1. Даравелски е човек на СДС, никогаш не бил на ДПМНЕ. Во 1997 година од Владата на Бранко Црвенковски доби 200.000 ДЕМ за негова менувачница ,,ЈУРИС,, од Куманово, во склоп на Владина одлука за помош на менувачници за подобрување на финансиско работење.
Тие пари подоцна, иако беа повратни не ги врати, заради што во Основен суд Куманово беше поведена кривична постапка – КОЈА НИКОГАШ НЕ ЗАВРШИ!
2. На 19 јануари 1999 година од Владата на Љубчо Георгиевски беше именуван за директор на Царинска управа, иако против него беше поведена и беше во тек кривична постапка. Од претседател на Основен суд Куманово, КАДАР НА СДС, успеа да добие фалсификувано уверение дека против него НЕ СЕ ВОДИ КРИВИЧНА ПОСТАПКА, а постапката беше активна заради оние 200.000 ДЕМ невратени кон државата.
3. Изборите на ДПМНЕ 1998 година на кои победи ДПМНЕ, Драган Даравелски ги помогна со донација од 300.000 ДЕМ, противвредност во компјутери и возила ,,шкода фелиција,,, добиена од екс шеф на царински терминал на Табановце, КАДАР НА СДС. Човекот е починат па не го именувам. По тие избори, донаторот од СДС му остана верен на Даравелски и стана прв другар со ВЛАТКО, роден брат на ПОСЕРКО и заменик директор во Царина.
4. Драган Даравелски е осуден во одсуство, на 7 години затвор, во време кога премиер е Чудовиштето од Будимпешта, во 2007 година. Чудовиштето имаше комплекс на пониска вредност во однос на Даравелски, поради тоа што овој беше благајник на ЉУБЧО и СНЕШКА и на ,,БЛАГОВЕСТИЕ,,, заради него Борис Стојменов беше сменет од функција министер за финансии. Не сакаше како номинален шеф на Даравелски да му биде послушен, па Георгиевски го смени Стојменов, го именуваше Чудовиштето, со препорака ,,да слуша што ќе му каже Даравелски,,. Па Чудовиштето мораше да оди на кратки курсеви кај Даравелски во неговиот кафе бар во Куманово ,,СТУДИО 54,,, каде учеше да го слуша. А по заминување на Чудовиштето кон Скопје, Даравелски пред негови другарчиња коментирал: ,,брееееееееј, поглупо створење у живот немам видено и сретнато!,,…
5. По бегството кон Србија, до судењето 2006 и 2007, Драган Даравелски уживаше правна заштита од Ленче Софрониевска и од Владата на Црвенковски и Бучковски. На база на таа правна заштита, Ленче го испрати во Белград сопругот Јоско, да постигне договор деловни простори на ,,ТРГОТЕКСТИЛ,, во центарот на Скопје да ги купи ,,ФЕШН ГРУП,,, фирма во сопственост на нејзиниот зет Томислав и на ќерката АНА, како и на послушниците на Даравелски од Куманово, ЗОРАН И ТАЊА АНТИЌ. Оние што градат со полна пареа некакви висококатници со МПЦ заедно на паркингот спроти ,,ХОЛИДЕЈ ИН,,.
6. Чудовиштето од Будимпешта и братучед му Посерко, своите комплекси од Даравелски си ги излекуваа преку брзо и ефикасно судење во одсуство, брза првостепена и потврдена апелациона пресуда и заплена на имот од околу 4.5 милиони УСД.
