Зошто блага пресуда за педофилот Фејзуловски од Битола!?

Пишува: Зоран Божиновски

Малолетна девојка, на свои неполни 13 години била заведена, обљубена и сексуално искористена во повеќе наврати од педофилот Серџан Фејзуловски од Битола. Во време на извршувањето на серијата најтешки сексуални дела, Фејзуловски имал 30 години. Освен што ја заведувал, обљубил и сексуално ја искористувал на нејзини ненаполнети 13 години, Фејзуловски ја лажел дека е вљубен во неа, дека ќе му стане сопруга и дека среќно ќе живеат заедно.

Благодарение на спороста на ОЈО Битола и апсолутно толерантното однесување кон педофилот, иако бил обвинет за едно од најтешките кривични дела, Фејзуловски е на слобода, за време на процесот се бранел од слобода, а на крај си дочека блага пресуда на слобода и по донесената првостепена пресуда – воопшто не е притворен.

Оштетената, силувана малолетна девојка, во меѓувреме стана полнолетна, а судењето иако кривичните дела Фејзуловски ги направил во 2017 година, траеше дури до средината на декември 2022 година. Трае уште бидејќи сега по жалба е на Апелациоиот суд Битола. На соопштувањето на првостепената неправосилна пресуда воопшто немаше присутен претставник од битолското обвинителство, па немаше кој да предложи притвор за педофилот Серџан Фејзуловски, таму да чека правосилност на благата пресуда од само ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР.

А пресудата е блага затоа што минималната предвидена казна за ова тешко кривично дело е ОСУМ ГОДИНИ затвор, судено му е по член кој го предвидува тој минимум. Дури, педофилот Фејзуловски е обвинет дека гнасните недела ги направил со умисла, па по закон му следуваше и потешка казна. Се извлече со помала и остана на слобода!
Останува Апелациониот суд Битола да ја поправи оваа блага пресуда, да донесе повисока затворска казна и да наложи на органите на прогонот, педофилот да чека правосилност на пресудата во притвор а не на слобода…

Немав прилика да го следам текот на овој судски процес затоа што судот донел решение судењето да биде затворено за јавност, иако во време кога сакав да присуствувам, силуваната девојка веќе беше полнолетна! Обвинителката во овој судски процес инсистираше да не присуствувам, повикувајќи се на донесено решение од период кога силуваната и оштетена девојка била малолетна. Па судијата мораше да ме одстрани од судница…

На потег е Апелациониот суд Битола.

Коментари

Новитети :

Следете не :

Зачленете се за Новости


Headline

Never Miss A Story

Get our Weekly recap with the latest news, articles and resources.

Cookie policy
We use our own and third party cookies to allow us to understand how the site is used and to support our marketing campaigns.