Штрауб: ,,Со македонската Влада е договорено како да се покријат трошоците!,,

Пишува: Зоран Божиновски

По убиството на Костас Цаликидис во март 2005 година, заради аферата ,,Атина,, во која биле прислушувани стотина највисоки грчки функционери и американската амбасада во Атина, останале и многу непланирани трошоци и минуси. ,,Дупката,, била ,,длабока,, над 350 милиони американски долари. Во Дојче и Маѓар Телеком нашле решение: македонската Влада и Македонски Телеком да ги ,,покријат,, тие пари. Елек Штрауб поделил задачи, составил табела во која точно напишал кој колку треба да покрие и прикрие. Во оваа валкана сметка било вклучено и затворањето на Водафон Грција, центарот на аферата ,,Атина,,. Чинело 35 милиони УСД.

Премиерот Димитар Ковачевски бил задолжен да ги покрие и прикрие трагите после овој скандал на Водафон и да се погрижи за прикривање на трошоците за следење и прислушување. Овој скандалозен грабеж на Македонија т.е. на корисниците на Телеком се случувал во јули 2005 година, додека Владата била предводена од криминалецот Владо Бучковски…

Еве ја пораката:

Од: Елек Штрауб

Испратено: четврток, 26. 07. 2005 година, 17 23 часот

До: Ролф Плат, Андраш Балог, Тамаш Мурваи, Золтан Кишјухас, Димитар Ковачевски, Славко Пројкоски

Знаете дека во Групацијата се појавија неочекувани трошоци. Тие трошоци мора да бидат покриени. Во прилог е кој и како ќе ги покрие трошоците. Во табелата мора да стојат и подружниците на МАТАВ во Унгарија, за да не биде многу сомнително. Треба да се покријат околу 325 милиони американски долари. Вклучувајќи ги и 35 милиони американски долари за Водафон. Со македонската Влада е договорено како да се покријат трошоците, така што вкупната сума е околу 355 милиони американски долари. Треба да се покријат главно трошоците за интерконекции и Водафон. Ви стојам на располагање за сите дополнителни прашања…

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.