7. Не случајно Драган Даравелски се враќа во Северна Македонија во период кога СДС од Нашата земја е на власт, кога ЌУРКА КОВАЧЕВСКИ е премиер а Миле Зечевиќ генерален секретар. Ќурка веќе беше во служба на Даравелски и на Владата на Љубчо Георгиевски заедно со неговата сопруга, во период 1998/2002. Како вработени во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, особено сопругот, останаа на работа иако ДПМНЕ чистеа социјалдемократи на сите нивоа до чистачка, а сопругот ЌУРКА КОВАЧЕВСКИ е послушен во извршување на највалкани задачи во ТЕЛЕКОМ од моментот кога ,,МАЃАР ТЕЛЕКОМ,, во име на ,,ДОЈЧЕ ТЕЛЕКОМ,, го купува ,,МАКТЕЛ,, па се до 2006 година кога Германците и Унгарците, во кооперација со Грци успеваат да воспостават монопол во телекомуникациониот бизнис во Македонија…
8. Претседател на тогашна Комисија за спречување на монопол беше ЧЕДО КРАЉЕВСКИ од Куманово, претходно пратеник и послушник на Даравелски. Краљевски прво беше симпатизер на Лига за демократија, па тргнал да се зачлени кај проф. Марјановиќ, ама на собирот имало многу партиски фукционери од ДПМНЕ, па имало коктел, а ЧЕДО КРАЉО се напил и мртов пијанпо грешка потпишал пристапница во ДПМНЕ. Комисијата на ЧЕДО никогаш не се спротивстави на монополот на ДОЈЧЕ и МАЃАР ТЕЛЕКОМ…
9. Факт е дека Даравелски беше скоро цел живот до смртта на татко му Томе Стојановски викан ДАЛАВЕРА, во нескриен конфликтсо него, поради една дамнешна семејна трагедија во која поради тешка болест настрадала родена сестра на Драган. Томе како татко не и помогнал на ќерката, бил зафатен со излез од притвор за измама и поткуп на сведоци за да не заглави затвор, па немал време да се посвети на лекување на ќерката. Заради ова бил замразен во кругот на семејството, а Драган во знак на протест менува презиме и од имињата на тетките ДАРА и ВЕЛА чини комбинација на своето презиме, станува ДАРАВЕЛСКИ за да се разликува од татко му СТОЈАНОВСКИ…
10. Факт е дека Драган Даравелски е внук на четнички кољач од село Биљача, општина Бујановац, Република Србија. Дедо му е СТОЈКО ПОПОВИЌ, негова ќерка е мајка му Станка. По таа линија, по бегството во Белград, по апсење послепотерница од Македонија, Драган Даравелски се откажува од македонско државјанство за да прими српско. По месец дена поминати во притвор како нов државјанин на Србија бива ослободен и пуштен да се брани од слобода, додека се води екстрадициона постапка против него. Според српскиот закон за државјанство, нема никаков простор за двојно државјанство, а ако Даравелски покрај новоприменото српско успеал да го задржи и македонското, тогаш е во дебело прекршување на српскиот закон.
11. Драган Даравелски е основач и сопственик на скопскиот Универзитет за менаџмент и туризам, антиобразовна институција од која повеќе фалсификатни дипломи имаат напечатено само Рамиз Мерко во Струга и пеливанот од ДУТ Тетово, под контрола на ДУИ. Како човек на СДС од Нашата земја, преку неговиот курир за транспорт на пари од Македонија (Скопје) до Србија (Белград), АЦЕ МИЛЕНКОВСКИ, Драган Даравелски успеал со далечински управувач за квалитетни пари да напечати ФАЛЦ дипломи на сите носители на јавни функции од СДС после доаѓањето на власт на Зоран Заев во јуни 2017 година. Најпознат фалц дипломиран студент и магистрант на ДОКТОР ДРДЕ му е ВАСКО КОВАЧЕВСКИ викан КОЛБАСО од Битола. Овој неписмењак прво незаконски станува генерален директор на РЕК БИТОЛА со ,,двегодишни стручни студии од Технички факултет,, Битола, па потоа ,,РУДКОП,, Битола кај Даравелски и Миленковски на компензација за добиен тендер, на КОЛБАСО му купува пакет ДИПЛОМА + МАГИСТРАТУРА, со што станува и генерален директор на АД ,,ЕСМ,,. Вакви ФАЛЦ примери како овој на КОЛБАСО има стотици во СДС од Нашата земја…
12. Факт е дека Даравелски цело време по бегството задржува во посед повеќе богати фирми во Скопје и Куманово, од кои најпрофитабилна е милионски во девизи вредниот ,,ТРГОТЕКСТИЛ,,. Од систем во кој се врзани најмалку пет фирми во негов посед, редовниот месечен приход, заедно со приход од печатење на фалц дипломи од антиуниверзитетот, месечно му е носен во кеш во режија на АЦЕ МИЛЕНКОВСКИ, со знаење на потплатени полицајци и царински службеници на Табановце и нивни колеги од преминот Прешево. Животот во Белград за Даравелски, во егзил оженет со 18 години помлада дизајнерка од Куманово, ВИКТОРИЈА ЏИМРЕВСКА, не само што бил прескап, туку морал редовно да купува милост и физичка заштита од српските власти, заштита од можно киднапирање за откуп од страна на бројните белградски криминални кланови кои како директор на Царината во Македонија ги рекетирал кога шверцувале цигари од Грција кон Србија, преку Македонија…