ Штип каде воопшто нема студии по криминалистика, па спорниот охридски универзитет за информатички технологии, па тука е и факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и МРТВ и други.

Најтрагично е што за овие набавки се искористени, поточно се злоупотребени на најбескрупулозен начин средства од фондови на ЕУ наменети за реформи и унапредување на македонското образование, а купувана е и подоцна злоупотребена високософистицирана опрема за прислушување и форензика, од која образовните институции и МРТВ кои се јавуваат како набавувачи воопшто немаат потреба, а подоцна се испоставува дека опремата која е набавена само кратко време била задржана на факултетите, а потоа МВР ја презема и понатаму и се губи секаква трага. Најголема перверзија е фактот дека оваа опрема Фамилијата на власт, освен за следење на опозицијата, на опозициони медиуми и непослушни новинари и интелектуалци, ја користи и за прислушување на странски дипломати, највеќе од ЕУ. Така испаѓа дека ЕУ финансира прислушување и следење на нивни дипломати во Македонија. Што е невиден скандал во овие 20 години самостојност на РМ.

Набавките се започнати од периодот кога министер беше Никола Тодоров, а скандалот станува јавен во моментот кога проф. Фросина Ременски поднесува кривична пријава, а министер во тој момент е Панче Кралев. Во предистражната постапка како заинтересирана страна се јавува и ЕУ, поради фактот дека и средствата за набавка и набавената опрема се користат за следење и прислушување на нивни дипломати. Нивната заинтересираност за овој огромен скандал придонесе највеќе за прифаќање на кривичната пријава од проф. Ременски и отварање истрага. Откако тоа се случи, екс министерот Панче Кралев се понудил да помогне во истрагата и да биде сведок соработник затоа што скандалот го наследил. Веднаш по отпочнувањето на неговата соработка со истрагата, брутално беше претепан во ГТЦ од „гавази„ на Сашо Мијалков, а по неколку дена го сменија од министерската фотелја во образование и го „унапредија„ во советник на Никола Груевски. Од денот кога стана советник никој веќе гласот не му го слушна, ниту суратот му се виде во јавноста.

Инаку, набавките на оваа прислушна и форензичка опрема, поминати преку погореспомнатите образовни институции, воопшто не се вршени со знаење на управите на тие факултети и на МРТВ. Вршени се исклучиво преку деканите и преку актуелниот генерален директор на МРТВ. Од прилозите кои ви се дадени во галеријата на овој текст, имате пример како набавката извршена божемно за потребите на образовна институција, два месеци подоцна со одлука на Владата истата таа опрема бива одземена трајно од МВР и трансферирана на непозната адреса. Истражители од неколку земји на ЕУ особено се сконцентрирани на улогата на француската фирма „МОРФО“ (Morpho, Rue Le Blanc 75015, Paris, France), преку која oдела набавката на оваа опрема за „образование„ во Македонија. Во архивата на оваа француска фирма, истражителите од ЕУ ги имаат сите детални податоци што тоа е купено од Владата на РМ за „образување“ на кадар од областа на безбедноста. Тажно е тоа што студентите, а и професорите, како и уредниците во МРТВ, оваа опрема воопшто не ја виделе. Таа само поминала низ нивните институции, парите исто така, на пат до последната дестинација позната само на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Зоран Ставревски, Гордана Јанкулоска, Никола Тодоров и главниот мешетар во целиот случај, пензионираниот Љупчо Тодоровски Радник. Нашите извори од јавното обвинителство кои имаат допир до истрагата, тврдат дека Тодоровски е главниот актер во делот на оперативното превемање и инсталирање на опремата, дека негов тим оперативно ја работел и сработел целата незаконска операција, откако премиерот, директорот на УБК и министрите ја завршиле работата со набавките и обезбедувањето на финансиски средства.

За да и стане појасно на македонската јавност за каква опрема се работи, консултирав стручњак, кој по читање на спецификациите на набавената опрема објаснува: „… не можам да се изначудам на дрскоста на Никола Груевски, вакви набавки да покрива со Одлука на Влада. Набавени се:

Сервер FREDC и процесирачки единици FRED, Форензички лаптоп за брзо, ефикасно и безбедно изготвување форензичка копија од медиумите за складирање на податоци во теренски услови. ТИЕ НЕ СПАЃААТ ВО ОБРАЗОВНИ НАСТАВНИ СРЕДСТВА.

UltraKit – write blockers во светот на тајните служби се користи за изготвување форензичка копија од анализираните медиуми на следени лица најчесто тешки криминалци, а притоа се зачувува интегритетот на податоците.

