Пишува. Зоран Божиновски
Кога бил министер за образование и наука, поранешниот ректор на универзитетот за продукција на фалц дипломи, ,,Мајка Тереза,,, Азис Положани, заедно со МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ, со премиерот Ковачевски, директорите Ковачевски, Пројкоски, Љушев и осудениот криминалец Атила Сендреи – краделе од претплатниците во корист на ДУИ!
Била одиграна театарска претстава за јавноста, наречена ,,Брз интернет за училиштата,,, милиони долари украле за партијата на Положани, поточно за ДУИ, а ги скратиле од корисниците преку намалена брзина на интернет. Секако дека повеќето училишта не ни добиле интернет, а за брз не ни станува збор. Проектот бил само покритие да се покрие грабежот. Извршители биле Славко Пројкоски и актуелниот премиер на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Доказ е мејл пораката испратена на 5 мај 2005 година. Еве ја содржината:
Од: Атила Сендреи
Испратено: петок, 5 мај 2005 година, 21 26 часот
До: Рене Оберман, Ролф Плат, Боштјан Кошак, Глен Страхан, Мегаклис Стоукидис, Оливие Понсин, Никос Авгеринос
Копија: Славко Пројкоски, Димитар Ковачевски, Никола Љушев
Предмет: Училишен проект
На средбата во Виена со горенаведените господа во мејлот, беше договорен милионски проект кој ќе се реализира преку УСАИД и Он.Нет. Партијата 2 (ДУИ!) се задоволни од предложениот проект бидејќи се работи за огромна сума на пари. Беа водени директни преговори со министерот за образование и наука, г-дин Азис Положани, кој ја претставуваше Партијата 2 (ДУИ!). Тие се задоволни од сумата на пари што ќе ја добијат. Со г-дин Азис е договорено до почетокот на учебната година сите 460 училишта да можат да користат брз интернет. Договорено е Он.нет да стои зад целата работа, иако најголемиот дел од работата ќе ја заврши МакТел.
Значи, извршителите 1 и 2 (Ковачевски и Пројкоски), веднаш стапете во контакт со г-дин Глен Страхан, директор на проектот Macedonian Connects за да се направат спецификации за целата опрема и работна сила од аутсорсинг компаниите, што треба да се набават за реализација на овој проект. IT – On.Net GMBH од Германија ќе биде одговорен за софтверот. На средбата се разговарало и за спојување на Он.нет и Космофон, со што во блиска иднина би се презела австриска ВИП.
И уште нешто! Продолжете да го скратувате интернетот на претплатниците.
За какви било дополнителни прашања, ве молиме контактирајте со г-дин Глен Страхан.
Со почит