logo
Search
Close this search box.

Нашите несомнени лаги…

Не сме толку фини и не сме толку незамешани во агендите на Белград и Сталин и омразата на Грција кон нас не е случајна…

Пишува: Даме Чкатроски

Ние некако како библиски кроток народ, спомнат 33 пати во библијата (ова не е точно инаку), со ништо никого не сме повредиле. Ние сме мирољубив кроток народ, трудољубив, едни срцки. Да не зајдов? Не, се разбира дека лажиме. Читајте коментари по медиуми каков пис, ифрити, клетви, колнетици пишуваме по изјави на личности и од цел свет и од сите страни.

Ние убава дума, ете немаме.

Сакам сега да раскажам колку сме ние то мирољубиви, фини и искрени.

Прво, ние го осудивме и умре во затвор, правејќи ја оградата на прилепскиот пазар, нашиот прв Претседател.

За несреќа, мојата фамилија е блиска до неговиот доктор. Млад доктор кој постапил по хуманата заклетва го прегледувал Ченто. Несреќа што морав да ги слушам приказните на нехуманоста на тогашниот режим кој вршел притисок врз докторот и го испитувал:

– Абе што зборува овој?

Се работи за лик, подоцна доктор по гиникологија, познат во болницата во Прилеп.

Отприлика:

– Ние си го убивме нашиот ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Сега зошто е голготата на Ченто.

– Излагавме дека е фатен како пребегува во Грција. Една ноторна лага и небулоза. Борец за Независна Македонија или побарал тоа да биди. Тоа е манипулација и последица само на причината.

Причината е едноставна:

– Режимот убил околу или нешто над 1000 граѓани и 8500 граѓани ги пратил на принудна работа и превоспитување со уште 2500 затвор.

Причината – десетици од нив биле лични пријатели или познаници на Ченто. Тортурата на Белград и Темпо била толкава да 1/3 асномци биле под истраги. Дел со закани биле врбувани лажно да сведочат па подоцна огромен дел избегале во Бугарија.

Втората причина е што Ченто, Лазар Мојсов (обвинител во политичките случаеви) го предупредил дека ниту едно судење не е коректно и не постои устав и закон по кои се судат осудените.

Третата причина е што листата на соработници на Бугарскиот Окупатор добиена од Белград не е реална и не соодветствува со листата на соработници на Бугарскиот окупатор.

По овој принцип подоцна е пишувана историјата на нашата земја. Значи листата на тие што ги имаме прогласено за предавници е различна од листата на соработници во воено/полициските архиви на Софија.

Оваа разлика е многу одгледувана да биде скриена до ден денеска. Во МВР сеуште и во архивите недостасуваат или се скриени или украдени или уништени огромен дел на документи. Сите стрелани се закопани на тајни локации и не им се знае ни гробот сеуште. И од овие констатации мене ми се ежи кожа да сега е 2022 година и сеуште има доволно сила и засегнати да манипулираат со овие податоци. Ченто бил згрозен од постапките на Белград и нивните тука. Се спротиставил. Бил осуден, а под притисок да не дава секакви изјави оти ќе бил и стрелан, го имаме ова што го имаме.

Ова е за Ченто.

Кога ги разгледувате списоците и документите за поканетите и учесниците на АСНОМ, направете мала анализа на тие карактери. Дури и Ченто не бил член на КПМ. Ма не е точно дека бил. Точно се знае неговата политичка определба , а и онаа на Радиќ. Ова дури не го расчистиме ние немаме право да зборуваме за никаква историја.

Ако лажите уште на почетокот, замислете во развојот ќе го постигните ова денес што го имаме и тоа е се НАКРИВО.

Нашиот прв Устав е донесен на 1 јануари 1947 година. По кој закон и Устав се судело цели 3 години. Тоа сами себеси треба да си го одговориме. Додуша, сеуште не сакаме. Не сме спремни политичко/психолошки. Да не заборавам. До донесување на овој Устав, територијата на Република Македонија изнесувала помеѓу 31.800 и 32.500 квадратни километри. Како ние лажиме по ова. Разграничувањето со Србија спрема договорот бил со две позиции:

Каде македонските партизани ќе ослободат и каде ќе има бугарска православна црква.

Замислете Прохор Пчински е манастир. Таму некој ги пуштил партизаните да заседаваат. Игумени и слично, а по тоа сме бришеле од историјата кој таму бил игуменот и под чија црква бил манастирот. Затоа од страм за Прохор забегавне кон Пелинце. Да не отвараме. Резил.

