logo
Search
Close this search box.

Наџински насилно до втор мандат

До каде, поточно до кое дно оди политичкото и физичкото насилство на ВМРО ДПМНЕ, кристално јасен пример е Берово. Штета е штоа немаат срам, а немаат поради дивјачката бескрупулозност што ја манифестираат на секој чекор. Четири години на власт во локалната самоуправа во Берово, на градоначалничка функција го држат Драги Наџински, докажан и со пресуда осуден насилник. Ама само за клевета и навреда! Тепаа, малтретираа, уценуваа и се закануваа и пред првиот круг од овие локални избори. Само да му обезбедат втор мандат на насилникот!

Градоначалникот на Берово Драги Наџински е еден од најтипичните репрезенти на ВМРО ДПМНЕ. Бескрупулозен, насилен, корумпиран, непредвидлив и подготвен секогаш да нападне и да казни. Вистински капиталец, силно поддржан од централата на оваа насилна партија на власт. Не знам со што Драги Наџински ја има задолжено партијата, ама на министерката за внатрешни работи и значи толку многу што ладно ЛАЖЕ во негова корист на собраниска расправа. И гледа во ТВ камерите, без да трепне. 

Лаже и манипулира Јанкуловска прашана од пратеничката Маринела Тушева за случајот на претепување на пензионерот Глигор Арменски од страна на градоначалникот Драги Наџински. Иако му нанел видливи телесни повреди претепувајќи го брутално во Ловниот дом во Берово, градоначалникот со силна поддршка од Јанкуловска и ВМРО ДПМНЕ нема кривична пријава за делото. А можеби и има, само е заборавена во некоја фиока. Ама затоа експресно е спроведен судски процес каде двајцата учесници во инцидентот случен во ресторанот во Ловниот Дом Берово на 15. Септември 2010. пред полноќ, насилникот Наџински и претепаниот Арменски се прогласени за виновни за Клевета и навреда еден контра друг при вербалната расправија. А расправијата се случила пред тепачот/градоначалник физички да го „демолира„ Арменски. Виновен е Наџински, виновен е и Арменски за вербалната расправија, ама и двајцата за клевата. Пресудата ја имате овде во прилог на овој текст. Читајте што може да смисли и на што може да се сети правосудство организирано по партиски терк.

Инаку, по вербалната расправија дошло до тепање. Кое не е санкционирано, бидејќи според законите кои ги толкува Јанкуловска, градоначалник именуван од ВМРО ДПМНЕ и избран од граѓаните, може неказнето да тепа свои сограѓани, доколку оцени дека има потреба од тоа. Не треба да пријавува во полиција, не треба да бара заштита. Едноставно тој лично е ЗАКОНОТ! Го зема во свои раце и го казнува „виновникот„. Еве на што личел пензионерот Глигор Арменски по тепањето од Драги Наџински, градоначалник на Берово:

Што се однесува до насилната природа на семејството Наџински, тука не е крај. Насилен е и неговиот син. Нешто подцна од татко му Драги, синот Александар Наџински (28), заедно со уште еден негов другар, во Штип го претепале Денис Зафировски. Откако во ВМРО ДПМНЕ дознале дека Александар е син на Драги Наџински, на судот во Штип му било наложено да биде максимално благ кон „наше дете„ каков е Александар Наџински. Па „детето„ го осудиле само УСЛОВНО и го скарале во ВМРО ДМНЕ дека „не е убаво така да тепа, туку така од задоволство и во невреме„. Може да тепа во предизборна кампања, колку сака и кого сака. Кога целта ги оправдува средствата.

А кога сме кај целта, таа се знае. Насилно и силеџиско обезбедување на ВТОР мандат за насилникот Драги Наџински. МОРА ДА ПОБЕДИ! Иако ВМРО ДПМНЕ настапија со фалсификати, со уцени, закани и силен притисок врз граѓаните на Берово во првиот круг од локалните избори, сепак Наџински губи со 16 гласови. Добар дел од неговите гласови не се од Берово, каде не го сакаат воопшто поради насилната природа. Селата Митрашинци, Будинарци и Двориште се неговата главна изборна база на овие избори.

Според моите извори, станува збор за села отсечени од цивилизација, а оние неколкумината „букачи„ на ВМРО ДПМНЕ кои најгласно агитираат да се гласа за Наџински се вработени во комуналното претпријатие и во локалното водостопанство, а и добро се платени за пропагандата што ја шират кај селаните во овие села. Играат на тоа дека во трите села нема медиум освен МТВ (едвај и тоа се гледа!), нема интернет, а повеќето жители се слабо образувани. Освен ова, проблем на Наџински е и зголемената концентрација на набљудувачи на гласањето од вториот круг. Ќе ја нема вревата од првиот круг кога вниманието на неговите противници беше насочено кон поголемите средини. Доколку в недела решаваат само жителите не Берово, Драги Наџински нема да добие втор мандат. Доколку пак ВМРО ДПМНЕ пак ги употреби сите насилни методи за победа на Наџински, Беровчани ќе трпат и следните четири години…

,,ДИРЕКТОР ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ДАВАЛ ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА ДА ГО СМЕНИ РАБОТНОТО МЕСТО,,

Директорот на ЈП Водостопанство-Берово, Атанас Атанасов, кој исто така важи за истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, е фатен како во државна институција давал лажни податоци, со цел да добие ново работно место. Имено, тој си дозволил во пријавата во Агенцијата за администрација сам да си внесе просек од образование 8.00, иако реално имал само 6.56. Така се обидел да се вработи на незаконски начин во Агенцијата за храна и ветеринарство. Тоа го сторил со цел да ги елиминира конкурентите и тој како ,,најдобар,, да биде избран за тоа работно место. Комисијата која ги проверувала податоците, тоа божем ,,не го забележала,, и го пропуштила Атанасов да оди понатаму и да си ја гради својата кариера. Но откако оштетените кренале врева и поднеле жалби, Атанасов се нашол во небрано.

Морал повторно да ја однесе дипломата на увид, каде на лице место ,,го фатиле,, во лагата и му ја поништиле одлуката. Сигурно директорот Атанасов знаел дека во пријавата потпишува Изјава, со која под морална, материјална и кривична одговорност гарантира за веродостојноста на податоците кои ги внел и дека за ваква измама (давање лажни податоци, а посебно во државна институција) се добива кривична пријава. Ама Атанасов сметал дека е доволно што е директор именуван од ВМРО ДПМНЕ, па и ако го фатат ке мине неказнето. Членската книшка барем до денес му била билет кој насекаде отвара врата. За негова несреќа, фалсификатот е премногу очигледен, до степен да не може да го брани и лажливата министерка Гордана Јанкуловска…

  • Креирано на: 05.04.2013
  • Прегледано: 114.257

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.