logo
Search
Close this search box.

ПЕТРОВСКИ: Зоране, не трескај глупости!

Веднаш по објавувањето на продолжението на текстот посветен на погибијата на Никола Младенов, од делот на текстот „Ало Велес! Ало Телеком“ кој има индиректна врска со загинатиот основач и новинар на „Фокус“, се вознемири брачната двојка Јован и Светлана Петровски. Невообичаено за еден Јован Петровски, секогаш смирен и воздржан, хистерично ми се нафрли со писание кое соддржи и закани од типот: „… доколку не постапиш така и така, ќе морам да објавувам на други места!„ Со големо задоволство интегрално и без измени го објавувам обраќањето на Петровски до мене…

Пишува: Јован Петровски

Здраво Зоране,

Би те замолил да не ме спомнуваш мене и името на мојата сопруга во контекст на една трагична трагична ситуација, смрт на мој пријател (за што постојат сведоци). Само заради тоа што не можеш да пополниш простор. Во купчето трескање глупости, посебно во ваков случај, фрлаш имиња без никаква основа ниту познавање на работите. Ти ги објаснувам поимите со црвено директно на твојот текст…

Ако некој во Македонија, се разбира после пад на ВМРО ДПМНЕ во некоја иднина, воопшто понатаму сака да знае што навистина се случило со Никола Младенов, ќе мора да ја испита и страничната улога (????????) на брачната двојка Светлана и Јован Петровски (екс директори на „МОБИМАК„) со сега уапсените директори од Словенија Телеком (со Душан Митиќ ме запозна Пепи Чемериќиќ, кој седеше во Мр. Џек со Владо Пешевски, Деан Милевски и Трендо, со: „јас сум Јован, јас сум Душан„ и си заминав – тоа беше веднаш по купувањето на Космофон кога се шушкаше дека јас сум кандидат за директор. Со Дремељ или некој друг не се познавам).

Така ќе се дојде до изненадувачки и фрапантни сознанија. Моите сознанија се дека во почетокот на 2008. кога Телеком Словенија го купиле Он.нет, сега притворениот Борис Дремељ ја назначил Светлана Петровска за финансиски директор во Он.нет и таа тука останала неполни девет месеци, додека не дошло до спојување со Космофон (Светлана Петровска, Чемерикиќ ја поставил за Маркетинг Директор на Он.нет со задача да ја консолидира и зголеми вредноста на Он.нет – што и се случи, Финансов беше Сашо Дамјановски и остана до купувањето од Словенците кога на таа функција дојде Јанез кој е и денес Финансов на ОНЕ). Светлана замина веднаш по влегувањето на Словенците во Он.нет).

По споојувањето во ОНЕ Македонија, Светлана и Јован Петровски купуваат акции во ВИП Австрија (Светлана и Јован Петровски никогаш ниту купиле, ниту поседувале акции во Телеком Австрија) (сопственик на сите ВИП оператери на Балканот!), се населуваат во земјата под Алпите и од таа далечина ги надгледуваат работите на Балканот и во Македонија (Ниту сме се иселиле од Македонија, ниту сме се населиле во некоја друга земја – сме ги надгледувале нашите две фирми, ништо повеќе).

Светлана и Јован Петровски од „МОБИМАК„ добија отказ поради одбивање да потпишат договор за спонзорство со Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, на износ од 500.000 евра, по препорака од тогаш моќната Наташа Савова.

(Спонзорството кое се бараше беше 900.000 евра, и тоа беше расчистено со Тоше! Не добивме отказ, мене ми истече договорот од 4 години и одбив да потпишам нов заради промена на условите, а Светлана беше суспендирана додека беше на боледување од умоболниот тандем Зарески и Лоренс и е единствениот случај во Македонија на висока менаџерска функција кој и покрај законите го изгубила овој случај на суд!)
Набрзо по одбивањето на Петровски, Проески станува ексклузивец на „Косомофон„, а тие добиваат шут карта од „МОБИМАК

.(Тоше договорот со Космофон го имаше од 2001-та ова беше поврзано со настапот на Евросонг, и нема врска со твоите изрази – види погоре).
Заминуваат во Словенија каде Светлана се лекува од ретка болест, а дел од рехабилитацијата е нивниот престој на Копаоник, каде доживуваат напад на ски патека со моторни санки 

(Тој што те брифирал мора да бил дрогиран – во Словенија одевме на прегледи и јас и Светлана бидејки на Блед постои дијагностички центар и бања во Птуј, ништо ретко и непознато, слично на Косоврасти кај Дебар, а на Копаоник на скијање бевме со години).
Напаѓачот не успева никој од нив да убие, успева нивниот син да го удри со санките и да му ги искрши двете нозе (на помалиот син му ја скршија едната нога во пијано дивеење на еден вработен во хотел – кој бил на Копаоник знае дека дивеењето со моторни санки таму е нормално).
Иако Јован Петровски долго веруваше дека оваа несреќа ги снашла поради непослушноста искажана во Македонија, сепак на крај дознаваат дека зад тој напад стои косовската мафија ангажирана од фирмата „Кујтеса„, 

Па Зоране, како што милуваш да кажеш, под полна морална, материјална и кривична одговорност ти ги давам овие објаснувања и те молам, немој мене и мојата фамилија да не фрлаш во празен простор во конотација поврзана со смртта на драг пријател и човек со кого имавме взаемно почитување.

Се надевам дека ќе најдеш доблест да не тргнаеш од овој текст со кој навистина немаме никаква допирна точка, во спротивно ќе морам да објавувам на други места кои се глупости ги имаш истрескано во текстов за мене и мојата сопруга. И те молам немој да додаваш или одземаш ништо за да не ја изгубиш смислата, а доколку нешто не ти е јасно, слободно прашај ме ќе ти одговорам.

Со почит,
Јован Петровски

  • Креирано на: 11.04.2013
  • Прегледано: 91.854

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.