Втората работа е граѓанската војна во Грција. Да напоменам дека вујкото на мојата мајка бил личен курир на Генерал Маркос. Лани почина неговата бистра жена, Марија. Значи курирот и човек од најголема доверба на Маркос Вафијадис. За жал Втората Светска војна за Грција завршила со граѓанска војна.

Во Кичево ,во денешната касарна се истовараат во крајот на декември 1945 година Црвеноармејци со специјална задача да направат логистика за воените дејства во Грција. Неколку пати во околината на денешен РЕК тие се среќаваат со Никос Захаријадис. Се градат неколку полски аеродроми (вкупно 4) како и полски болници (7) заедно со Југословенската армија. Аеродромот во Логоварди, Прилеп, Канатларци несомнено се живи но обраснати со трева сведоци на овие настани. Преку долж на границата се поставуваат релеи, радиостаници, комуникации дури во линија на Добро Поле, 2 км на наша територија има камп за комуникации и логистика.

Малите кампови на Црвената Армија и Југословенската војска биле поставени по линијата на границата, а најголемата база била кај реката Сатока и Градешница. По документи на Грција како и документи на СССР, Никос Захаријадис бил охрабрен да ја продолжи војната со целокупна логистика која ја примал преку Чамурија (дел на ланецот Грамос) од Албанија, Југославија и СССР како и логистиката која ја примале од Југославија преку Мариово.

Нашите власти биле само логистика на оваа крупна операција на Белград и Москва.

Сите наши офицери и војници се распоредени во цела Југославија, а спрема наши податоци и во Кичево немало македонски војници ни офицери. Денес за оваа агенда постојат цели книги издадени после распадот на СФРЈ. Многу пензионирани генерали во своите книги ја опишуваат оваа операција. Да скратам, од наша територија и логистика оваа војна продолжила уште цели 3 години, а при тоа многу спомнуваното бомбардирање на Грамос е чиста манипулација на нашите комунисти. На Грамос само една четвртина може да се каже дека биле егејци. Другите биле Грци, понди и останато.

После заладувањето на односите Тито-Сталин, Никос Захаријадис останува верен на Сталин. Дури по смртта на Сталин е протеран од СССР и е вратен во Грција. Од Грција во СССР и Источна Европа се протерани 150.000 граѓани. За се ова си има списоци. Од овие 150.000, само 42.000 биле Егејци. Другите биле Грци, 108.000.

Значи не сме фини и не сме толку незамешани во овие агенди на Белград и Сталин и омразата на Грција кон нас не е случајна.

Подоцна под притисок на Черчил и Британија е сменет од премиерска позиција и Лазар Колишевски. Тој со неколку негови бил запознаен и давал поддршка на оваа агенда на Тито и Сталин. Доколку ги отвориме, ама ги отвориме нашите архиви ќе видиме дека во цел период, ама до 1991 година ние сме давале финансиски средства на ККЕ. Ако сакате да ве потсетам кои фирми тоа го правеле: Окта, Житолукс, Макпетрол, ЕСМ и многу други.

Да си видиме треба списоците.

Кармата е голема да истата таа ККЕ не гласаше за Преспа договорот. Значи дека ние и сталинистите во Грција, со наша помош, војната траела цели 3 години каде се загинати и иселени повеќе стотици илјади луѓе. Прашање е како би не опсервирале од другата страна. Си знаеме и видовме. Нашите ифрити, пис и клетви се со имагинации дека ние сме секогаш во право и за ништо ние не сме виновни и никого не сме повредиле.

Затоа денес сето што ни се случува е производ на нашето лажно убедување. Инаку првата македонска граматика е издадена во Атина, а не е од Блажета и комунистите. Ова е и факт со кој не можеме ни да се соочиме ма ни во очи да го погледнеме. Држете се за Блажета па ќе ве пукаат од Софија како глувци. Не, ние треба да се повлечиме еден чекор назад и да си се видиме убаво во огледало. Инаку ќе живееме во имагинации, а имагинациите не произведуваат рационални политики.

Би продолжил со иследникот на Македонците на Голи Оток. Подоцна стана политички комесар и генерал на ЈНА кој нареди да ЈНА тргни на Загреб. И тој и Лазар Мојсов имаја само по една дозвола да ја посетат Македонија после 1991 година за да си ги расчистат имотно правните работи. Се разбира дака и ова не го знаете. Држава се прави тешко. Затоа помалку ифрити и клетви. Борбата за нашата земја само што отпочнала. Трпение и смиреност.

А, за сталинисти и тогаш и сега, колку сакаш…

(авторот е аналитичар)

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.