Rack-A-TACC претставува уред за враќање на лозинки (типичен quad core 2.4 ghz компјутер може да процесуира околу 400 Office 2007 лозинки во секунда, а со користењето на Rack-A-TACC перформансите се зголемуваат со 10,500 лозинки во секунда).

Воведување на Field Intelligence Model како составен елемент на EnCase овозможува анализа на критични сервери без нивната работа да биде прекината, а воедно дава и анализа на live system data.

Набавката на FKT 3.0 (AccessData) што преведно значи Advanced Code Breaking & Password Recovery, овозможува враќање лозинки од над 80 апликации);

Full Unicode & Code page support се користи за пребарување, прикажување и давање извештај за податоци во нивниот нативен формат);

Advanced email support (MBOX, PST, AOL, DBX, EDB, RFC822, Hotmail, Yahoo и др.); Paraben P3 Command kit служи за анализа на chat logovi (ICQ, Yahoo, MSN, Skype и др.), анализа на Microsoft Exchange (EDB), Lotus Notes (NSF), со кој успешно се враќаат активни и избришани електронски пораки на многу едноставен начин.

Со еден збор, ваква опрема не се набавува за наставно научни потреби за едукација, туку исклучиво за прислушување, следење и контрола на комуникации„, завршува мојот извор…

Сепак најфрапантно звучи податокот дека ваква опрема освен образовните иниституции од областа на безбедноста, има набавувано и МРТВ, јавен медиумски сервис на граѓаните на РМ, финансиран од нивни џеб преку тв радиодифузна такса. Доколку опремата од страна на МВР не е одземена како што тоа е случај со набавената преку факултетите, тоа ќе биде прв случај во Европа јавен сервис на една земја да работи и како разузнавачки центар, практично како медиум кој ги гледа и слуша своите граѓани, наместо тоа да е обратно. Но, нели со Фамилијата и ВМРО ДПМНЕ се е можно!?

Интересно е да се истакне дека во рамките на „покривањето„ на овие криминални набавки, министерката Гордана Јанкулоска во октомври 2012. потпиша и некаков Меморандум за соработка со факултетот за информатички технологии (ФИНКИ), заедно со деканот Димитар Трајанов, преку кого подоцна иделе набавките на опрема која студентите никогаш ја немаат видено. По потпишувањето на Меморандумот, Јанкуловска вака лажеше: „Со овој Меморандум за соработка се отвораат вратите на МВР за студентите да стекнат практични знаења, но се отвора и за нас добра можност да ја искористиме креативноста на младите луѓе во смисла на добивање нови идеи за идни проекти, кои би значеле од една страна следење на најсовремените трендови во техниката и технологијата, но од друга страна би значеле и воспоставување нови сервиси кои ќе бидат од корист за граѓаните. Веќе е разговарано за некои иницијативи кои студентите самоиницијативно ги предложиле и донекаде ги развиле, а постои можност, како што рече, сите тие идеи кои ги имаат студентите, а кореспондираат со потребите на МВР заеднички да се разработуваат во интерес на ставање на науката во функција на борбата против криминалот и на овозможување подобри сервиси за граѓаните. Уверена сум дека со овој Меморандум многу млади луѓе ќе се инспирираат својата идна професија можеби да ја најдат во некоја од институциите кои се занимаваат со оваа проблематика – борбата против криминалот, а со тоа ќе се придонесе за демистификација за она што се работи во институциите, кои се отворени за граѓаните.„, изјави Јанкулоска…

А јас сум уверен дека Јанкулоска лаже! Ова свеченост и средба со деканот Трајанов била искористена за менаџирање на бизнисот со набавка на опрема за прислушување и следење, преку институцијата со која тој раководи. Опрема која студентите на настава никогаш не ја виделе…

Истрагата продолжува. Во неа интензивно се вклучени две амбасади на земји членки на ЕУ, а крајно непријатно се изненадени француските дипломати во Македонија, затоа што е злоупотребена нивна фирма за спорните набавки. Тие мислеле дека набавуваат опрема која се плаќа од Буџетот. Не ни сонувале дека се злоупотребени средства од ЕУ фондови, доделени на Македонија за сосема други намени…

ЗАВРШНА НАПОМЕНА: По отпочнувањето на истрагата покрената од обвинителство, дел од оваа опрема е промовирана во МВР како „нова технологија„ која ќе биде користена во борба со организиран криминал. На фотографиите на промоцијата може да се забележи Никола Груевски, крајно скиселен во лицето и видно депримиран, свесен дека опрема набавена наназад две години и шетана по непознати адреси, не се промовира откако ќе почне истрага за која е заинтересирана и ЕУ!!!

 

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.